Ок, не велам не, дека, можат да дадат предлог/влијаат, можат ама не гледам ни зошто да не излезат на протест и да признаат, да се согласат дека има проблем. Граѓанско право е тоа, и на протестите во Ѓорче за Ангел имаше поддржувачи на вмро кои бараа одговорност и мерки од Сокол.
Ова со воздухот не е примарната одговорност на Павле и Ивана, треба да излезат и да се соочат со народот Шилегов, Богац, Богдановиќ, Наумоски и тн. Да не ме сфатиш погрешно, Павле не можам органски да го поднесам, Бетмен од другата страна на оградата.
Не е проблем тоа што го користат граѓанското право, проблем е (бар за мене) што тоа е лицемерно.
Јас во овој случај сум на страната на градоначалниците. Ова со загадувањето воопшто не е едноставно за решавање. Правеа истражување и излезе дека најголема причина за загадување се огрев на дрва, сообраќај, индустрија и градежништво.
Огрев на дрва - најсиромашните, сообраќај - 99% од возниот парк, значи сите граѓани, индустрија и градежништво - и без да ги чепкаш се во слободен пад во последниве 12 месеци. Така да Шилегов, Богац и останата екипа, без поддршка на Заев и централен буџет (субвенционирана струја за загревање, субвенционирано менување на стари со нови возила, субвенции за градежна и тешка индустрија да можат да го преживеат ударот), па и поддршка на законодавна власт, можат само да се самоубијат, а не да решат нешто.
А Павле и Ивана, симпатични или не, не верувам дека се толку глупи за тоа да не им е јасно. И мене ме интересира уште нешто, ама никој досега не ја прашал. Дали според Ивана, Велија е политички затвореник?