Зборуваш фанатички ко да се работи за фудбалски клуб и да го фалиш трансферот на некој играч шо сте го направиле а не за бизнисмени кои се кријат позади историското значење на одредена кратенка, и во нејзино име ги мијат гревовите што ги направиле од невидени размери.
Стварно, незнам од каде толкава потреба за дивинизирање на партиските лидери, кои се менуваат според нивните потреби. Од каде толкаво глорифицирање на нивните пиуни кои се бираат во зависност од ситуацијата. Зар мора да ги возвишиш нивните прости едноставни и човечки дела како божјо дејание, иако се работи за едноставни работи за кои нивната функција налага да ги прави.
Исто како да пофалиш полицаец, кој казнил пијан возач. Па неговото дело да го запишиш во историја оти казнил пијан возач. Тоа му е работа.
ВМРО треба да се забрани да биди активна политичка партија оти како што кажав, историските заслуги си ги префрлаат себе си. Историското вмро беше формирано од патриотски причини и неговите членови беа патриоти. Овие што сега се нарекуваат наследници на ВМРО ја користат патриотската маска, за во случај да ги негираш и не прифаќаш нивните (не) дела, автоматски како да ја негираш историјата и заедно историското вмро.