- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 22.827
- Поени од реакции
- 39.636
...денес не само што луѓето се чудни во однесување, туку и бактериите и вирусите испомутирале, како и сите симптоми на разни болести да се испомешаа, тешко да се погоди поради вакви мутации, очекуваш нешто при некоја болест, а го нема, па мислиш дека не е тоа тоа и обратно дава симптом за некоја болест и мислиш дека е тоа тоа според искуството на медицина базирани на докази,ама не е тоа тоа...Не можев да најдам соодветна тема па да прашам тука... Значи брат ми има некое црвенило кое ваљда ќе го приметите на сликава, и тоа станува се помасовно и помасовно, на почеток беше помало па сега се подрашири и стана како цела дебела линија. Кога ќе го пипнеш е како закоравено, а го пече и го чеша и плус има изразито црвена боја, онака дречава. Сега ми кажа дека и доле кај препоната му се појавила мала линија, али ајде таму мислам и не е чудно затоа што некогаш знае така црвенило да се појави од пот или ако не се избањаш веднаш после тренинг/физичка активност.
Некој совет или мислење да каже што би можело да е ова и ако може да се реши со алтернативна медицина, а ако не каде да се упатиме, односно кај кој дерматолог. Ви благодарам однапред.
П.с. Ова на рамото што му го гледате и малце под него му е becker nevus бемката, не верувам да има некаква врска со ова погоре ама чисто да напоменам.
како и да е,

Dermatitis е воспаление на кожата, а најчесто е од тип на - Егзема, најчесто се појавува како последица на сензибилизација на организмот на бактерии или габи некаде по телото, таа е претерана имунолошка реакција на кожата на вообичаените алергени, најчестата егзема е атопичен дерматитис.

...заболувањето мора да се третира за бариерата на кожата да остане недопрена и потребно е да му се овозможува сон без болното чешање, најважно е постојаното замастување и омекнување на кожата, туширање и топла бања треба да биде што е можно пократко и веднаш по секое туширање треба да се нанесува млеко за тело, највероватно имунитетот му е спаднат и во моментот е во допир со некој алерген би рекла што работа? во што е секојдневно во контакт? а можеби ,,нечиста,, теретана?
п.с.
бемката не е во прашање!
Последно уредено: