Јас го изгледав не мора да го гледате цел.
Во кратки црти, станете веган. Со станување веган, вашето здравје значително се подобрува, особено ако сте со некоја потешка болест.
Подобрувањето на здравјето знае да дојде дури и за само 2 недели нејадење продукти од животно/животинско потекло.
Месото и млечните производи се причина за дијабет, причина за рак...
Ова ретко го дознаваме, затоа што организации од типот на Светска Организација за Дијабет, Светска Здравствена Организација и слично, најчесто добиваат пари (се спонзорирани) токму од корпорациите што произведуваат месо и млечни производи.
Има примери за вегани бодибилдери кои наводно добивале повеќе сила откако ќе станат веган. Има вегани бодибилдери што огромното тело го направиле и покрај тоа што цело време биле веган (затоа што луѓето најчесто сметаат големото тело претходно се должи на јадењето месо/млечни производи).
Се збори дека не ни треба многу протеин, односно многу помалку од тоа што се препорачува, и дека си има доволно протеин во растенијата.
Како и да е, и покрај сето ова, најдобар начин за слабеење е јадење на повеќе протеини и масти а многу малку јаглехидрати, што се тиче исхрана.
За ова, скоро е невозможно да си веган.
Така да, кога сакаш да слабееш, ЦЕЛОСНО е во ред да си јадеш месо и млечни производи на краток рок, па после стани си веган за здравје.