Добро ова со учебнициве и лекциите за Албанија, знаете дека само така седат во книгите и не ги предаваат професорите по историја, така? Уште јас кога бев средно имаше по цели поглавја па се скокаа.
Па да, и терористите само ги амнестираа, ама ете и на власт ги донесоа, па сега и тие терористи
ќе ги пишуваат книгите по историја.
А се` започна со најобична потрага по мирот, за да не ни се случи крвопролевање во 2001 година, за да живееме во "мир во нашето време", како што рече Невил Чемберлен кога слета во Лондон на 30 септември 1938 враќајќи се од Минхенската конференција, каде што го потпиша Минхенскиот договор со Едуард Даладие, Адолф Хитлер и Бенито Мусолини, а со кој им даде амин на Хитлер и Нацистичка Германија за да ја окупираат Судетската област од Чехословачка.
Не поминаа ни 6 месеци, а Хитлер и нацистите ги окупираа преостанатите територии од Чехословачка спротивно на Минхенскиот договор, не поминаа ни година дена од потпишувањето на Минхенскиот договор, а Чемберлен и` објави војна на Нацистичка Германија на 3 септември 1939, и ете колку траеше "мирот во нашето време".
Овие игранки на зајко кукурајко и плавите жолтици со двојазичност, менување на книгите по историја и преименување на "бугарскиот окупатор" и "албанскиот окупатор" во "окупаторот", се` чисто продавање на ветер во магла.
Единствено ни` останува да се надеваме дека нема да се случи нова светска економска криза и нова економска депресија, бидејќи тогаш западот ќе ги затвори своите граници за имигрантите, па ќе нема каде да бегаат младите од Фиромистан.