Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Нема бе нема доставувачи за овие. Освен ако не копале тунел до мајка Русија, Братот Асад и кардиологија Ердо, ама знаејќи дека од кафана и урда у диско не мрднале подалеку, тешка работа. Имаа време да акнат некоја касарна да поделат оружје али глеаш не им текна : ))

Иначе од моменталната ситуација, за спомињање е дека Миленко кој чудесно магично не беше во држаава за протестите и гејот Цветин извадија гз.

За дестабилизација доволно е да излезат пратениците од ВМРО ДПМНЕ надвор од Собрание и нема кворум. Плус плочките ги вадат од пред суд, што значи се спрема нешто.
 
Член од
22 јануари 2017
Мислења
182
Поени од реакции
144
За аболицираниот нема судии, секој ден е одложено судењето, и сега тој криминалец апси криминалци, која иронија.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.406
Поени од реакции
7.857
Викаш така на мала врата ќе помини и тоа ?
Ќе си се разбудиме со ново европско име или ?
Не зошто мала врата, на главна капија влегува.

Еве земи сеа шо е дешава, прво ги дискредитираа (основано, шо дробеле тоа ќе сркаат) до степен да не можат ниту еден денар борчлија да останат во бакалница, друга организирана структура на територија на МКД не постои шо може да поведе маса народ.

Да се разбериме, ниту на момент ДПМНЕ не било ВМРО, сега се открива колку подметнати ликови од непријателски служби има.

И сеа шу праиме?

Договорот со бугаристанците помина поради тоа шо баш патриотите се обидуваа на мала врата да го протнат, исто со законот за албанизација, прифатија се и во ниту еден момент не се дистанцираа за време на преговорите за формирање Влада, значи лицемерие невидено покажаа, и сеа јуриш народе да ја браниме мајка Македонија, со кој кредибилитет бе?

Имаа апсолутна власт десет години, шо покажаа, шо оставија обичен граѓанин да не е партиски војник да застане позади нив сеа?

Пола раководства им се со бугаристански пасоши, ако не чешки тогаш, ако не е исто тогаш слично е, и?

Јас коа пишав дека де факто функционираме како федерација и тогаш сето тоа беше увертира за редефинирање на земјата одамна беше, еве сеа де јуре, само да стигнат до дво третинско мнозинство.

Сега големи шанси има да се одложи законот за албанизација на неодредено, пошто името е приоритет, да не биде ептен многу.

Шаблонски е сево ова изведено, стимулираат корумпирана власт, ако им фати кривина лесно канализраат основан гнев врз нив и чао пријатно, да беше чесен патриот немаше ни да стигне дотаму, напротив, технократ на чело на патриотска партија, чуму?!

Еве сега и со црквата, дефинитивно е целта изолација на Србија, во одреден момент тоа да прерасне во отворено непријателтво со други народи од иста етничка група, пример ние, затоа шо ако се тоа отворено НАТО или Албанците да речиме создава кохезија, вака е сосема поинаку.

Истот се нарпави на Блиски исток, во кампот Бука во Ирак беа комлотирани теократска партија, остатоци на Баахт партијата на Садам со фанатици терористи, сите сунити се разбира, ИСИС е нивно чедо, организациски, прагматични квалитети на Баахт со фанатизмот и жестината на брадосаните. Цел Блиски Исток во пламен е.
Секундарна цел Сирија, за на крај примарна цел да биде Иран, свесни дека ако е немуслимански потеклото на нападот, обединува покрај се, вака секташка војна, суни против шија.

Еве кај нас и црквата стигна на дневен ред, меѓу другото, голема грешка има СПЦ и Србите општо тука,


И сеа за каков референдум правиме муабет, која хипотетичка ситуација, пука се по сите шавови?

СДСМ и Албански фактор бојкотира, Албански фактор не се само политичко милитантните претставници на Алабанците во МК, тоа е Албанија со сите свои капацитети, Косово, Албанска дијаспора и над се АЛбанска мафија, со полна дипломатско разузнавачка логистика. Ниту БЕСА ниту Алијанса за Албанците нема можност да оди против бојкот, значи излезноста таму минимална, СДСМ ги има институциите а тоа знаеш шо значи за пластелин народ, капаче на сево ова ДПМНЕ се дискредитирани до коска за сите свои гервови према овој народ и со ова сега шо се дешава и према државата.

Кој го легитимираше Талат Џафери?

Ова е Балканфилм продукција, и тоа нискубуџетен филм, нема отстапка никаде, координирано делуваат, реков, распродадени сме одамна, сеа се испорачува, само нешто им го измести планот во меѓувреме.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.988
Поени од реакции
16.043
Интересно размислување. Само што работава отиде во ендек коа паметнине влегоа и девееја во Собрание. Ако судската власт реши да пресече и да не го спроведе законот за случајов, шо ќе правиме утре кога некој друг ќе одлучи дека Собранието е ловиште? Ќе си играме Див Запад? Спроведувањето на законите и одржување на правна држава е неопходно во моментов.

Шо се однесува до муабетот за граѓанска војна, некако ми се чини дека истата постои само во главите на некои "војводи". Некако немаа одзив на претходниот проглас за одбрана.
не е проблемот што ЕУ инсистира а судската власт реши да го заврши случајот со Крвавиот Четврток...
Но има ДРУГО што се замолчува во здрав памет...
ЕУ фрли анатема на дпмне по црниот Понеделник 2012..
Ајде што ќе беше ако мнозинството пратеници тогаш 2012 го изгласаа БУЏЕТОТ исто како сега на 27 Април што мнозинствоито го изгласа Таљат ???
Како ќе реагираше тогаш гЕУ ??:mad:
Судската власт требаше да бара повторување и легално изгласување на Таљат, а насилниците досеѓа да бидат казнетри......

И уште ова, фризерот на Шугар бејби доби 4 години затвор , ај да видиме колку ќе добијат убијците на градоначалникот од Боговиње и сега на независниот кандидатот за градоначалник ???
Да не кажувам што ех градоначалникот на Шутка доби потрес на мозок па напаѓачите добија само формални прекршочни пријави а медиумите си правеа заебанции
 
S

silmarillion

Гостин
За дестабилизација доволно е да излезат пратениците од ВМРО ДПМНЕ надвор од Собрание и нема кворум. Плус плочките ги вадат од пред суд, што значи се спрема нешто.
Каква дестабилизација? За дестабилизација треба да си фактор. Можеше Грујо да направи дестабилизација во корелација со Али порано. Сега неможе на национална основа. Јавната администрација е масовно прешалтана кај СДС пошто они продужија со ВМРО тактика на сметка на приватниот сектор. Ниедна странска земја не смее да помисли да игра со Грујо а поготово тие што можат да прават срања (Албанија и Косово). Ќе излезат пратениците, ќе се рапишат избори и СДС ќе добие 70 пратеници, а ние пак ќе тапкаме у место пошто грото од државата е неспособна да створи на легален пат. Така да низбрдо е тргната колата одамна на ВМРО сега само добива засилување.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.497
Во 5 сабајле ги собрале. И тоа кај овие што се по згради, ѕвонеле на домофон кај комшиите да им отворат и да не им кажуваат дека е полиција :icon_lol:
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.209
Поени од реакции
21.948
има друг проблем, иако се уште не е изгласана вистинска двојазичност, граѓаните ( не само македонци) што не го знаат албанскиот јазик а живеат во Тетово имаат проблеми во комуникацијата со јавните институции... а кој знае што ќе стане ПО усвојувањето на законот..Што ако тие се организираат и масовно дојдат пред Собрание, со се деца и покуќнина, исто како што бегаа србите од Книнска краина ??
Ќе ги апси МВР за загрозување на државата :mad:

И да се вратиме на Сценариото на Крвавиот Четврток ...
Како тоа Толпата Дознала Дека во Собрание ќе се врши вонинстутиционално изгласување на Талат ??? Прочитале на ФБ ?? башка во тоа време имаше мислам Ракометна утакмица во сала а и на ТВ ??
СМРДИ, Штипе за очи....
На некој му смрди, на некој баш пријатно му мириса.
Било како било не си прајте филмој за џабе, логичен след е тоа на настаните. Ако не е логичен тогаш е пожелен пошто секако вака повеќе не биваше работата.
Баш го барав мислењето кога прв пат постирав такво нешто( можи и уште порано ама ми е мака да барам, доволно е и вака ) и баш испадна со еден удар две муви да скинам. Ај што сум го постирал тоа пред скоро точно една година туку во постот @Bateman плачи и ме обвинува како сум го дркал на Ердо а види го сега по една година каков пресврт има направено. Како друг чоек е. Се радва, пука од среќа, си вика море овој Ердоган знаел како треба.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.988
Поени од реакции
16.043
. Ќе излезат пратениците, ќе се рапишат избори и СДС ќе добие 70 пратеници, а ние пак ќе тапкаме у место пошто грото од државата е неспособна да створи на легален пат. Така да низбрдо е тргната колата одамна на ВМРО сега само добива засилување.
Не е така, па СДСМ нели излезе од собрание, не им прифаќаа оставки ??
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.759
Поени од реакции
7.586
не е проблемот што ЕУ инсистира а судската власт реши да го заврши случајот со Крвавиот Четврток...
Но има ДРУГО што се замолчува во здрав памет...
ЕУ фрли анатема на дпмне по црниот Понеделник 2012..
Ајде што ќе беше ако мнозинството пратеници тогаш 2012 го изгласаа БУЏЕТОТ исто како сега на 27 Април што мнозинствоито го изгласа Таљат ???
Како ќе реагираше тогаш гЕУ ??:mad:

Судската власт требаше да бара повторување и легално изгласување на Таљат, а насилниците досеѓа да бидат казнетри......

И уште ова, фризерот на Шугар бејби доби 4 години затвор , ај да видиме колку ќе добијат убијците на градоначалникот од Боговиње и сега на независниот кандидатот за градоначалник ???
Да не кажувам што ех градоначалникот на Шутка доби потрес на мозок па напаѓачите добија само формални прекршочни пријави а медиумите си правеа заебанции
ЕУ е небитна во случајов. На шо сака може да инсистира. Задача е на обвинителството да го претстави случајот пред судот и Судската власт да го процесуира истиот според законите на државава.

Во демократските држави постои едно начело наречено поделба на трите столба на власта. Следствено на начелоно, за изборот на Талат, судската власт е ненадлежна бидејќи тој избор е прашање кое е во опсегот на работа на законодавната власт. Знам, комлицирани се овие работи, не се баш најинтуитивни.
 

k3b

Член од
17 декември 2010
Мислења
2.811
Поени од реакции
4.287
Odi tamu pred sudot da cuvas straza moze ke ti iskoci sreka da dobies nekoja plocka u taa tvoja prazna glava, za osvestuenje de ne deka sakaat bas tebe da te pogodat.
Важи. Ај сеа олабави и симни ми се од куров.

Оди бркај орли и причај српски
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.014
Поени од реакции
3.757
Направија беља и сега ги апсат, што има тука спорно? Спорно ке беше ако не ги уапсеа. За пратениците си важи имунитетот и тоа не е спорно во случајов. Ке си се покрене постапка за одземање на имунитетот и се по закон. Моментално пратеницие се само лишени од слобода, не се во притвор. Имунитетот ги штити само од притвор. Што значи дека во рок од најмогу 24 часа од лишувањето од слобода истите ке бидат пуштени а потоа откако ке им се одземе имунитетот ако судијата им одреди притвор ке бидат уапсени и правец у Шутка. Едно е лишување од слобода а друго е притвор.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom