Пак ќе го постирам ова, значи од толку спамирање со глупости (намерно или не) заборавивме една битна работа, ИМА ПРОМЕНИ ВО ЗАКОН т.е. во Уредбата од 1999г...!!
Ќе објаснам уште еднаш за дел од промените. Од
01.07.2018 г. официјално
СЕ СКРАТУВА ПРОЦЕДУРАТА ЗА ДОБИВАЊЕ НА ДРЖАВЈАНСТВО. При самото поднесување на документите во Министерството за правда ќе се спроведе ИНТЕРВЈУ и со тоа
процедурата се крати за повеќе од 1 година. Нема повеќе да се закажува интервју и да се чека година и повеќе од поднесување на документи до интервју.
Овие се нови измени и ги нема во старата Уредба.
Тие кои планираат да поднесат документи оваа година мислам дека најпаметно ќе биде да почекаат неколку месеци и да поднесат документи после 01.07.2018 г. кога ќе стапат во сила измените, инаку ќе се водат по старата Уредба т.е. ќе чекаат повеќе од година од поднесување на документите до интервјуто.
А посредниците можат да ви продаваат магла колку сакаат за да ви земат пари. Ова се законски измени, не е рекла казала.
Прегледај го приврзокот 183416