Здраво,
Пред неколку години на форумот се консултирав за клима и поради него зедов GREE Hansol за Битола ладење/догревање.
Е сега реновирам стан во Скопје и ми треба совет за клима за ладење/догревање (има железарско парно). Станот со реновирање ќе има прозорци со Uw=1, изолација на под (Рехау кошулица) и евентуално таван 5 цм компресиран стиропор и делумно на ѕидовите (северен дел).
Ми треба греење/ладење на простор дневна трпезарија и кујна отворен простор од околу 38-40 m2.
Битен елемент е да биде ладна резерва за греење дури и во најладното.
Може и да е краткорочна инвестиција.
Ве молам за предлози според критериумите