Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Прво дефокусираш со тоа шо ја водиш дискусијата во овој правец, приматот е договорот за бугаризација и законот за албанизација, ама нема да ти останам борчлија, кратко,

Што суштински е променето во „режимскиот“ правосуден систем за сега да биде она што треба да биде?

Мене ми изгледа дека сега истите климоглавци од тогаш и сега климаат, само друг е калифот, што според тебе е доволно да кажеш дека правдата е задоволена.

Кажи ми сега, ова за тебе доволно да ги проголташ, ајде донекаде договорот за бугаризација, некој се обидува да биде доследен на одлука од пред повеќе од еден век, но и законот за албанизација?

Треба нова кованица за да се опише автентнично ваква авто овозможена асимилација.
Не дефокусирам, ти нафрли две потполно разлини теми во постот. Едната за судството и реваншизмот, другата за бугаризацијата и албанизацијата.

За судството, не знам какви промени очекуваш. Мене во моментот ми е доволно што се процесуираат случаи против функционери од претходната власт. Со ретки исклучоци, во досегашната историја на Македонија тоа не било пракса. Некако одеше работата искрадивте што искрадивте, сега нас ни е редот.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.837
Поени од реакции
36.874
Незнам за овие двајца, ама Дамовски ептен се дистанцирал од партијата и од луѓето што ги организираа протестите тие 80 дена... ова на некој начин го потврди и Бетмен кога гостуваше на Телма со Апасиев и Павле, изгледа се покајал и ја признал вината чим добил поблага казна од судот.
Премногу рано е за признавање на вина, ова е само утврдување на притвор.
Притвор е мерка за обезбедување, а казната е друго.

Сега ќе видиме деновиве некој ако пропее за тоа кои се организатори. Ако некој од овие Бетмен, Дурло или Дамовски почнат да пеат "Илија Димовски, Груевски, Мијалков, Гордана Јанкуловска не организираа и не поттикнаа да извршиме упад во Собрание, не подготвија, ни овозможија ресурси, ни дадоа насоки како да извршиме упад, ни ветија дека ќе не бранат после..." ќе биде циркуси :D

Десет години им висат над глава, не е мала работа тоа. Ако им се понудат помалку затвор во замена за да ги кажат организаторите, се е можно.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.025
Поени од реакции
83.450
Не е казна, туку мерка за обезбедување. А очигледно е и главниот тастер во ситуацијава. Во секој случај, се работи за опортунисти, мифки од луѓе. Не можеш да очекуваш од овие да се ВМРО или Дончо штипјанчето....ова се обични вморонски п***и. Ниту па упадот го направија да личи страшно и сериозно. Лично мислам дека целиот потег им беше толку аматерски и наивен, ама нивни проблем сега...нега ја лапаат зимава по затвори, а и други зими ќе ги фатат изгледа.
Објективно, не може човек со нормални морално-етички норми или пак патриот, да биде на страната на Груевски. 90% и јаче кај него се мивки кои како газдата, патриотизмот и сл. им се маска за непречена лична добивка. Види ги и овде на форумов. Нема дилема тука.
Тие немаат никаква идеологија, освен ако некој ја смета агендата за личен ќар, како идеологија.
Така да, многумина од овие суштества лесно ќе пропеат на повеќе нивоа.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.410
Поени од реакции
7.866
Не дефокусрам, ти нафрли две потполно разлини теми во постот. Едната за судството и реваншизмот, другата за бугаризацијата и албанизацијата.
На секој дума за бугаризацијата и албанизацијата следи ќе си лежат, шо е до мене, а верувам добар дел од обичните граѓани око нема да им трепне.

Значи не дефокусирам или релативизирам јас ни оддалеку.

Патем речено со ДУИ правдата до каде е?

;)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Премногу рано е за признавање на вина, ова е само утврдување на притвор.
Притвор е мерка за обезбедување, а казната е друго.

Сега ќе видиме деновиве некој ако пропее за тоа кои се организатори. Ако некој од овие Бетмен, Дурло или Дамовски почнат да пеат "Илија Димовски, Груевски, Мијалков, Гордана Јанкуловска не организираа и не поттикнаа да извршиме упад во Собрание, не подготвија, ни овозможија ресурси, ни дадоа насоки како да извршиме упад, ни ветија дека ќе не бранат после..." ќе биде циркуси :D

Десет години им висат над глава, не е мала работа тоа. Ако им се понудат помалку затвор во замена за да ги кажат организаторите, се е можно.
Џабе се такви признанија, потребни се докази за тоа. Снимени телефонски разговори, такви работи. Ианку секој може да каже што сака.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498

wut?
Доктор бил овој?
Доктор?

Да не е доктор како што е доктор др.Неле Карајлич или како др.Дре?
Многу нејасни работи има во државава. Наводно ако имаш деца и си актер, пејач, доктор, се можеш да правиш, така и овој со кучево. Иначе кучето е живо и вдомено.[DOUBLEPOST=1511963491][/DOUBLEPOST]
Џабе се такви признанија, потребни се докази за тоа. Снимени телефонски разговори, такви работи. Ианку секој може да каже што сака.
Богето е глуп во тој сегмент, затоа не ме чуди што има наебано. Во кафани најгласен беше и често спомнуваше како бил кај овој на кафе, кај оној на фудбал да гледаат, па не знам што, можам да замислам и што смси има праќано. Како што кажав и вчера, фали ме усто тип на човек што бара внимание, најлесно е од такви да извадиш физички и електронски доказ.
 
S

silmarillion

Гостин
На крајот како што кажа Ставрогин, џабе е се, ако не успее народов да извлече поука од ова. Не очекувај вработување од партија, не иди по митинзи без своја воља на повик на СМС или фејсбук порака, не прави кривични дела за кои имаш ветување дека ќе бидеш амнестиран. Едноставно немој, доволно е. Ниеден Грујо Заев Али држава јазик идентитет не вреди да седиш у Шутка со сидосани џанаци во 4на4 влажна просторија. Сфати го тоа пред да отидеш таму, после касно е.

http://www.bbc.com/news/world-europe-42163613

Чисто како идеа...
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.837
Поени од реакции
36.874
Џабе се такви признанија, потребни се докази за тоа. Снимени телефонски разговори, такви работи. Ианку секој може да каже што сака.
При такви признанија Обвинителството има обврска да истражи да ги провери истите признанија, да ги повика да дадат искази ако е потребно да обезбеди налог за претрес ако има основано сомнение. Сигурно животот ќе им го направи поинтересен.

Верувам дека за секој разумен човек јасно е кој е организаторот на тие настани, на сите нас тука ни е јасно дека координацијата на упадот се водела директно од Белата палата.
Е сеа тоа што викаш, требаат докази, снимки и слично.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Многу нејасни работи има во државава. Наводно ако имаш деца и си актер, пејач, доктор, се можеш да правиш, така и овој со кучево. Иначе кучето е живо и вдомено.[DOUBLEPOST=1511963491][/DOUBLEPOST]
Богето е глуп во тој сегмент, затоа не ме чуди што има наебано. Во кафани најгласен беше и често спомнуваше како бил кај овој на кафе, кај оној на фудбал да гледаат, па не знам што, можам да замислам и што смси има праќано. Како што кажав и вчера, фали ме усто тип на човек што бара внимание, најлесно е од такви да извадиш физички и електронски доказ.
Бетмен кога влегле во Собрание милион посто му пишал порака на некој од организторите, "шефе ние влеговме."
 
D

Daedalus

Гостин
Али држава јазик идентитет не вреди да седиш у Шутка со сидосани џанаци во 4на4 влажна просторија. Сфати го тоа пред да отидеш таму, после касно е.
Каква црна Шутка, какви бакрачи, тоа за ситен криминал е. Само Идризово.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Бетмен кога влегле во Собрание милион посто му пишал порака на некој од организторите, "шефе ние влеговме."
тоа зборам, таков човек е. Башка пишав на форумов преклани кога седеа на масата до мене тој, Дамовски, попон трансфер што направи, Пимен, Иле и уште 2-3ца како се кодошеа меѓу себе и како јадеа трици за тој што ќе станеше, затоа викам набрзо ќе пропеат, барем за Дамовски и Богдан гарантирам.
 
S

silmarillion

Гостин
Каква црна Шутка, какви бакрачи, тоа за ситен криминал е. Само Идризово.
Исти курац ти е. И двете не вредат. Не во 21ви век секако. И поготово не ако си попален да направиш глупост од интернет патриоти особено тие што се на други континенти.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.272
Поени од реакции
8.659
Чудо како не излезе некое отворање предмет/истрага досега за тие 120.000 евра што Пандов ги собрал кога се затворала Bet City кладилницата. Не ми се верува дека го заборавиле...
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.410
Поени од реакции
7.866
Ќе се амнестираат кривични дела сторени до 20 септември 2017 година

Предлог-законот за амнестија, кој е усвоен на вчерашната седница на Владата, се однесува за кривични дела сторени до 20.9.2017 година. Во законодавниот дом овој закон ќе се носи во редовна постапка, a ќе се овозможи уште еднаш отворена дебата на оваа тема, рече Миле Бошњаковски, портпарол на Владата на средбата со новинарите.

Владата го задолжи Министерството за правда да организира јавна расправа и отворена дебата, а и да достави нов пречистен и усогласен текст на Предлог – законот за амнестија, откако ќе измине периодот на консултации и откако ќе завршат јавните расправи и дебати.

Со законот ќе бидат ослободени приближно 670 правосилно осудени лица на казна затвор на шест месеци, а на 3.097 лица ќе им биде намалена казната за 30 отсто.

Со предложениот текст на закон не се предвидува амнестија за лица правосилно осудени на казна доживотен затвор, како и за сторители на кривично дело Убиство од член 123 од Кривичниот законик, кој опфаќа убиства извршени на свиреп или подмолен начин, убиство при вршење на семејно насилство, убиства со умисла при што е доведен во опасност животот на уште некое лице, убиства од користољубие, заради извршување или прикривање на друго кривично дело, од безобѕирна одмазда или од други ниски побуди.

Амнестија не се предвидува и за сторителите на кривични дела против избори и гласање (член 158-165-в) од Кривичниот законик, за кривични дела против половата слобода и половиот морал и тоа: (член 186, член 187, член 188, член 189, член 191, член 191-а, член 193, член 193-а, член 193-б и член 194 од Кривичниот законик, за кривични дела против државата (член 305-327) од Кривичниот законик, за кривични дела злосторничко здружување (член 394-394-г), од Кривичниот законик, како и за кривичните дела против човечноста и меѓународното право (член 403-418-а, 418-в до 422 од од Кривичниот законик на Република Македонија.
#НемаПравдаНемаМир

Уште да испадне ова кадровска база за регрутација на некој.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom