Кој се збогатувал во ЕУ од лагата за “глобално затоплување’’

B

Bafra

Гостин
Нема врска исто било времето во антиката се до глобалното затоплување.
Што значи тоа исто било времето.... исто во смисла дека циклично си се менувало или исто непроменливо ?

Според нормалниот циклус на Земјата периодот на стабилно време требаше да трае уште 100 илјади години.
Стварно дефинирај што е тоа нормален циклус на земјата а и стабилно време.

Стабилно време, значи ли дека цело време во Европа имало 4 годинишни времиња кои на пример 1000 години имале исти температури и сл. ?
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Што значи тоа исто било времето.... исто во смисла дека циклично си се менувало или исто непроменливо ?
Целзиусови, фаренхајт како сакаш... температурата е иста.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.446
Поени од реакции
17.862
Целзиусови, фаренхајт како сакаш... температурата е иста.
Не било исто, во Средниот век на пример, многумина автори имаат пишувано за тоа како Сонцето не сјаело со ист интензитет и било помрачно, температурите драстично опаднале, немало приноси ни храна, гладта и чумата подоцна коселе - третина од населението во Европа. И све тоа предизвикано од една ерупција на другата страна на Земјата, во Ел Салвадор, чиј вулкан имал кратер од 17 км (супер ерупција).

Со еден збор, имало кратка вулканска зима од десетици години.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Не било исто, во Средниот век на пример, многумина автори имаат пишувано за тоа како Сонцето не сјаело со ист интензитет и било помрачно, температурите драстично опаднале, немало приноси ни храна, гладта и чумата подоцна коселе - третина од населението во Европа. И све тоа предизвикано од една ерупција на другата страна на Земјата, во Ел Салвадор, чиј вулкан имал кратер од 17 км (супер ерупција).

Со еден збор, имало кратка вулканска зима од десетици години.
Чумата нема врска со ова.
Ел Салвадор не е во античко време, има и други вулкани и вакви катастрофи, не е битно. (промените на температурата била привремена а и незнам која логика ти е оваа со супер вулканите)

Збоуваме за глобално затоплување а не вулканска прашина во атмосферата, само рандом да се трескало.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.446
Поени од реакции
17.862
Чумата нема врска со ова.
Ел Салвадор не е во античко време, има и други вулкани и вакви катастрофи, не е битно.

Збоуваме за глобално затоплување а не вулканска прашина во атмосферата, само рандом да се трескало.
Не трескам, туку поврзувам ерупцијата со драстичен пад на температурите и вулканска зима која траела со децении. Ти тврдиш дека температурите биле тие, од античко до сега, а не е така и имало многу циклуси на промена на температурите и климата.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Не трескам, туку поврзувам ерупцијата со драстичен пад на температурите и вулканска зима која траела со децении. Ти тврдиш дека температурите биле тие, од античко до сега, а не е така и имало многу циклуси на промена на температурите и климата.
Тоа со вулканите не е ЦИКЛУС туку непогода, катастрофа, како сега да има нова супер ерупција, да падне метеор или нуклеарна војна (прашината ќе ги блокира сончевите зраци).

Температурите горе - доле се исти а, глобалното затоплување постои.

За циклуси побарај Миланковичеви циклуси.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.446
Поени од реакции
17.862
Тоа со вулканите не е ЦИКЛУС туку непогода, катастрофа, како сега да има нова супер ерупција, да падне метеор или нуклеарна војна (прашината ќе ги блокира сончевите зраци).

Температурите горе - доле се исти а, глобалното затоплување постои.

За циклуси побарај Миланковичеви циклуси.
Знам за Миланковичеви, траат околу 100 илјади години чинам.

Како и да е, јас сум голем скептик дека човекот и индустрискиот развој има толкаво влијание врз глобалното затоплување.

Под циклуси подразбирам периоди на драстични промени на климата како резултат на природни непогоди и сончева активност кои се забележани неколку во последните илјади години. Можда лошо се изразувам.
 
B

Bafra

Гостин
Тоа со вулканите не е ЦИКЛУС туку непогода, катастрофа, како сега да има нова супер ерупција, да падне метеор или нуклеарна војна (прашината ќе ги блокира сончевите зраци).

Температурите горе - доле се исти а, глобалното затоплување постои.

За циклуси побарај Миланковичеви циклуси.
А глобално заладување имало ли ?
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Ма остај не нас Трамп, неколку нобеловци и уште еден куп научници кои не се на државна цицка глупи сме ние.
Те прашав неколку пати да посочиш на истражувања кои тврдат дека глобалното затоплување не е предизвикано од човекот. Цитирање нечии мислења на политичари и ставови на петмина научници не се никаков аргумент.
Ок, имајќи го предвид твојот начин на градење мислење од читање на таблоиди и весници, ќе намалиме едно ниво на дискусија.

Бидејќи очигледно не можеш да најдеш истражувања што покажуваат дека глобалното затоплување не е предизвикано од човекот, пробај цитирај ми барем став на некоја научна институција преку било кој медиум (се сомневам дека ќе побараш сајт на институција) дека затоплувањето не е предизвикано од човекот.



И во право си, што има надвор да гледам дали е постудено него просек, дали земји во кои не паднало снег во последни 50годи сега паѓа. Се е тоа пропаганда.
Ќе му веруваме на Ал Гор и милионите што ги лапаат од пациенти како тебе
Твоите "аргументи" најверојатно ќе бидат:
1. Научниците лажат.
2. Надвор е ладно.
3. Ал Гор.
4. Таблоиди
5. :lolzz:
:rolleyes:

Ова за другите, ти и така си патетичен спинер и лажов:
https://m.washingtontimes.com/news/2015/jul/12/mini-ice-age-likely-from-2030-to-2040-european-sci/
Хмм, а Ал Гор што викаше за 2040та? :eek:

Тој вика има глобално затоплување
Чекај, сега тврдиш дека и нема глобално затоплување?
Мислев дека се противиш само на тоа дека е предизвикано од човекот...


CO2 голема штета правело на растителниот свет, немало претходно климатски промени,
Посочи каде го тврдам тоа. Ако не посочиш си... лажго?

Дали воопшто ја знаеш разликата меѓу снежна бура и клима на еден регион (и глобално)?
Ретардираното тврдење ако има затоплување тогаш зошто е надвор минус 20 е еднакво со тврдењето дека ако појдиш во Сахара во дождлив ден тоа значи дека лажат оти таму има сува клима.

Патем, затоплувањето влијае различно врз различни региони и не мора да значи дека секогаш ќе резултира со покачени температури. Најдобар пример е голфската струја и нејзиното влијание врз Европа. Значи екстреми во температури се предизвикани од самото затоплување на глобално ниво.

Еден многу добар репорт од Британците (UKCIP) поткрепен со многу мерења и податоци. Заклучоците вадете ги сами. :)[DOUBLEPOST=1514921895][/DOUBLEPOST]
Како и да е, јас сум голем скептик дека човекот и индустрискиот развој има толкаво влијание врз глобалното затоплување.
Скептик дека човекот има влијание врз климата (неколку декади константно емитирање CO2 покрај другото), но не и сомнеж дека вулканот со една ерупција ги турна температурите за некој степен? ;)
 
Последно уредено:
B

Bafra

Гостин
Скептик дека човекот има влијание врз климата (неколку декади константно емитирање CO2 покрај другото),
100 пати го имаш спомнато количеството на СО2 во поврзаност со глобалното затоплување.
Ајде појасни што ако СО2 е големо, лошо ли е тоа, придонесува ли за зголемување на температурата, пред загревањето ли се зголемува или после него или паралелно, како влијае на планетава ?
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.837
Поени од реакции
36.874
Што точно подразбираш под стабилно време? И што не е стабилно време - ледено доба и/или екстремно високи температури?

Во последните 2000 години имало неколку заострувања на климата кои оставиле последици по целата историја. Што од активноста на Сонцето, што од вулкански активности.

Човекот е фактор да, мислам на периодот после индустриската револуција, но сметам дека сепак не е толкав фактор како што се потенцира. Да нагласам, ова е мое лично мислење, има научници кои го тврдат спротивното, но има и научници кои би се согласиле со мене. Не може човекот да го скрати тој циклус од сто илјади години толку радикално, ако мислиш на циклусот на одреден број на ротации околу Сонцето кои се разликуваат во елипсата и после сто илјади години се враќа од почеток ( мислам толку години беа).
Стабилна клима значи дека на Земјата последниот период од неколку илјади години од крајот на последното ледено доба температурните разлики се благи и се движат во очекувани размери. Некогаш имало поблаги лета или постудени зими ама тоа е секогаш во одредени рамки.

Ние од Индустриската Револуција го правиме ова.

indicator7_2013_globemissions.PNG

И моментално со просечната температура на Земјата се случува ова


Screen-Shot-2013-03-20-at-10.05.02-AM.png

И денес да прекинеме да гориме фосилни горива, скоро сигурно до 2100 година температурата ќе порасне за 2 степени. А 2 степени ќе го промени животот каков што го знаеме. Голем дел научници прогнозираат дека со ова темпо и потенцијалната индустријализација на Африка, тоа може ќе биде и преку 3 степени.

Консензусот меѓу научниците за тезата дека човештвото го предизвикува ова интензивно глобално затоплување и промена на климата е еднаков со консензусот дека постои гравитација.
 
B

Bafra

Гостин
Стабилна клима значи дека на Земјата последниот период од неколку илјади години од крајот на последното ледено доба температурните разлики се благи и се движат во очекувани размери. Некогаш имало поблаги лета или постудени зими ама тоа е секогаш во одредени рамки.

Ние од Индустриската Револуција го правиме ова.

Прегледај го приврзокот 182996

И моментално со просечната температура на Земјата се случува ова


Прегледај го приврзокот 182997

И денес да прекинеме да гориме фосилни горива, скоро сигурно до 2100 година температурата ќе порасне за 2 степени. А 2 степени ќе го промени животот каков што го знаеме. Голем дел научници прогнозираат дека со ова темпо и потенцијалната индустријализација на Африка, тоа може ќе биде и преку 3 степени.

Консензусот меѓу научниците за тезата дека човештвото го предизвикува ова интензивно глобално затоплување и промена на климата е еднаков со консензусот дека постои гравитација.
И каква врска има количината на СО2 со температурата на земјата..... Високо СО2 предизвикува повисока температура или високата температура предизвикува висока количина СО2 ????

Земјата последниот период од неколку илјади години од крајот на последното ледено доба температурните разлики се благи и се движат во очекувани размери.
Ова го кажа врз основа на историски податоци или онака лично мислење ?

Консензусот меѓу научниците за тезата дека човештвото го предизвикува ова интензивно глобално затоплување и промена на климата е еднаков со консензусот дека постои гравитација.
Ист таков конзесус имале и дека земјата е рамна, дека шеќерот е здрав, дека никотинот не е штетен итн итн но битно е штом така кажале што има да мислиш, ќе си платиш данок според шемата на Ал Гор партнерите и оп спасена е земјата (y)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.446
Ист таков конзесус имале и дека земјата е рамна, дека шеќерот е здрав, дека никотинот не е штетен ...
дека Плутон е планета, дека цевки за водовод од азбест треба да се прават, дека окапи е изумрен вид и ред други научно егзактни ствари. Весела е науката, стварно и многу ми е јака орентацијата на денешните интелектуалци да се потпираат на разни научни вистини кои може задутре да бидат поинакви.
Али глобалното затоплување сепак ја мислам дека човекот го праи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom