Велат се што се дешава е обична илузија и представа што сами си ја создаваме во главата. Дали ќе биде на емоционално ниво кон одредена личност која ни е блиска, важен настан со кој што го ставаме за репер за сите успеси и падови понатака и слично, нели, ме сфаќате што мислам. Во последно време правам некои осврт на настани, какви канцери од личности сретнав, какви сонциња под облаци, какви "другари до смрт" на прва кривина ти прават eject на седиште, какви морални курви или "у покушаj".
Велат на факс се ќе биде поразлично, испреплетени судбини со една цел, подобро утре, а не врскари, галеничиња, психопати и заостанати во време и простор. Мислеш штом си на факс ќе наидеш на едни созреани личности, неколку пати емоционално умрени, останати без пари, научени на важни лекции, некои со деца, некои патат од синдром на невозвратена љубов, а ти, со домашно воспитање на воено лице кое било во три војни, одиш со морал, отворени раци за соработка, ама пак не очекуваш нешто назад, едноставно се надеваш тоа што ќе го понудиш како карактер и вештина ќе се припои кон другите и ќе итате со полна пареа на иста цел. Ништо слично, или со други зборови, све е у гз праено. Еден голем cluster fuck, домино ефект, националисти за професори, без грам почит, пошо почитта е двонасочна улица за мене без разлика дали е доц.д-р.проф-пичка-ли-му-матер или обичен копиљ од улица. И на крај кога погледнеш назад и си оставил нешто, онака у некоја сентиментална вредност за самиот универзитет, не дека ќе крстат предавална по тебе но сепак не е малце (не влегувам у детали) за на крај да се осеќаш должен на нив, што ти даде диплома, да не те признаваат пошо сакаш да продолжиш на друго место.
Ми се чини дека е до мене. Еве у последно време злато да допрам станува сребро, луѓе што ми биле блиски сега наведнуваат глава, се ставаш самиот себеси над нив и си лошиот. Модерново општество ќе ми остане енигма, ако не судиш по изглед, пол, сексуална определба и не те боли кур кој со кој си ја вара женска му, автоматски си социопат и еднорог на општеството. Се да ви ебам, како што викаат, сам па како најдобро знам.