во ред Бафра. Дали во моментов пишуваш како корисник на дизел возило, фирма која превезува роба или сакаш да пишуваш за економија на државата. Доколку пишуваш за првото, верувам дека во моментов и во 2016 ти било полесно со цена за 25-30% помала од претходниот период. За второто е потребна информација за % на трошоци за гориво сега и изминативе години и како % од вредноста на превезената роба.
За третото, како би ги решил ти проблемите? да не редам, сето она што стои како економски криминал и долгови? Еве наместо даноци, кои ги предвидувавме изминативе години, што би сторил? Или прво сакаш да ги споменеме дел од долговите на општините, ЈП, државните органи, па потоа некои конструктивни предлози како тие проблеми би се решиле наместо покачување на даноци и давачки?
Впрочем, и мене ме интересира зошто јас да плаќам поскапа вода и нови и повисоки даноци за некој што ја задолжувал државата најмалку 10 години, а сега мува да не го лази?
За тоа дека кога се намали цената никој не спушти цена од транспортери до производители си ВО ПРАВО, но нецелосно .
Прво кога растеше нафтата транспортните фирми не ги зголемуваа цените правопропорционално со растот, туку кога дојде до одредена цена ги зголемија, а и после кога порасна уште 10-20 долари не ги зголемија.
За трговците и производите тоа си е приватна/лична одлука, ако гледа дека му купуваат зашто да намалува.
Е сега БИТНИОТ момент - ПРОБЛЕМИТЕ.
Кажи која е
ПРИЧИНАТА за проблемите... дојди до причината на тие проблеми, исфрлија да влијание и НЕМА проблеми. Многу едноставно.
Вака по твое ти сакаш последиците да ги решиш, притоа како што е и докажано безброј пати, решението (за лечење на последиците) станува НОВА причина за уште поопасен проблем.
Гледам си ги спомнал последиците, е сега да ти помогнам за причините:
- ПРЕГОЛЕМА администрација, ем непотребна, неефикасна, корумпирана итн итн.
- ПРЕГОЛЕМО трошење на власта (било која) за НЕПРОДУКТИВНИ цели.
Зголемувањето на Акцизата и даноци без решавање на главниот проблем е самоубиство за економијата.
Финска Данска и види колку коли има секое домаќинство, колку се задолжени, според тоа колку заработуваат тие сите би требало да живеат во замоци и со слуги (а не живеат), без долгови. Затоа и за некоја година ќе видиш како се РАСПАЃА социјалистичка ЕУ. Само тогаш причината ќе е изгледа Русија или имигрантите а не екстремно високите даноци и непотребни трошења на владите.
Ние сме наркомани, секоја година се поголем буџет и поголем долг. Наркоман знаеш како завршува нели. Е сега има луѓе свесни дека така ќе завршиме ама им е гајле, слично како пушачите, алкохоличари, конзументи на многу шеќер ем знаат дека е штетно ама убаво им иде.
Е ама има и луѓе кои НЕ се сакаат да бидат наркомани, мислат на иднината на последиците, на ДЕЦАТА во какво општество ќе растат, луѓе кои НЕ СЕ МРЗЛИВИ и лакоми, луѓе кои вложуваат огромна енергија и труд за да напредуваме.
Друга работа: ЗАШТО БЕ ДА ИМ ЗЕМАТЕ НА ТИЕ ШТО ИМАЛЕ (божем богати), ШТО НЕ НАПРАВИТЕ/ ОВОЗМОЖИТЕ ТИЕ ШТО НЕМААТ ДА ИМААТ ПОВЕЌЕ ??