Некако незабележано помина извештајот на една од најтргуваните акции на МСЕ, мојата стара љубов МТУР, па да кажеме некое зборче.
Оваа акција, за годинава, може да ја проектираме на некои 110М нето добивка, или околу 270 ден/акција, што на сегашната цена доаѓа п/е 16-17. Тоа само по себе делува лошо, ама уште полошо е што од тие 110М, само 80М ќе останат за акционерите, другите околу 30М ќе отидат на награди на менаџментот, за нивната напорна и пожртвувана работа.
Толку напорна и пожртвувана, што успеваат фирмата да забележи пад во нето добивката во последните, чекај да избројам, една две три четири пет години, ме мрзи да го ширам Екселот може се повеќе, битно од 214М во 2012 на сегашниве речиси двојно помалку. Како ли ќе беше да не работеа толку напорно и пожртвувано?
Елем, не е реално да се очекува зголемена дивиденда во услови на намалена добивка, што значи повторно околу 180 ден бруто, отприлике 4% принос на сегашнава цена. За таков принос влегоа нашиве фондови генијалци, искрено подобро ќе им беше да ги орочеа во банка и мирна глава.
Нејсе кај оваа фирма е реално да се очекува дебела корекција на цената. Ако тоа се случи, и ако падот на добивката конечно запре, може да ја обновиме старата љубов