Тоа е тоа, направен е невиден преседан, и затоа сега во ред е се што прави господинот Заев, и промена на име и идентитет, и укинување на Македонскиот јазик како единствен официјален, и бришење на македонската историја.
Се е тоа дозволено сега.
Ахмети: Нека не се плаши никој, нема да бараме надомест за геноцидот врз Албанците, но ќе бараме осуда во парламентот
Ахмети: Нека не се плаши никој, нема да бараме надомест за геноцидот врз Албанците, но ќе бараме осуда во парламентот
Во Зајас во Кичево денеска беа погребани посмртните останки на Алабанци кои биле усмртени во масакри помеѓу 1913 година до Втората светска војна, информираат од ДУИ. Од таму додаваат дека овие останки биле пронајдени во неколку гробници.
На погребната церемонија се обрати лидерот на партијата, Али Ахмети, кој најави дека ќе побара од Собранието на Република Македонија осуда на злосторствата извршени пред 104 години.
-Барам солидарност од Македонците бидејќи и врз нив имало злосторства. Затоа ќе инсистираме да се носи резолуција во парламентот за осуда на геноцидот кој е направен врз Албанците пред 104 години. Нека не се плаши никој, бидејќи нема да бараме надомест. Нивните животи не можат со ништо да се надоместат-порача Ахмети.
Вицепремиерот, Хазби Лика, пред присутните рече дека со почитувањето на овие жртви се порачува никогаш повеќе да не се повторат вакви злосторства.
Министерот за дијаспора во Владата на Албанија, Пандели Мајко, пак, рече дека овие луѓе се убивани само затоа што зборувале албански јазик. Тој и се заблагодари на македонската Влада што овозможила да се одбележи овој настан.
На настанот во Меморијалниот центар „Албанска мајка“ во Зајас присуствуваа членови на владиниот кабинет од редовите на ДУИ, како и пратеници од оваа партија.
http://fokus.mk/ahmeti-neka-ne-se-plashi-nikoj-nema-da-barame-nadomest-za-genotsidot-vrz-albantsite-no-ke-barame-osuda-vo-parlamentot/
Ја мислам дека нема таков член, кој што Заев нема да може да го прими деновиве. Едноставно владее расположение сите да бидат задоволени.
Јас мислам дека најдобро би било постхумно да ги амнестираме извршителите на тие таканаречени злосторства од пред 104 години во името на мирољубивиот мултиетнички соживот.
Или во спротивно, пред да се осудат таканаречените злосторства од пред 104 години, да се започне прво со осудување на злосторниците од 2001 година, почнувајќи со барателите за осудување на тие таканаречени злосторства од пред 104 години.
Мислам дека на зајко кукурајко и на плавите жолтици нема да им претставува проблем, бидејќи и тие порано беа, а од 1 јуни 2017 повторно се` во коалиција со амнестираните терористи - кои делеа пари со пвеводбениците и со нивниот пастир кога беа со нив во коалиција, ама тоа беше порано, па не се важи сега - поради што мислам дека нема да им претставува проблем или да ги амнестираат злосторниците од пред 104 години, или да ги осудат во пакет со злосторниците од 2001 година.
На крајот на краиштата, Шутка не им бега и на стотици, ако не и илјадници други аболицирани и/или амнестирани борци за човекови права.