Цени на горивата во Македонија (поскапување и поевтинување)

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.396
Поени од реакции
35.069
А вака по твое ќе се покачат сега за скоро платите во приватниот сектор или уште подобро што велиш ти ќе се крени стандардот сега вака за скоро ?
Па зарем не гледаш дека ним аргументите никогаш не им се за подобрување на работите, туку секогаш се за тоа која од двете најусрани политички партии, повеќе поентирала на ситнопартиски интереси.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.368
Поени од реакции
24.082
Не додржуваат овие* цел мандат Владе, еве избери си во што да се опкладиме.

*Под овие мислам на партија на власт, да не го буни Бафра
Чекај малце да ги дефинираме параметрите. Под не додржуваат цел мандат подразбираш одење на предвремени избори? А што ако и на тие предвремени избори победи СДСМ и формираат влада ? Дали одењето на предвремени избори ќе го рачунаме како недодржување на цел мандат или под недодржување на цел мандат ќе подразбираме тоа да на СДСМ им падне владата и некоја друга политичка сила би формирала нова влада пошто тоа е многу битно.
Ако рачунаме под недодржување на цел мандат тоа дека на СДСМ би паднала владата и некој друг би бил мандатар во која СДСМ не би била владејачка партија тогаш нема проблем одма пуштам рака за кладба. Само да ја одредиме временската рамка.
Дури сум спремен како влог од моја страна да добијам перманентен бан од форумот за век и веков.
Ти од друга страна што си спремен да вложиш како влог?[DOUBLEPOST=1509796913][/DOUBLEPOST]
Па зарем не гледаш дека ним аргументите никогаш не им се за подобрување на работите, туку секогаш се за тоа која од двете најусрани политички партии, повеќе поентирала на ситнопартиски интереси.
Е ако де , немам јас проблем со тоа. За арно за лошо си добија на избори, ја имаа довербата од мнозинството на граѓаните со право на глас што посебно се виде на локалните што во реалноста би значело дека граѓаните се согласуваати ги подджуваат политиките на владата какви и кои и да се тие.
Сега само да ги стегниме забите и само храбро. Нема одмора док траје обнова.
Додуша некои си правеа бајрам со умот па после побрзаа да се оградат од сето ова во смисла абе СДСМ се полоши, го знаевме ние тоа но битно Груевски и фамилијата да одат во затвор ( или така нешто во таа смисла ), некои активно се нафатија да релативизираат као божем тоа би им сменало нешто во животот или како тие да не се во исти гомна како и сите други и дека тоа нема да влијае на нив самите туку само на некој таму други. Трети едноставно кренаа раце, увидоја дека сме доведени до стадиум на тесто кои е готово измесено и ставено во калап само треба да се уклучи фурната. Како што можеш да забележиш моментално се врви, нема никаков јавен отпор од никој, си голтаме се како поп сарма но од друга страна нели тоа го сакавме ( или го сакаја поголем дел од граѓаните со право на глас). Некој друг да ни го бери гајлето. Е па ете некој друг ни го бери гајлето.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.396
Поени од реакции
35.069
Ќе забегаме во офтопик... Барем за чисто социјални работи би било многу нормално да се бунат луѓето. Kолку кошта литар дизел, колкав процент од тоа е зголемувањето на акцизата од 3.5 денар? Колкаво поскапување?

Како на времето што не се бунеше никој (освен неколкумина) за укинувањето на евтината тарифа на струјата. Но кога се понуди враќање на истата, подоста гласаа баш заради тоа. Зошто тогаш веднаш да нема бунење и протестирање??
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.840
Поени од реакции
12.349
Затоа сине, те прашав дали ти воопшто знаеш што е разлика меѓу цена и АКЦИЗА? :coffee:
прво, ќе те замолам тоа синко и слични термини да си ги користиш по дома и да одржиш макар еднаш некое нормално ниво на дискусија. Ако воопшто можеш
Второ, те прашав што му прави тоа разлика на шоферот, таксистот или тамчето. Правиш грешка во термини или не знам каква наука сакаш да извадиш -цена и акциза. Едноставно е, акциза влегува во цена. Мене ме интересира цена (како што е насловена темата-цена, а не акциза на горивата). Инаку да повторам, тоа за мене како корисник или за таксистот или тамчето со леб не прави никаква разлика.
ни превработеноста ни хонорарите не се намалија - напротив, се зголемија.
дали имаш доказ за ова? Колку се зголеми превработеноста од јуни наваму, колку се зголемени хонорарите во министерство за здравство, советниците....да не ги редам милиони евра само хонорари?
Манипулираш со повисоките цени на дизелот порано кои беа повисоки заради повисоките светски цени на нафтата.
Третпат те прашувам. Како тие 3-3.5 денари дали ради Арабија или китовите во северното море небитно, ќе се одразат на твојот домашен буџет и буџетот/цената на таксистот или превоз на лебот. Посебно со оглед на тоа што 2012, 2013, 2015 цената е за 20 денари минимум повисока. И едно што ме чуди. Ти пречи "скок" на цена од 3.5 денари, а не ти пречи скок од 20-25 денари. Барем не видов во темава 2012, 2013, 2015 да си пишал дека ти пречи. Зошто?[DOUBLEPOST=1509802226][/DOUBLEPOST]
Кичево остана тогаш единствен град каде лебот остана на 20 денари,,,значи се можело...
Ѓоко тоа го збориме со Платун. Си играат играчки со цените, се жалат по медиуми и ги качуваат наводно заради повисоки цени на горивото, од 73. Последниот период беше околу 50 денари. Истите тие не ги намалуваат откако ќе се намалат цените на горивото.
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.787
Поени од реакции
5.063
50 ден дизел окулу 7-8% зголемување...плус домино ефект на други цени. Далеку од убава работа.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.461
Поени од реакции
18.466
А вака по твое ќе се покачат сега за скоро платите во приватниот сектор или уште подобро што велиш ти ќе се крени стандардот сега вака за скоро ?
Платите се покачија во приватниот сектор, за тие што земаат минимална плата. Така да ако одам по твојата партиска логика можам и да завршам тука.

Но, реално во приватниот сектор нема да се покачат платите, дури не емигрираат доволно луѓе од државава.

Она што јас го очекувам е подобрување на ситуацијата во државава за водење на приватен бизнис.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.396
Поени од реакции
35.069
те прашав што му прави тоа разлика на шоферот, таксистот или тамчето. Правиш грешка во термини или не знам каква наука сакаш да извадиш -цена и акциза. Едноставно е, акциза влегува во цена. Мене ме интересира цена (како што е насловена темата-цена, а не акциза на горивата).
Филиус, ти не си фиљан човек. Не си ни таксист ни камионџија. Најверојатно воопшто не си ни шофер (возење на џојстик не се рачуна). Пошто да беше било што од набројаното немаше да браниш една клепотратска мерка каква е покачувањево, и тоа во облик на АКЦИЗА во висина од окулу 7%, од цената на дизелот.


Третпат те прашувам. Како тие 3-3.5 денари дали ради Арабија или китовите во северното море небитно, ќе се одразат на твојот домашен буџет и буџетот/цената на таксистот или превоз на лебот.
Ако не можеш да разбереш што значи покачување од ~7-8% епа тогаш ти си надвор од можностите на било чие објаснување.


Мене ме интересира цена (како што е насловена темата-цена, а не акциза на горивата)... Посебно со оглед на тоа што 2012, 2013, 2015 цената е за 20 денари минимум повисока. И едно што ме чуди. Ти пречи "скок" на цена од 3.5 денари, а не ти пречи скок од 20-25 денари.
Пошто извесно е ОЧИГЛЕДНО дека не разбираш разлика меѓу цена и акциза, читај, гратис едукација за неписмени:
https://mk.wikipedia.org/wiki/Акцизи

Но пошто се сомневам дека ќе го прочиташ нешто макар и на тацна понудено, специјално поедноставено (како за тебе) разбери дека акциза е додадена вредност на цената. Утре ако цената треба пак да скокне до високите вредности од 2014-та (заради светски трендови), на таа цена ЌЕ СЕ ДОДАДЕ ОВАА АКЦИЗА.


Ај сеа ти продолжи си да какаш како е добро и одлично да се зголемуваат таксите и даноците. Најлоша сорта сте вие партиските папагали, и копрофагија да ви кажат да промовирате, и за тоа ќе не убедувате овде дека е добро за нас. :cautious:
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.312
Поени од реакции
15.474
Е ај да не вози, црвена комуњарска буржоазија е. :D

За време мрачно-транзициската доба, кога мамата им се еба на многу фамилии, татко му беше поставен за директор на кумановската Житомел - фабрика за леб и бели пецива, со преку 300 вработени.

Фабриката ја шитна на еден од главните пулени на Б.Ц - кумановскиот мафијаш Бајруш Сејдиу, кој подоцна беше осуден на 12 години затвор заради малверзации и стечајни постапки со четири кумановски фирми (меѓу кои и Житомел), во кои незаконски се стекнал со имотна корист од околу 6 милиони евра. :icon_lol:
Čisto me interesirase i prasav...da,... javna tajna bilo deka tatko mu na "pomošnikot na krojačot na budzetot" mu go dal Zito Kumanovo na Bajrus Sejdiu....koj patem go puštija od zatvor pred lokalnite izbori....
 
S

silmarillion

Гостин
Добро може некој на Бранислав да му забрани да искача у јавност заедно со Рашковски нормално? Не, мислам ако може.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.312
Поени од реакции
15.474
Добро може некој на Бранислав да му забрани да искача у јавност заедно со Рашковски нормално? Не, мислам ако може.
Ме потсетуваш на една парола што ја имам видено во една студенска соба(вероватно во времето кога си роден...:eek:) и гласеше вака:

``секој во оваа соба внесува радост...некој со своето влегување...некој со своето излегување``

најдобро е овие двајцава да го направат вториот дел од оваа порака....подобро за сите
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.368
Поени од реакции
24.082
Платите се покачија во приватниот сектор, за тие што земаат минимална плата. Така да ако одам по твојата партиска логика можам и да завршам тука.

Но, реално во приватниот сектор нема да се покачат платите, дури не емигрираат доволно луѓе од државава.

Она што јас го очекувам е подобрување на ситуацијата во државава за водење на приватен бизнис.
По мојата партиска логика тешко тој што стигнал да чека државата да ја крени минималната плата за да земи поголема плата. И кога сме кај мојата партиска логика ( не е ни во мода то поќе ама ај нека ти биди) уште кога и се воведе таа минимална плата како мерка јас бев против. Можеш да ги побараш моите мислења од пред 100 години и увери се и сам дека јас бев на став( и уште сум ) дека наместо минимална плата требаше да се воведи пропорционална плата и имав образложено и зошто. Така да толку од мојата партиска логика.
Околу зголемвањето на платите можеше да речиш наместо да се одселат поголем број луѓе( каква е таа економска политика само ти си знаеш) да се зголеми вработеноста па пазарот на труд сам би си ја регулирал висината на платата.
Сите тоа го очекуваат ама многу е битно кој како си ги замислува тоа подобрување на ситуацијата. Според тебе тоа би било државата да субвенционира превоз до некоја европска држава и да им плати за да не те враќаат.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.622
Поени од реакции
16.832
многу реакции на цените на горивата, но мислам не е баш така... од што беше и е релативно ефтино горивото премногу се вози, воглавном по еден во кола, гужви на раскрсници, ниту на зелено не се минува, па кога ќе собереш сума сумарум подоллга градска вожња, ем поголема потрошувачка , уништување на возила, загадување, башка нервози поради сообраќаен хаос ...
Исто и со цигарите, више досадни станаа со дузина разни врсти цигари, да чека народ на каса касиерката да му ги пронајде одредени цигари на зависникот... Треба да забранат и продавање цигари секаде, само посебни продавници
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.368
Поени од реакции
24.082
Добро може некој на Бранислав да му забрани да искача у јавност заедно со Рашковски нормално? Не, мислам ако може.
Незнам шо забра ти гајле ко бизнисот ти посовреме си го пресели надвор од државата. Рашковски и Бранислав можат само да ти се фатат ;).
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.461
Поени од реакции
18.466
По мојата партиска логика тешко тој што стигнал да чека државата да ја крени минималната плата за да земи поголема плата. И кога сме кај мојата партиска логика ( не е ни во мода то поќе ама ај нека ти биди) уште кога и се воведе таа минимална плата како мерка јас бев против. Можеш да ги побараш моите мислења од пред 100 години и увери се и сам дека јас бев на став( и уште сум ) дека наместо минимална плата требаше да се воведи пропорционална плата и имав образложено и зошто. Така да толку од мојата партиска логика.
Околу зголемвањето на платите можеше да речиш наместо да се одселат поголем број луѓе( каква е таа економска политика само ти си знаеш) да се зголеми вработеноста па пазарот на труд сам би си ја регулирал висината на платата.
Сите тоа го очекуваат ама многу е битно кој како си ги замислува тоа подобрување на ситуацијата. Според тебе тоа би било државата да субвенционира превоз до некоја европска држава и да им плати за да не те враќаат.
После социјализмот на ДПМНЕ тешко оваа влада да се откаже од пензионерите, земјоделците и администрацијата. Ќе оди курбан ала минут.

Така да јас не се залажувам со глупости, моите очекувања од оваа влада се влез во НАТО и подобрување на условите за приватниот сектор.

Да нема инспекции и казни по порачка за да си знаеш колку ти се даноците, да се подобри малце од малце здравството за да не мора да тргаш пари настрана за приватни болници.

Иако последно го пишувам, најбитно е да се смират страстите кај народот и малце да се обедини, затоа што ДПМНЕ го раздели надолго и нашироко по секоја основа. Така ќе имаат луѓето повеќе време за бизнис.

И тоа ќе биде доволно засега.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom