здраво дечки има еден проблем шо му се деси на близок човек мој па ми треба мислење,се работи за една фирма со транспорт на стоки и овај мојот човек е таму шофер кој во средат имал тура за ск носел во некоја фирма нешто,дури возел по пат му јавува магационерот од фирмата во скопје и му вели те молам дали на една бензиска пумпа ке растовариш 6 пакети а другото да го донеси тука а ние ке ти ја потпишиме фактурата,пошто и порано во пракса се случувала и за други фирми да го направат ова шоферот растовара 6 пакети и др го носи во фирмата во ск и таму му потпишуваат. Наредниот ден му се јавува директорот на фирмата и го вика на работа и му вели ;во таја фирма во ск му фалат 6 пакети а ти си виден дека во толку и толку сатот ги растовараш на бензиската пумпа,и сега шоферот му вели да јас ги растоварив пакетите но претходно бев замолен од магиционерот на фирмата. и шо се случва сега директорот и управиот одбор му велат ова е кривично дело и ти учествуваш во кражба ние ке ти дајме отказно решение и ке те тужиме,но пошто си долги години кај нас за да не те тужиме ке потпишиш спогодбено дека го раскинуваш договорот.Пријателот мој исплашен пошто е човек во години пробва да му објасни но тие не му дозволуваат му викат ке одговараш кривично дури и со затвор го потпишува спогодбениот договор како тој да бара да си оди од работа,иако е таму акционер и околу 35 години е во фирмата. се консултиравме денес со адвокат голем проблем е потписот на спогодбата , па ако има некој правник или да познава сличен случај не ка одговори...