Минорни затоплувања и заладувања се случуваат скоро секој век и не се последица на климата туку на некој надворешен настан како што е зголемена активност на Сонцето, поголема ерупција и слично.
Биди фер и посочи истражување што тврди дека глобалното затоплување не е предизвикано од човекот, а не да ми кажуваш што мислење имал Петре и што пишале во некој таблоид. Бројки и факти во контекст. Повели.
Ама нели сонцето и вулканите малку влијаеле, нели екстремните појави биле поради глобалното затоплување кое е предизвикано од човекот (божем претходно немало екстреми), сега кажуваш минорни промени се случуваат цело време.
Значи климата си е циклична.
Значи сончевите циклуси и вулканите и те како влијаат на климата, а најмногу Сонцето.
Значи сме имале и порано глобални заладувања и затоплувања. Сахара, Гренланд и Сибир биле зелени. Босфорот, Балтикот и Темза биле замрзнати.
1620 па наредни 100години имало заладување, па во 1930те имаш dust bowl.
Значи сето ова се случувало без разлика колкаво било нивото на "опасниот" СО2.Притоа %СО2 од човекот во зелените гаЗови е мал.
Имаш рекорди на студ кои траат со недели и снег во САД и ЕУ, имаш снег во Сахара (според тебе минорно е се тоа) а од друга страна во АУС имаш високи температури, сепак 1939 е макс а колкаво било СО2 тогаш
Значи ниту една научна студија од " релевантните" институции не докажа дека сега ова што се случува НЕ се случило и порано. Да не се случило претходно, аферим тогаш.
Ако само гледаш податоци од 1990 до 2012 да ќе имаш константно зголемување на Т ама што со тоа
Тоа не значи дека претходно истото не се случувало. Имаат најдено замрзнати фосили целосно зачувани со храна во желудникот. Тоа укажува дека наеднаш фатил ладен бран. Сигурно не залутал во мразот
А тоа дека субјективно анализирање бројки може лесно да се донесат погрешни заклучоци намерно или ненамерно јасно е веќе.
https://www.snopes.com/2017/02/08/noaa-scientists-climate-change-data/ нестандардно донесување заклучоци, нема архивирање, па сателитот се расипал итн
https://www.google.com/amp/s/arstechnica.com/science/2016/01/thorough-not-thoroughly-fabricated-the-truth-about-global-temperature-data/?amp=1 колку лесно се добиваат погрешни заклучоци од различни начини на мерења.
https://climate.nasa.gov/news/2521/study-sheds-new-insights-into-global-warming-trends/
Значи по потреба бројките можеш да си ги толкуваш. Некој му текнал ќе искористам нормална циклично флуктуација на Т за да оданочам и соберам кајмакот.
Да заклучиме за последен пат:
- историски податоци повеќе од 2.000 години докажуваат дека на планетата климата си се менува. Збориме за големи територии и долги периоди.
Ледени доби, топли периоди и се тоа
без разлика на човекот и СО2.
- СО2 е корисно за планетава, доколку знаеме како со Н2О.
- Заклучоците базирани на одделни податоци и само за одреден краток период, само погрешни видувања можеш да добиеш. Исто како сега да анализирам берзата во САД од 2009 па до 2018. Заклучок дека берзата само расте, нема шанси да изгубиш пари. А ако земеш 100години наназад е тогаш јбг.
Според тебе и остали верници на новиот религиозен култ
глобално затоплување треба да имаме зголемени температури, суши, благи и кратки зими.
Да сме здрави среќни и успешни ќе видиме наредни години што ќе има САД, ЕУ и Северна Африка.
Човекот најмногу влијае на нејзиното величество
Н2О и тоа е најголема опасност за нас ама тоа не ве интересира туку СО2 и да оданочиме. Барај
целосна забрана за јаглен и уништување шуми за да имаш вода да пиеш, или од Нестле ќе си купуваш