Уф, како ќе те разочарам со муабетов со цитат после повеќе од година.
Последниов период имав задоволство да се дружам и работам со една Сиријка, прилично помлада од мене, некои 10-тина години. Да, таква како што ја замислуваш, со марама на главата, а доле нормална облека, не како нашине со мантили. Ај еве да се класифицирам сам себе како тотално разочаран од жените (а и воопшто луѓето во Скопје), за да нема забуни. Подолго време сум сам и имам прилично лоши (повеќе би рекол глупи) искуства со скопските „принцези“...ок,веројатно е во мене проблемот (или не?). За девојкава од Дамаск имам само убави зборови, прво што е физички привлечна, многу убава, второ е многу поприземна, нормална, универзитетски едуцирана и многу интелигентна.
Искрено, јас сум во една генерација која до бескрај забега. Уште ми е фејсбукот полн со жени за кои порано сум мислел дека се физички атрактивни и не им било никаков проблем да имаат партнер, дечко, маж, а уште глумат тинејџерки со другарките у недостаток на ништо конкретно и како „не им е гајле за тоа“. Веќе се остарени и играат во некоја трета, четврта лига, ама тоа уште не им е јасно. Да, има и мажи у слични „боемски“ филмови или healthy life друга крајност....ама ок - поентата е таа.
Ако одам по некоја затуцана христијанска логика немаше збор да прозборам со девојкава, ама јас сум атеист, не од оние што цепаат вицови против религијата туку покултурен и сакам да им дадам шанса на луѓето да си го покажат основното човечко во себе што нема никаква врска со религија. Така да, од се тоа што споделив со нејзе до сега, не интимен, туку најинтимен би бил со неа. Мене ми пречи единствено што ја има понизноста која идиотите им ја имаат врежано во потсвеста, ама би ја одвикнал и од тоа многу брзо, а да речеме просечен балканец би уживал со таква послушна жена, што кажува колку и ние сме затуцани, а си мислиме дека другите се.
Мој став е дека овој ментален блок ни го има создадено стандардниот модел за албанската жена, забарикадирана, неедуцирана, послушна машина за раѓање - што вистина беше така и сеуште е во добар дел од Балканот. Имам и за тоа впечаток дека е во процес на заминување, ама ќе оди многу бавно.
Друга крајност е на пример, тоа што е сон на македонци, да се оженат/омажат со луѓе од западниот свет како ете поблиски до нас. Тоа што цел живот имам впечаток дека кон нас гледаат како „мали, глупи луѓе“, со понижување. Познавам неколку ликови што земаа жени од Австрија, Германија, имаат деца, живеат заедно, а не се во брак под изговор дека тоа е као „модерно“, а за мене лично тоа е очигледно непочитување и недоверба. Дали и тоа е ретардирано? Не реков дека ќе ја барам за жена (иако не би имал ништо против тоа), ама не се осеќам како благо ретардиран што ми отворила некакви чувства, извини.