ОК е тоа, но сепак треба некаде да се остави и некое име од постарата историја. Ако се ограничиме само на 1945+ самите си се маркираме како дојденци, народ без корени.
А не е лесно, речиси сите постари великани ни ги присвојуваат ; Албанија не се БУНИ за Скендербег, Блгарија за Самуил, Србија за Душан ( или Марко Крале), ама тоа е од аспект на асимилаторски претензии.
И шо добивме со преименување од Петровец во Александар Велики?
Ако тогаш се ставеше некое прифатливо име, внимателно избрано, сега ќе праевме муабет за нешто шо е вистински неријател на националните интереси на МКД, а тоа ти е корупцијата, пошто треба да се сфати дека ниту една странска непријателска агенда не може да продре без експлоатација и стимулирање на истата.
Еве ти Ченто, пред се антифашист, чесен патриот, АСНОМец, Прв Претседател и човек кој изгоре поради тоа шо држеше една чисто МКД линија, малку потврда и одбиваше целосна сервилност кон Београд.
Е сеа дали ова ќе го дозволат удбашките рецидиви не знам.
Во секој случај треба дебата и тоа да го филтрираат историчарите, колку е изложен како лик на странска пропаганда и дали може да се експлатира на било кој начин...малку посериозен пристап, не се некои од соседите толку паметни колку шо сме ние глупави.