Казаки
Атаманот - Army of Christ
- Член од
- 2 септември 2011
- Мислења
- 1.526
- Поени од реакции
- 1.969
Не јади бурек бе... триците поевтини се!!Еве да те прашам, што ќе се случи ако денес во 2017 година толпа демонстранти насилно упадне во Германскиот Бундестагот или Американскиот Конгрес и изврши напад на пратеници?
Што мислиш кои би биле казните за тие луѓе (под претпоставка дека безбедносните сили нема да ги стрелаат на лице место)?
Не не споредувај нас со Германија и Америка... ние сме на ниво на Украина! Исти ликови други улоги...
Тогаш се прашуваше шта би било кад би било, или преспа тогаш?... не за нешто друго него дека вујна ти Нуланд делеше СЕНДВИЧИ во први редови, а???Пробиен кордонот пред парламентот во Киев
Демонстранти упаднаа во зградата на Владата
Киев, 20 февруари 2014 (МИА) - Демонстрантите во Киев го пробија кордонот околу Парламентот и се обидуваат да влезат во зградата, јави ИТАР-ТАСС.
Обезбедувањето на Парламентот се повлекло во блискиот парк. Полицијата тврди дека демонстрантите ги радикализирале своите акции и со себе носат огнено оружје и куршуми.
![]()
- Од зградата на Парламентот почна итна евакуација, изјави пратеникот Володимир Литвин.
Во зградата на владата во Киев почна евакуација откако локалните медиуми објавија дека демонстранти упаднале во објектот.
Руските медиуми јавуваат дека на сите вработени им е наредено итно да ја напуштат зградата.
Според локална телевизија демонстрантите нападнале и полициски кордон околу плоштадот „Независност“ и држат како заложници неколкумина припадници на специјалната полиција „Беркут“.
![]()
Припадници на специјалната полициска единица „Беркут“ претходно презедоа акција и се обидуваа да ги растераат демонстрантите од киевскиот плоштад „Независност“. Во операцијата се употребуваа шок-бомби и гумени куршуми. На плоштадот се слушаа силни експлозии и се издига црн густ чад.
Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека од зграда во близина на плоштадот се пука врз полицијата, при што се повредени четворица полицајци.
Бројот на жртвите во судирите во Киев достигна 28 луѓе, според најновите податоци од украинското Министерство за здравство.
Тројцата министри за надворешни работи од ЕУ го напуштија Киев без да се сретнат со украинскиот претседател Виктор Јанукович, откако во центарот на престолнината повторно избувнаа крвави судири меѓу силите на редот и демонстрантите.
![]()
- Тие си заминаа, немаа средба со претседателот поради безбедносни причини, изјави дипломатски извор за ИТАР ТАСС.
Во Киев денеска средби со украинската власт и со опозицијата требаше да одржат министрите за надворешни работи на Франција, Германија и на Полска, Лоран Фабиус, Франк-Валтер Штајнмаер и Радослав Шикорски.
До денеска, медицинска помош побарале 445 луѓе од кои 287 се задржани во болница. Хоспитализирани се 88 припадници на полицијата, шестмина новинари, четири деца на возраст до 18 години и двајца странски граѓани, прецизира во соопштение министерството.
Еден од лидерите на украинската опозиција Виталиј Кличко изјави синоќа дека претседателот Виктор Јанукович ветил дека нема да се урива кампот на демонстрантите подигнат во центарот на Киев во момент кога во градот втора ноќ по ред горea барикади, а демонстрантите бараат оставка од Јанукович.
По разговорите со тројцата лидери на опозицијата, Олег Тјагнибок, Арсениј Јацењук и Виталиј Кличко, Јанукович на својот веб-сајт напиша: Двете страни прогласија примирје и почеток на преговори со цел да се прекине крвопролевањето и да се стабилизира ситуацијата во државата.
Примирјето следуваше неколку часа откако претседателот го смени од функција началникот на ГШ на армијата генерал-потполковник Владимир Заман и на негово место го именува адмирал Јуриј Илјин. Потегот следуваше по изјавата на министерот за одбрана кој рече дека армијата можеби ќе учествува во сеопфатна антитерористичка операција за да воспостави ред, откако украинската безбедносна агенција ги обвини демонстрантите дека од нејзини канцеларии украле стотици парчиња огнено оружје.
Насилствата во Украина ги осуди и американскиот претседател Барак Обама предупредувајќи дека Украина ќе носи последици ако продолжат немирите. Тој нагласи дека армијата не треба да се вклучува во разрешување на ситуацијата која граѓаните може да ја разрешат сами.
Украинската Влада ги исполни речиси сите барања на опозицијата, но таа одбива да соработува, изјави доцна синоќа украинскиот министер за надворешни работи Леонид Кожара. Тој наведе дека Владата е подготвена да разговара за уставна реформа, но оти опозицијата не сака да земе дел од одговорноста во владеењето со Украина.
- Никогаш досега Украина немала работа со толку многу екстремистички групи, кои сега се во Киев. Сега на полицијата и е строго наредено да не ги напаѓа демонстрантите, посочи Кожара. Тој наведе дека Русија е важен економски и стратешки партнер на Украина, но негираше дека земјата е под директно влијание од Москва.
Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија денеска ќе имаат вонредна седница посветена на кризата во Украина, каде најмалку 28 луѓе загинаа во судирите во вторникот меѓу демонстрантите и полицијата.
Унијата вчера се закани дека е можно да воведе санкции кон Украина и кон виновниците за насилството. Неименувани дипломати истакнаа дека украинскиот претседател Виктор Јанукович најверојатно нема да се најде на „црната листа“. Тие наведоа дека дел од земјите-членки на ЕУ „имаат резерви за санкциите“. Меѓу противниците на санкции се Шпанија, Италија, Бугарија, Грција и Кипар.
Во Киев речиси три месеци траат проевропски протести покренати откако Јанукович во ноември се откажа од потпишување на Договорот за асоцијација со Европската унија.
![](https://www.sott.net/image/s8/169656/full/2013_12_11t100513z_430869593_l.jpg)
![](https://themoscowtimes.com/static/uploads_new/publications/2016/7/1/877aae2d2a4a4ce19d2f90c87f30faf8.jpg)
![](https://cdn5.img.sputniknews.com/images/102080/18/1020801831.jpg)
![](http://russia-insider.com/sites/insider/files/nuland-giving-out-cookies-in-kiev.jpg)
Само штета тука повеќе леб од сирење ќе ви испаднат сендвичите...упссс..... заборавив овде куртони ви делеа!
Последно уредено: