Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Кога ќе погледнеш каков клептомански олош досега продуцираше ДПМНЕ, навистина е прашање дали треба да постои
Ако одиш по таа линија ќе треба да се самораспуштиме како држава. Тоа ќе го продуцира и во иднина, без сомнение.

Ама барем да остави пракса дека лидерите кои си заминуваат се политички мртви. Не да рехабилитираме исти ликови цело време.
 
Очајно ама очајно треба трета и четврта опција.

Имаше трета, квалитетна, опција која заслужуваше шанса ама фиромјанскиот мајндсет кој 27 години плаче, кука и цмиздри по трета опција, не и даде шанса затоа што ја прилепуваа кон спротивниот табор и ја нарекуваа цицка на есдеес или дпмне. Па уште и од поддржувачи на есдеес можеве да слушнеме како третата опција била глупа што не прифатила коалиција со есдеес. Пази еј, раководството на партијата е глупаво затоа што не сакаат да бидат полтрони на една или друга партија.

Мајндсет на фиромјанин.
 
Ако одиш по таа линија ќе треба да се самораспуштиме како држава. Тоа ќе го продуцира и во иднина, без сомнение.

Ама барем да остави пракса дека лидерите кои си заминуваат се политички мртви. Не да рехабилитираме исти ликови цело време.

Јас веќе неколку години тврдам дека не треба да постоиме како држава. Едноставно не продуцираме доволно човечки квалитет за да имаме држава. Само ѓубре произведуваме.
 
А како територија треба да постоиме или скроз да не избришат од мапата?
 
Имаше трета, квалитетна, опција која заслужуваше шанса ама фиромјанскиот мајндсет кој 27 години плаче, кука и цмиздри по трета опција, не и даде шанса затоа што ја прилепуваа кон спротивниот табор и ја нарекуваа цицка на есдеес или дпмне. Па уште и од поддржувачи на есдеес можеве да слушнеме како третата опција била глупа што не прифатила коалиција со есдеес. Пази еј, раководството на партијата е глупаво затоа што не сакаат да бидат полтрони на една или друга партија.

Мајндсет на фиромјанин.
Немаа никаква поддршка од странците, попрво го викаат на преговори оној абдал Мендух Тачи што не може во две Ш села да победи.

А за „полтронствово“ не се сложувам. Идејата беше прво да се тргне фамилијата од власт. Требаа да прифатат што поширок фронт, а на првите наредни избори можеа да се збогуваат, ако го издржеа притисокот. Тоа е чесна политичка игра и не се никакви нечесни потези.
Како и да е, во Грција, Сириза блесна заради ветувањата дека нема да ги враќаат долговите. Ниту тие не се многу попаметни, ниту пак станаа марксисти преку ноќ во долги години на анти-марксистичка пропаганда, ама пак, за поздрав е што нешто решиле стварно да променат. Овде повеќе боли што Левица отворено им зборува на луѓето за проблемите, ама тие се до толку копуци да не знаат ни сопствените маки да ги разберат.
 
Последно уредено:

Па Тачи е полтрон на дпмне, ако не беше у коалиција со нив 8 години. Не велам дека предизборна коалиција ќе беше или немаше да биде чесен избор, зборам за тоа дека имавме трета опција а ја одјебавме, само затоа што сме научени да гласаме за есдеес или за дпмне. Сите останати ги заобиколуваме. Во врска со предизборните коалиции, Левица во програма имаше забранување на истите доколку дојдат на власт. Ептен би биле хипокрити да коалицираа предизборно со такво ветување.
„ситнење на отпорот“ беше новото „ако не сте со нас, вие сте предавници на државата“.

Брат, да им ги копаме на есдеес глупостиве а и на нивните поддржувачи во последниве година дена, ќе се запрепастиме што се' имаат истрескано и како се понашаат како вмроните кога беа на власт. Еј, пола година на власт а веќе се умишљаат ко да се 10 години и ко да се недопирливи. Па уште и кога ќе ги прочитам на фб „10 години се боревме против режимот“ хахахахаха
На пола протест нема излезено, најголемата борба му е пресликана у кафана кога ја нарачувал „Пада Влада“ од Бајага.
 
Јас веќе неколку години тврдам дека не треба да постоиме како држава. Едноставно не продуцираме доволно човечки квалитет за да имаме држава. Само ѓубре произведуваме.
Ne e do nisto drugo osven do ofcite ( narod da bideme ne zasluzuvame). Da glasas za izliteni komunjarski partali i propadnati dinosaurusi na celo so aboliciran lopov povtorno faten na delo so javno i na cel glas plukaat po tebe i drzavata i kockaat se so e narodno i sveto.... e toa e. imase i drugi opcii, nemase potreba da se glasa ova predavnicka stoka samo zatoa so onie prethodno kradele. I najglupata ameba treba da znae deka sekade vo svetot politicarite kradele, kradat i ke kradat, ova vazi i za tie drzavi kaj so mislite deka tece med i mleko. Toa im e vo genite zatoa se politicari.
 
Исто така автохтон народ.
Може да се направи компарација како стојат работите, да видиме кој е за градење на соживот, кој за Илирида.
 
Па Тачи е полтрон на дпмне, ако не беше у коалиција со нив 8 години. Не велам дека предизборна коалиција ќе беше или немаше да биде чесен избор, зборам за тоа дека имавме трета опција а ја одјебавме, само затоа што сме научени да гласаме за есдеес или за дпмне. Сите останати ги заобиколуваме. Во врска со предизборните коалиции, Левица во програма имаше забранување на истите доколку дојдат на власт. Ептен би биле хипокрити да коалицираа предизборно со такво ветување.
„ситнење на отпорот“ беше новото „ако не сте со нас, вие сте предавници на државата“.

Брат, да им ги копаме на есдеес глупостиве а и на нивните поддржувачи во последниве година дена, ќе се запрепастиме што се' имаат истрескано и како се понашаат како вмроните кога беа на власт. Еј, пола година на власт а веќе се умишљаат ко да се 10 години и ко да се недопирливи. Па уште и кога ќе ги прочитам на фб „10 години се боревме против режимот“ хахахахаха
На пола протест нема излезено, најголемата борба му е пресликана у кафана кога ја нарачувал „Пада Влада“ од Бајага.
Тачи го спомнав во смисла дека го играат странците, а не е никаков фактор. А Левица, знам дека звучи смешно и нереално, ама ако дојде на власт, политиките значително им се разликуваат од тие на коалицијата сдс-дпне. Знаат страницте и со тоа да се справат - ќе почнат да ги подмитуваат еден по еден, ама би им требало подолго време за да спроведуваат политики. Да имаше таков субјект во преговорите во Пржино ќе имаше шанса да игра повеќе во корист на луѓето, ете како за пример барањето за отворени листи за избори, за што сдс и во опозиција беше смртен противник на тоа.

Сдс немаат компас. Да имаа, немаше да им треба толку време и толкава помош од Вашингтон да дојдат на власт....поточно да не беа тие, немаше ни да дојдат.
 
Ова е тоа што секој дудлач на есдеес што сеа ми шири рак во животов треба да го знае и да си го пее, како Оче Наш што се пее. Во сон да ги станат и да ги прашаат „како дојдовте на власт?“ да каже „американците не' донесоа“.
 
А најмногу што ме нервира и ме вади од такт на форумов во овој период е кога дудлачи на груевски кои слепо го бранат ми лајкуваат мислења напишани кои се против моменталнава власт.
ОДЈЕБЕТЕ!!!
 
Hehe, e toa e, sea ke kazat vmrovec si ako plukas po vladeackava orangutanska horda. Mene isto mi lepat vmrovska znacka samo zatoa so plukam po se so e predavnicko i komunjarsko, a nikad vo zivotot ne sum glasal ni za ednite ni za drugite lopovi.
 
Само што има една суштинска разлика - Пеџа си критикува откако е на форумов секојдневни ситуации, ти и останатите може плукате по се предавничко ама само ако е од плавата страна. ;)
 
Јас веќе неколку години тврдам дека не треба да постоиме како држава. Едноставно не продуцираме доволно човечки квалитет за да имаме држава. Само ѓубре произведуваме.
Тоа ако не гледаш како изолиран остров, да. Ама види ги биографиите на Борисов, Вучиќ, Харадинај, Додик, Изетбеговиќ... Кога ќе ставиш во таков контекст не сме ништо ни подобри, ни полоши. Само Грците на Балкан имаат сериозна политичка елита.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom