Ајде бе не паничи и не паѓај на ВМРО пропаганда. Врска ти нема муабетот. Какви кантони, каква двојазичност , какво редефинирање. Се е тоа ветер во магла. Тоа режимот пробва да се спаси ама нема бегање од демократијата и слободата.
Можи да се речи, никој не кажа шо прифатија за да формираат Влада, чие формирање, ете според нив во последен момент е спречено, покрај сето тоа во ниту еден момент не се оградија уште помалку обврзаа дека доколку тие би биле калиф место калифот нема да прават она што се лучува сега, накратко ветер во магла. А и со кој кредибилитет би го направиле тоа не ми е јасно.
Си создадоа алиби според кое не можат да се „борат против никој и ништо“ ако немаат 60+ пратеници, и нели народот е крив тие никако, тоа е луксуз кој може да си го приуштат благодарение на декларативниот патриотизам, за разлика од нив „прогресивните“ не можат да употребат таква реторика, тегнење уши следува.
Се на се, тоа пак не го ослободува Зоран Заев од одговорноста што во залог ги стави националните интереси и зеде учество во Балканска револверашка пресметка со меѓународни судии, каде отиде со џебно ноже, јебига.