Точна е веста дека Чешка донирала милион евра кои треба да се искористат за набавка на возила за МВР.
Парите од донацијата беа земени на 16ти јуни, кога се потпиша договорот за донација. Постот од Shepard Fairey нема допирна точка со веста од Курир, ако се водиш според него. Се работи за две сосема различни донации.
Она што е спорно во веста од Курир е на кој начин е извршена набавката, и дали навистина кумановската фирма лапнала повеќе пари отколку што требало. За да се тргнат сите сомнежи, МВР треба на транспарентен начин да ги објави сите информации околу набавката.
Инаку да, 11та божја заповед е секоја вест од Курир да се зема со резерва.
Знам дека Чешка донирала пари за набавка на возила, друго ми беше поентата, да става извори на вестите што ги шири, па кој како сака нека си ги протолкува, зашто ете претходно испадна патка твитот што сакаше да ги протне како релевантен дека Донев дал 7000 евра државни пари за семинар за екстремни спортови.