Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
@Almeida

Мојот пост погоре, драконски забрани мерки, така се решаваат проблемите, нема со овој стока од народ со молење и милување ништо, забрана на горење на дрва и остало ѓубре бе, па ако не сакаат нека смрзнат цело зимо
 
Член од
21 јуни 2010
Мислења
165
Поени од реакции
39
кој ти кажал ?? На Србија не и бараат Нато за ЕУ, само Косово да го признае... а и доста членки на ЕУ не се во Нато, ПРОЧИТАЈ па постирај...
Освен тоа сега НАТО не е актуелен, ЕУ најави своја војска, а на пример Австрија се пријави за европската војска а не е во НАТО, кое е поскапо и води операции на други континенти ...
Чекаj, чекаj, ама ти навистина мислиш, дека Србиjа ке влегува во ЕУ? :lolzz: НАТО може да излезне од актуалност, кога ЕУ ке формира воjска, за сега такво нешчо не се видува. Лично jазка сум за европска воjска.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.755
Поени од реакции
5.026
Она кога ,,ако прават лоши работи ќе ги криткуваме и нив'' се сведе на ,,ај ако не да ги вратиме вмро''. ДНУ ДНА !!! Сега да има некоја нова тамара случај одговорот ќе биде ист, а тогаш се сечеа вени се палеше скопје и така натака. Бачко тоа ти се вика лицемери, користољубие и борба за фотеља а не подобар живот за мене тебе и сите останати.
После овие глупости со даноците, буџетот и Бугарите ужасно ми фали Грујо и ВМРО. А веќе неполн месец помина и веќе Петре почна да се глупира и да забегува не седна во фотеља и веќе Коце ми фали (Водно глупости).
 
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
Па искрено очекував дека планови, визии и проекти се направени претходно а сега ќе се зафати со реална работа. Мислам на толку мака што видоа да дојдат на власт, сето тоа да го прокоцкаат заради неумешност и немотивираност за работа.

Еве друг пример, јас лично тука го критикував кандидатот за градоначалник на Кавадарци и сега едини градоначалник од ВМРО, Митко Јанчев, и стојам на тие работи што го кажав за неговиот карактер. Ама во овој еден месец, еден куп дупки во и околу градот се закрпени, проектот со доградба на градскиот кеј го продолжи и го гради со силен интензитет, сега реално за загадувањето и да сака нешто да направи тешко ќе биде, едноставно треба драконски да ограничиш сообраќај и греење на дрва (и останато ѓубре) ама тоа да го направиш ќе те обвинат дека си тиранин и диктатор (ја иначе да сум градоначалник баш тоа би го направил па нека ме пцуе и колне пола град ако треба).
Vidoa maka da dojdat na vlast? Chisto se somnevam...Tie bea doneseni na vlast so idea da go dotepaat narodot, da stvorat iluzija deka ovaa drzhava "na makedonskiot narod" ne mozhe da se odrzhi, Makedoncite ednostavno kako narod ne se sposobni da imaat drzhava. Duri i da ima nekioja "dobra dusha" da saka neshto pozitivno da stori za Republika Makedonija ednostavno ke bide eliminiran kako "kalemena sliva".
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.014
Поени од реакции
3.757
Види го овоj будала дете, црква дипломатски се признава потешко од држава!

Башка во нашиот случаj нити еден битен фактор во православниот систем на цркви и односи не ги поддржува потезите меѓу БПЦ и МПЦ. Се работи за мошне конзервативен свет коj гледа на настаните од политички аспект, односно бугарско-македонското приjателство се сфаќа како ревизиjа на одамна поделени сфери на влиjание. Тоа одма влегува во директен судир со интересите на ГПЦ, Вселенската Патриjаршиjа, и се разбира, СПЦ, а црвсто до Србите на полето на религиjата секогаш стоjат Русите. Така да преку ноќ не беше можно да се постигне пресврт.

Jас онака да потсетам дека пред изjавите на добро упатениот Архимандрит Партениj од Бигорски никоj воопшто не замислуваше оти само за неколку месеци ситуациjата може да прогресира до денешните позитивни и охрабрувачки одлуки :zver:
И што ке се случеше ако денес БПЦ излезеше со изјава дека ја признава нашата афтокефалност? Вака како што гласи одлуката на БПЦ излеговме невидени будали. Ем се покоривме и им го бакнавме газот, рековме дека БПЦ ни е мајка црква иако е сосема обратно, ем за тоа не добивме ништо, апсолутно ништо. Сега кај не не признаа уште ни остана и признанието дека БПЦ ни била мајка црква и сега од тоа нема назад. Ке посредувале и ке се застапувале пред другите помесни цркви за да не признаат и да се канонизираме. Што тоа значи? Ке треба со посредство на БПЦ да седнеме и да преговараме со СПЦ или ГПЦ? Па ако беше работата за да дадат изјава дека ке посредуваат можевме да се обратиме и до некое рибарско здружение, ефектот ке беше ист. Можевме да се обратиме и до Сали Бериша и тој ке речеше дека ке посредува но што фајде од тоа. Работата се усра и усмрде до невидени размери а некои таа смрдеа се обидуваат да ја скријат па денес дрндаат како одлуката на БПЦ била голем успех. Ма нека идат у курац и договр за добрососедство и помош и посредување, пак се покажа како точна онаа народната дека волкот го менува влакното ама умот не.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Глупав, како го поврза денешното разбојништво со дојде живот и сдсм?

Искрено, овие три работи како успеа да ги поврзиш?
Двајцата кои беа убиени биле дечки кои дошле да сменат 50 евра, сопственикот кој инаку е долгогодишен член на Сдсм, со своето оружје кое го поседувал нелегално ги убил овие двајцава. Потоа им ставил фантомки и во координација со полицијата направиле да изгледа како грабеж.
Оставка од Спасовски одма!!
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
@Almeida

Мојот пост погоре, драконски забрани мерки, така се решаваат проблемите, нема со овој стока од народ со молење и милување ништо, забрана на горење на дрва и остало ѓубре бе, па ако не сакаат нека смрзнат цело зимо
Не може, ова е демократија.
 
B

Bafra

Гостин
Мизерија Шилегов на Телма, ЌЕ направиме, ЌЕ разгледаме, ЌЕ планираме, ниеден конкретен проект, ниедно готово решение, никаков план, никаква визија, шо кур правеше у кампањата и пред неа, се е само на зборови и фрази.
Можно е да не очекувале дека ќе дојдат на власт. Си се опуштија 10години плата и бенефиции а само чак пат ќе кажеа Уаа.

@wicked_1 а и остали правници, овој што си бранел животот и парите од Менувачницата ќе јаде ли затвор ?
Какво е правилото во нашата ебана правна држава ....

Јас сега би излегол пред суд да му се даде подршка и орден, што не спасил од 2 неспособни, плус нема да се трошат пари за затвор за тие 2[DOUBLEPOST=1511816080][/DOUBLEPOST]
Чекаj, чекаj, ама ти навистина мислиш, дека Србиjа ке влегува во ЕУ? :lolzz: НАТО може да излезне од актуалност, кога ЕУ ке формира воjска, за сега такво нешчо не се видува. Лично jазка сум за европска воjска.
Европска војска :lolzz::lolzz:
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Прво, Асад е лопов и тиранин, многу полош од паторот, второ припаѓа на шија сектата Алави
Го споредуваш Асад со Грујо? Ти стварно си пролупал бе. :pos:
„Заштитата“ на христијаните е само на руските телевизии и сите проруски медиуми по светов
Нормално, тоа не очекувај да го видиш на CNN.
Му коментирам на вол(к)от цело време за да му дојде памет малку. Боље нека си ја стаи у потпис онаа рускана спонзоруша што не мафташе дека била ќерка на Заев и ставаше нејзини слики од инстаграм.
Абе само @kano за тебе, ништо друго.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.130
Поени од реакции
15.082
Štom vaka pišuva provladina televizija..."ima nešto trulo u našoj državi"

Ноќни контроли на МВР: Страв кај граѓаните и револт кај угостителите


SHARE
TWEET
PIN
SHARE



Три викенда по ред МВР заедно со инспектори од Управата за јавни приходи (УЈП) и Државниот пазарен инспекторат вршат контроли во угостителски објекти во повеќе градови низ земјава. Покрај униформираните полицајци, инспекторите ги придружуваат припадници на специјалните единици на МВР, кои во кафулињата влегуваат вооружени како за некоја акција.

Последната контрола изминатиот викенд беше на територијата на Скопје, Тетово, Велес и Струмица. Извршени се проверки во вкупно 33 угостителски објекти, од кои 15 на подрачјето на Скопје, три во Тетово, осум во Гевгелија и седум во Кавадарци.

Овие акции предизвикаа страв кај граѓаните кога во ноќни клубови, кафулиња и кафеани влегуваа десетици специјалци и револт кај угостителите кои реагираат дека ваквиот однос на полицијата им нанесува големи штети врз работењето.

Граѓанин кој се нашол во близина на ноќниот клуб „Епицентар“ во Скопје за НОВА ТВ раскажа каков бил односот на полицијата за време на контролата во овој објект.

„Во петокот навечер, односно сабота околу 2.30, кога дојдов пред ноќниот клуб Епицентар затекнав двајца вооружени специјалци на самиот влез, а внатре во клубот музиката беше изгасната. На шанкот имаше двајца постари полицајци кои разговараа меѓу себе. На моето прашање дали може да ми кажат што се случува, дрско ми одговорија да си ја гледам својата работа, или во спротивно ќе ме приведат. Ја само им кажав дека на ваков начин се сее страв меѓу посетителите и ноќниот живот во градот замира, по што едниот од нив ме повлече за уво и така неколку метри влечејќи ме изнесе надвор каде на брзина добив и еден шамар“, раскажува скопјанец кој сака да остане анонимен.

Откако го изнеле надвор од ноќниот клуб, под изговор дека ја попречувал работата на полицијата, заедно со петмина полицајци со полициско комбе бил однесен во Полициската станица Беко.

„Таму набрзина напишаа некој записник и ме тераа да го потпишам, а во спротивно ќе ми “натовареле“ казни од 3.000 евра. Одбив да потпишам, одбив и да бидам алкотестиран и да соработувам на било кој начин, бидејќи по нивната грубост и строгост очигледна беше намерата да ми наштетат, особено по однесувањето на младиот инспектор. Се закануваа дека ќе ме носат во Бардовци каде ќе преспијам. Им велев дека не сум под дејство на алкохол, а и не бев, бидејќи пијам антибиотици, но ме однесоа на Токсикологија каде по кратко тестирање утврдија дека вистина не сум во алкохолизирана состојба, за што ми издадоа и потврда“, раскажува тој.

Потоа, вели нашиот соговорник, повторно го одвеле во ПС Беко каде му дале да потпише изјава „под закана дека ќе го држат цела ноќ и ден ако не го стори тоа“. Тој одбил да потпише, а потоа бил пуштен да си оди дома.

„Ни крив ни должен, а очигледно понижен и исплашен, сега сум во ситуација во која најверојатно ќе бидам обвинет за омаловажување на полицаец, прекршок за кој е предвидена глоба од 900 евра. Ваквите постапки на одредени припадници на полицијата сосема го уриваат угледот на лицата кои ја носат оваа униформа и кои треба нас граѓаните да не заштитуваат, а не да не малтретираат“, вели нашиот соговорник.

Друг граѓанин кој во петокот бил излезен во клубот „Бравo“ сведочи за дрскиот однос на полицајците кон гостите.

„Доживеав да ме тресе полиција за време на рација во „Браво“ и кога ги прашав зошто имаше потреба да се толку некултурни со мене ми рекоа: „Дечко, собирај си ги парталите и губи се“. Еден и ми се закани: „Ај оди си пред јас да ти покажам како функционира законот“.

Извинување до гостите и револт кон полицијата на социјалните мрежи искажаа и од бендот Yarl, кои во петокот имале свирка во кафулето „Браво“.

„И така ноќесна „1984“ се материјализираше и тоа за време на нашата свирка во „Браво бар“. Низок удар МВР. Пренизок дури и за вашите стандарди! Длабоко жалење и извинување до сите наши драги пријатели кои беа малтретирани, понижувани и вознемирувани од страна на нашите „безбедносни сили“, напишаа од бендот на нивниот Фејзбук профил.

За односот на полицијата при контролите на угостителските објекти неодамна реагираа и од Здружението за заштита на правата на угостителите „Хорекаши“, кои се жалат дека во сите контролирани објекти е нарушено редовното работење, а во многумина и стопирано.

„Со тоа е нанесена огромна материјална штета и е нарушен угледот на истите објекти, посебно кај оние каде не се најдени неправилности. Посебен акцент ставаме на предизвиканиот страв кај гостите од кои повеќето се странци видно загрижени за својата безбедност, кои вчудоневидени седеа во објектите спречени истите да ги напуштат од припадниците на ЕБР наоружани до заби, за кои сите знаеме дека таму не им е место“, велат од здружението „Хорекаши“.


На прес конференцијата на МВР минатата недела, директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски, присуството на специјалните полициски единици при контролите на угостителските објекти го правдаше со безбедносни причини.

„При контролите учествуваа полициски службеници од повеќе организациони единици. Од Одделот за специјални полициски операции, крим полиција, униформирана полиција. Ние во сите објекти не влеговме со службеници од Одделот за специјални полициски операции, туку со нив влегуваме онаму каде што врз основа на претходна безбедносна анализа ќе се утврди дека безбедноста е од висок степен и од тие причини, како поддршка на редовната полиција и инспекторите од УЈП и Државниот пазарен инспекторат ги ангажираме колегите од специјалната единица во случај да интервенираат при поголемо нарушување на јавниот ред и мир“, рече Велковски.

За време на последните контроли во петокот на неколку објекти им се издадени решенија за привремена забрана за работа, некои пак се казнети парично. Три објекти се казнети поради непочитување на Законот за заштита од пушење, две лица се приведени бидејќи бил фатен како пуши марихуана, а проведен е и еден малолетник кој пиел алкохол. Неколку лица се приведени поради нерегулиран туристички престој на странски државјани и нерегуларно вработување.

Министерството за внатрешни работи најави дека во соработка со другите институции ќе продолжи со ваквите контроли и во наредниот период.

Сопствениците на кафулињата и кафеаните кои ги контактираше НОВА не сакаат јавно да зборуваат. Велат дека немаат ништо против полициските контроли и спроведување на законите, но не ја разбираат употребата на прекумерна употреба на сила и непристојно однесување на дел од полициските службеници.
http://novatv.mk/nokni-kontroli-na-mvr-strav-kaj-graganite-i-revolt-kaj-ugostitelite/
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.497
Настрана рацииве, дискотекиве кај нас сите би ги затворила, сосе пар сељачки места како ДежаВу. Отворање тек кога ќе излезат малце од филмчињата кои ги тераат само нашиве и во Србија.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom