Јас не реков ништо поинаку од ова. Само се концентрирав нна делот од стихот кој вели
''и Бог беше Словото''.
Да точно ако се концетрираме на објаснување на целиот стих вели дека словото постои во Отецот пред да биде роден од истиот и дека словото е бог по природа, затоа што е роден од Отецот.
И од ова не кажав поинаку. Само го објаснив пократко. И јас реков дека словото(синот) се отелотворило и дека потекува т.е. е роден од Отецот. Не обрнав толку внимание да го објаснувам тоа со славата и благодадта. Битното ми беше само делот со словото стана тело и единороден од Отецот да ги објаснам.
И овде се концентрирав само на делот
,,Својот Бог и вашиот Бог,,. Нема поента да рече Исус ,,својот Бог,, кога и самиот тој е бог по природа(бидејќи е Божји син) без разлика што се отелотворил во човечко тело. Ако е само поради што бил во човечко тело тогаш е ок. Инаку божество да каже дека некој друг му е и нему бог не би имало поента. Друго е да каже дека му е шеф зашто делува по негова волја.
Него јас сакав тебе друго да те прашам. Во брска со поимот
''Елохим''. Колку што знам јас се користел како еден од поимите за
''Бог''. Но пред некое време читав дека всушност изразов (Елохим) бил во множина во хебрејскиот јазик и означувал
''богови''. Колку е точно ова??
-Црвениот дел:
Во право е
@Ipsissimus. Не можеш во исто време и да почитуваш нечие верување и да го сметаш за глупост. Јас не го сметам за глупост твоето верување во Бога. Ако е така тогаш треба да го мислам истото и за моите другари кои сите веруваат во Бога. Ги почитувам и нив и тебе затоа што не го сметам вашето верување за глупост. Кога би рекол дека е глупост би ве навредил, а со тоа не би ви укажал почит.
-Виолетивиот дел:
Јас не ве исмејувам. Лично немам ништо против христијанството, ниту против исламот. Тогаш пак би имал против и моите другари кои дел се христијани, дел муслимани. Јас само зборувам против патријархалното уредување што го имаат двете овие религии дека жената треба да е потчинета на мажот, истото за кое и самата зборуваше дека неможе некој маж да ти кажува што да правиш. А и радикалните закони како оној претходно што го спомнав од библијата, од Исход и други радикални случки од стариот завет кои наводно Бог наредил да се случуваат, а не ги напоменав.
-Синиот дел:
Е оти така збориш? Зошто ти се глупост Один, Тор и Светиот Мјолнир
????