Не ми е јасно што се притресувате до толку. Па затоа и постои референдумот. Кај организиравме избори на секои 5 месеци, ќе се најдат пари и за еден референдум.Ќе си излезат граѓаните со право на глас, ќе си заокружат тоа што мислат дека треба и крај на приказната. Одлуката на референдумот е задолжителна и конечна каква и да е таа.
Ако граѓаните се решат за промена на името и тоа за севкупна употреба тогаш власта има одврзани раце тоа да го спроведе, ако се изјаснат за да нема промена на името тогаш власта нема што повеќе да дискутира со било кој околу тоа прашање и да си го бара решението на проблемите на друго место. Убавото во сето тоа е што и идната власт, која и да биди таа нема да може да ја промени одлуката од референдумот, нешто како наша црвена линија.
Јас сум дури и во пакет со името на републиката да одат и знамето, грбот, химната, редефинирањето и се што е сега засега актуелно. За да не мора да правиме референдуми за се посебно пошто тоа кошта и што е поважно се губи драгоцено време.
Така да референдум и да завршиме еднаш за секогаш со тоа.
Да не се декларираше како про-ДПМНЕ ќе си мислев си провокатор од СДСМ, пошто ова шо го предлагаш е пенал за нив, настрана шо јунанистанците никогаш нема да си дозволат да зависи нешто од резултатот на референдум кај нивниот драг северен сосед.
Земи или остави, пошто ако има и кај нив референдум ништо од бизнисот.
А ќе да е голем бизнис, доста инвестирано има, долго време, големи пари.
Ете да речиме дека ќе се одлучува референдумски, СДСМ и Албанскиот блок кај нас ќе бојкотираат гарант затоа шо тој е наједноставен начин за контрола, цирка 2004 истото беше, притисоци невидени ќе има, може и некое меѓународно шеќерче да добиеме во ист манир како тогаш само шо сега јамката уше позатегната и помалку проток на возудх нормално.
А знаеш дека помалку кислород во телото ги намалува сите процеси, психо-локо-моторни.
Како и да е никој не се спротивставува сериозно, се е декор и фолклор, само да не се повторува 2001 овој пат нешо поразлично, со поефтино да се помини.
Треба на раат да се троши домаќински спечаленото.
Реков, ако глуп народ силна држава е правило, ние сме исклучок...