Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
ете,конечно потврда. некои дебати биле неплодни. продолжение на нејзината менторка`некои прашања не заслужуваат одговор` и слично
ама во право е, вмро ем кењкаат ем не напуштаат парламент. мора да гласаат и да дадат легитимност на тоа што се договориле за нивната лична слобода

колку што е лош крсте, толку е лоша и оваа ивана. апла слаб говорник. се спушти на ниво на крсто и изгуби. а претставува сдсм елитата.
 
Последно уредено:
Минчо Јорданов и подарил стан на Соња Трачуловска, пошто мала и беше месечната помош од 5.000 евра од владата.

Веома врло патриотски. :D

22788692_1496241583762962_6825001811246537403_n.jpg

22730630_1496242863762834_7883900600481994807_n.jpg
 
Поздрав, Ѓорѓи.

Министерство за култура: И да рушиме споменици тоа ќе биде во согласност со законите, а не преку ноќ со багери


По изјавата на Мирослав Грчев, претседател на Комисијата за „Скопје 2014“, при Министерството за култура, дека спомениците Александар Македонски, Филип и Триумфалната порта ќе бидат отстранети, бидејќи биле поставени на незаконски начин, од Министерството за култура појаснуваат дека допрва ќе се прават анализи и консултации и ќе се носат одлуки дали некој од спомениците ќе биде отстранет.

-По завршувањето на комплетните елаборати за спомениците „Ќосето“ и „Мајка Тереза“, каде што беше утврдена нерегуларност од повеќе аспекти„ и беа приоритетни пред Комисијата за Скопје 2014“, следни на увид се „Александар“, „Филип“ и портата „Македонија“. Во овие случаи најгрубо е прекршена основната законска регулатива, односно Собранието не одлучувало за нив иако така наложува законската постапка. Со тоа е прекршен Уставот и затоа ќе мора бргу да се реагира. По завршување на елаборатите, како што наложува постапката на Комисијата, тие ќе треба да бидат отстранети“, изјави Грчев за „Макфакс“.

На прашањето на „Фокус“ до Министерството за култура, дали веќе е донесено конечно решение за отстранување на посочените споменици и дали тоа ќе предизвика нови финансиски импликации, од култура појаснуваат:

-Анализата на проектот „Скопје 2014“ се уште не е завршена. Откако ќе заврши ќе се согледаат сите аспекти, па во соработка со другите државни органи, како Град Скопје и општина Центар, бидејќи најголемиот дел од спомениците се поставени од нив, ќе се одлучи како ќе се постапува. Доколку се утврди дека некој од спомениците треба да се отстрани, тоа ќе се направи согласно законските процедури, а не преку ноќ, сигурно нема да рушиме ноќе со багер, како што тоа го правеше претходната власт со поставувањето на спомениците, ни изјави Петрит Сарачини, портпарол во Министерството за култура.

Сарачини додаде дека, како што и претходно изјавил министерот за култура Роберт Алаѓозовски, проектот „Скопје 2014“ се третира како изолиран вирус.
Прво, Грчев воопшто не може да се третира како непристрасен стручњак. Второ, ако има неуставност, нека се поднесе преставка до уставниот суд, јас се залагам за законитост. Откако ќе се разгледа преставката за Сјо ќе дојде и оваа на ред. Ако има незаконитост, не значи да се урнат. Зошто тоа?
 
Прво, Грчев воопшто не може да се третира како непристрасен стручњак. Второ, ако има неуставност, нека се поднесе преставка до уставниот суд, јас се залагам за законитост. Откако ќе се разгледа преставката за Сјо ќе дојде и оваа на ред. Ако има незаконитост, не значи да се урнат. Зошто тоа?
А бе, полека, чекај малце сега, каков суд, каква неуставност? Ти во тој постот си пишал од кај му на Заев легитимитет да руши проект што мнозинството го поддржало, потврдено на избори. Ете, сега, мнозинството го поддржува Заев, потврдено на избори. Од кај излегоа сега уставни/неуставни судови? Според твоето вмровско сфаќање на демократијата, за Заев да руши нешто му треба легитимитет потврден од мнозинството на избори (попросто кажано, пребројување). Ич нема потреба Заев од судови за да руши нешто, си има тој сега легитимитет потврден од мнозинството на избори.
 
Тоа е таа злоупотреба на малолетни лица во дискусија. Ај за тука мање више, ама имаше ботови кои сакаа да искористат политички поени.
 
Коѕијас во нова спирала на дипломатско насилство
Грција нуди
компромис, ама каков?


Проблемот е многу поголем отколку зајко размислувал, ако воопшто размислувал....
Не е ист проблемот како кај Ирска и Северна Ирска, таму е проблем во различни религии...
А баш ме занима дали има северноирски виски или сите се ирски виски...
Проблемот со брендови го имаат и Хрватска и Словенија, бидејќи имаат една иста географска одредница Истра; Словенија си го присвои Истарскиот Теран, сега лесно може и Истарскиот Пршут ...
Тие правни работи бараат многу пари, а не само тоа , секој Бренд, па и неоспоруван, ако не го заштитиш секој може отпосле да си го земе и заштити.
 
Каква врска има ова девојче со на Заев ќерка му? Дај сликата со вистинската ќерка на Заев, со мерцедесот.
А каква врска има поклон-стан од 2008 со мерцедесот?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom