Ок, супер пари се тоа за еден во Германија. Цените за храна и облека се сосема пристојни овде. Незнам дали имаат пензиско, здравствено, социјално осигурување и даноци во тоа пошто е привремена работа за студенти. Јас би ја искористил шансава да научам јазик, парите еве нека се во втор план. Мене лично едно 40% од бруто плата иде на овие задолжителни осигурувања и даноци, посебно што сум класа 1 самец и без деца, ама затоа се таложи сумата во пензиско, здравствено сум раат и што е најважно и да останам без работа можам цела година дома да седам без да мрднам прст и ќе добивам 60% плата, што би ми било доволно за живот. Тоа ти е таа мирна глава, чувство на сигурност, знаеш дека не си оставен на улица во никој случај и знаеш дека нема да останеш гладен, што и да се случи. Социјална држава во вистинскиот смисол на зборот, не само напишано во Устав како кај нас а пола држава се снаоѓа како знае, пали гуми да се стопли и останатите се гушат во смог.
Бесцелно е да се објаснуваме на темава, секое искуство е лично според личните способности и среќа. Јас лично би преферирал да се смрзнам на некоја платформа во Аљаска отколку да се вратам во МК. Немам нерви за тој систем и општество, едноставно неможам да го сварам.