Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.945
Поени од реакции
18.038
Aбе најјака емисија на Ефтов беше со пропаднатиот патриот шешељ, па со тој лик никој нормален човек не би правел интервју бидејќи како грујо се продава за ситно
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.491
Поени од реакции
18.517
А правда за „нашата банда“?
http://plusinfo.mk/mislenje/3555/a-pravda-za-nashata-banda
Група од неколку дузини бандити од Косово, најверојатно во соработка со помала група бандити на власт од Македонија (за тоа, малку подолу), во мај 2015 година изведоа вистинска мала дводневна војна во кумановското „Диво насеље“. Резултатот беше регионална безбедносна драма од средни размери, покрај големата национална безбедносна драма со неколку десетици мртви и ранети на двете страни. Како што е познато, загинаа и осум македонски полициски специјалци.

После две ипол години притвори и судења, минатата недела се изрекоа казните за бандитите од Косово: многу доживотни и многу други долги затворски казни.

Еден од нивните адвокати (паметен човек, инаку) вели дека казните биле престроги, драконски, бидејќи осудените не биле териристи… Е, што биле? Па, биле изманипулирани со „политичка заднина“, а и не убиле цивили… А кој вели дека тероризмот е насилство – секако изманипулирано со „политичка заднина“ – кое се спроведува неопходно против цивили? Ама, вели одбраната, тие биле наивни, овде ги наместиле, ги измамиле…

А што не те измамат тебе, прво да нападнеш некоја косовска гранична караула, од таму да земеш еден тежок митролез, да обесиш ракетен фрлач на рамо и да наредиш десетина бомби за појас и, со уште 30-40 души вооружени до заби како и ти, да отидеш во некое предградие на Приштина и таму, без разлика кој-што те лажел и колку пари ти дал или ти ветувал, да распалиш по косовските полициски специјалци, да убиеш осуммина од нив и да раниш преку триесет други службени лица? Дали албанскиот суд во Косово тоа нема да го третира како тероризам?! Уште, во судот да извикуваш „Косово е Србија!“, а и кога ќе ти ја читаат пресудата, со трите четнички кренати прсти да ѝ мафташ на судијката пред нос…

Тешко дека Кривичниот суд во Приштина ќе има адекватно разбирање за твојата наивност и ќе ти суди според кривичните дела за криволов и за „пукање на свадба“, а не за тероризам. Но, ако косовскиот суд те осуди „драконски“, ќе собереме неколку автобуси демонстранти од Македонија и од Србија и ќе одиме во Приштина да протестираме заради пресудата и ќе извикуваме „Србија, Србија!“ пред зградата на косовската влада, ќе запалиме две-три албански знамиња и ќе бараме меѓународна судска арбитража…

Со или без иронија, до тука, работата е прилично јасна.

Прашањето, се разбира, е зошто не ѝ се суди на „нашата банда“? Зошто Јавниот обвинител и Судот не ги интересира – а, по закон, БИ МОРАЛО – да ги открие СИТЕ вмешани во овој терористички чин, да го расчисти нивниот мотив, кој бил инспиратор, ко-организатор, веројатен финансиер и, конечно, кој имал дијаболичен политички, материјален или друг интерес од овој криминален, теористички чин? Зошто македонското Обвинителство и Суд ова не ги интересира?

Како може да нема адекватна истрага за кумановскиот инцидент на „македонска“ страна? Сите индиции покажуваат дека истите луѓе – ИСТИТЕ! – потоа го организираа обидот за државен удар во април годинава во Македонското собрание. Кој вели дека тие луѓе (сите се на слобода), повторно, нема идната недела, или идниот месец, пак нешто да организираат против стабилноста и уставниот поредок на државата? Да не им фалат пари и други ресурси? Да не немаат мотиви и други мрачни интереси? Да не им фалат доволни будали на располагање?

За да се избалансира вториот дел од проблемов, со оној првиот, судски затворен на погоре опишаниот начин, склон сум да се согласам со барањето за некаква меѓународна кривична арбитража во овој случај, бидејќи македонското правосудство НЕ Е СПОСОБНО, не на експертско, туку на политичко ниво, да изведе коректен истражен и судски процес.

Или, можеби, Апелација ќе собере храброст (оти знаењето не е спорно) и ќе го врати судскиот процес на почеток, па да се дознае кој, кога, како и зошто го инспирираше, го испланира и го егзекутира Кумановскиот инцидент?

Само, „албанскава страна“ што сега бара странска судска арбитража мисли дека, ако се открие и „македонската страна“ на инцидентот, конечните пресуди за сите би биле значително помали… А јас мислам дека, напротив, ако се докаже нивната вмешаност, и за „македонската страна“ треба да следуваат и доживотни робии, според „заслугите“. И тоа сите да се сместат во истото затворско крило во Идризово.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
... цела Македонија, зборам за НАС ... а бе не сте во тек воопшто ! аууууу :yid:
Страшно, нели. А замисли УЧК да ти е во Влада и Собрание цело време. Ќе излезе работата УЧК сам себе ќе го убивал. :(

Па кое ќе видам дека Република го објавила соопштението... ништо чудно да добиле и екслузивни права.:LOL:
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
после изјавата на Тевдовски да не се манипулирало со дизелот ако не сте компетентни, може да се затвори темава на неодредено
пошо никој не е експерт и компетентен повеќе од сдсмовските жморони моментално на власт, за СЕКОЈА тема.
следствено на тоа, нема потреба од дебата по ниедно прашање. нити за сдсмовскиот ск2014 од изборите до денес.
него сериозно,кај е модераторот (вработен во минстерството за вистина)? мислам дали е све во ред со неговото здравје, освен своеволната лоботомија.
 
S

silmarillion

Гостин
Тежок деген и промашен кадар е данецот. Општо од првава постава у влада до локална самоуправа полоша екипа од СДС не постоела.
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
Тежок деген и промашен кадар е данецот. Општо од првава постава у влада до локална самоуправа полоша екипа од СДС не постоела.
како професор е супер. ама... изјавата е најава за начинот на кој што ќе се владее до следните избори. `дебата да, ама кога ние ќе одлучиме дека сте компетентни за тоа` иако се ваши парите.
инаку ова министерството за вистина почнало да пишува фб постови и на советници,не само на министрите
постот на бранимир е доказ. такви глупости и неиздржани работи од економска гледна точка може само некој приуќен ПР бот да смисли.
p.s
некој од наставничкиот пленум од официјалниот мејл пишал извинување до владата за револтот кон наводното покачување од 5% тек следниот септември. безрбетници насекаде...
дебата, дебата, дебата, дебата, дебата, дебата... и така во следниве 4 години.
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.775
Поени од реакции
37.773
Страшно, нели. А замисли УЧК да ти е во Влада и Собрание цело време. Ќе излезе работата УЧК сам себе ќе го убивал. :(

Па кое ќе видам дека Република го објавила соопштението... ништо чудно да добиле и екслузивни права.:LOL:
... ќе се пишеме во среда можит? ;) ...
п.с.
исто како што ја укинуваат агенцијата за јавни набавки, а таа е под ингеренции на министерство за финансии, а ја укинуваат поради можни малверзации, тоа му доаѓа сам себе се пријавува кој ?? :facepalm:
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.433
Поени од реакции
4.355
Уште една мерка коко покачувањето на акцизата за дизелот и слободно може Груевски да бара предвремени избори. Па ако сакавме арачлии такви имавме, се надевавме на некои поразумни а не да менуваме хајдук за ајдук. Ке мора Заев многу да се потруди и да не прави вакви глупости туку да фати и да намали тоа казните за се и сешто....
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
наскоро сдсмовските освестените граџани ќе покажат дека не се жморони лоботомирани и ќе организираат протест противЧ
1. загадувањето
2. бројот на починати бебиња
3. новото ск2014
4. новите давачки за уште поголема јавна администрација-паразити
5. додади по своја желба[DOUBLEPOST=1510002639][/DOUBLEPOST]ruskoto vlijanie mora da se suzbie vo koren
http://alfa.mk/News.aspx?id=125786#.WgDPrlt-phF
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
наскоро сдсмовските освестените граџани ќе покажат дека не се жморони лоботомирани и ќе организираат протест противЧ
1. загадувањето
2. бројот на починати бебиња
3. новото ск2014
4. новите давачки за уште поголема јавна администрација-паразити
5. додади по своја желба
кое загадување? ај молим те ако не си компетентен не коментирај за дизел, загадување, ново ск 2014, давачки...

еве само што не стигна 500еур просечна плата за администрација, 1500 за доктури, само шо не стигна животот...

или...?
да не мислеа 5% наместо 500еур... кхм, кхм
ма нема врска.

сигурно знаат што прават, сигурно го прават тоа за наше добро само ние не можеме да видиме. не сме компетентни ;)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom