ваљда индивидуално е, односно различно од човек до човек и од место до место.. другарчето мое само шо почнал со работа (бургер кинг во некое помало место во Германија, не се ни сеќавам како се викаше) одма аплицирал за aufenthal, и после 2-3 месеци ја добил..
Sent from my SM-G925F using Tapatalk
Значи и визата ти е офентал. Офентал во превод е дозвола за престој. Јас ко ми ја продолжуваа визата, ако сакав да платам 100 евра, ќе ми дадеа картичка, и на незе ќе пишуваше офентал, ама само за фирмата кај што работам. А, и со виза можиш 10 работи да смениш. Процедурата е, трева да имаш договор, одиш во ауслендебехорде, тие договорот го праќаат во арбајтзам, чекаш две недели, дали ќе ти дадат работна дозвола, одиш пак ауслендебехорде, и ти лепат нова виза. Јас сменив работа пример. Проблемот со виза е што, ако има веќе во џоб центар, германци што чекаат за такво работно место, нема да добиеш дозвола. Претежно можи само во гастрономија.
Sent from my HUAWEI VNS-L31 using Tapatalk