Стипендии

  • Креатор на темата Креатор на темата Mädchen
  • Време на започнување Време на започнување
Абе сеуште не е излезен огласот?

Лани ова време мислам дека излезе, некој ден порано.
 
За стипендијава од трета група, може ли да аплицираат и студенти од ФИНКИ?
 
Дали ако аплицирам за 2 стипендии (нормално можат да ме изберат само за една), од неопходните документи треба да поднесам 1 примерок или треба 2? Пример аплицирам за прва и за трета група и дали ќе ми треба едно уверение за положени испити или 2 (едно за првото аплицирање и едно за второто)?
 
Сега видов дека еден од потребните документи за поднесување на стипендија е Фотокопија од индексот, што поточно треба да ископирам само предните две страни или... ?
 
Веројатно ќе бидам малку оффтопик но една работа не ми е јасна. Неодамна дипломирав и за време на моите студии бев стипендист. Кога одев во Скопје да ја продолжувам стипендијата имаше и студенти од приватниве факултети кои пазете сега...земаа стипендии од социјална категорија. Значи има да плати за упис 1к 2к евра а ваму аплицира и зема стипендија од социјална категорија. Не ми е јасно каква е оваа извртена логика? А исто познавам еден куп други студенти кои учеа и учат на државните факултети кои навистина им е потребна таа стипендија наменета за социјалните категории на студенти а не им беше одобрено да земат.
 
Многу едноставно, деца чиј родители се во странство или најчесто земјоделци имаат можност лесно да ги прикријат вистинските приходи, всушност тие немаат ништо тука што им влегува во приходите и изгледаат како социјални случаеви, а се сосема спротивно од тоа.

Од друга страна доволно е едниот родител да работи, да зема 15000 денари плата, тоа годишно е 180000 денари што иако е реално смешна сума, ги истиснува овие деца од местата кои носат стипендија.
 
Денеска треба да има резултати, јас не ги гледам или не се излезени сеуште?
 
Може некој што добил стипендија од прва група да ме контактира во пп?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom