bucio
Урбан индијанец.
- Член од
- 8 јули 2008
- Мислења
- 16.330
- Поени од реакции
- 7.799
Владата веќе размислува за покривање на дефицитите со странски позајмици и зголемени даноци.
Рада И. Маневска ● 13:13 25 октомври 2017 ● Прочитано 2924
Измената на даноците нема да биде на штета ниту на граѓаните ниту на бизнисите, рече денеска вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, денеска на отворањето на саемската манифестација „Технома“.
- Било какви измени на даноците да се донесат ќе бидат во прилог на граѓаните и стопанствениците и нема да се случи без поширока расправа за што целата јавност ќе биде навремено информирана – изјави Анѓушев на констатацијата дека стопанствениците и граѓаните веќе реагираат дека не се консултирани за овие предлози и дека некои од нив ќе бидат дополнително оптоварување за нив.
Владата разгледува опции за интервенција во насока на фискална консолидација. Се бара начин како и од каде да се покрие хроничниот недостиг од пари, но и да се покријат долговите направени од претходната влада. Се размислува за поволни странски позајмици во комбинација со зголемување на даноци. Во консултација со експерти веќе се разгледуваат повисоки придонеси, повисок данок на добивка, па дури и повисок данок на додадена вредност.
Експерти кои се вклучени во изнаоѓењето решенија веќе најавија дека се размислува за зголемување на ДДВ за 2 до 3 отсто со што би се обезбедил добар прилив на пари во буџетот, а последиците би биле минимални бидејќи би се зголемиле цените на некои производи, а други би останале на исто ниво.
Од Министерството за финасии во кое се води дсикусијата за идните промени во даночната политика за Плусинфо пак изјавија дека не се размислува за промена на стапката на Данокот на додадена вредност.
Од таму додаваат дека до крајот на годината ќе се отвори јавна дебата за евентуално воведување на прогресивна стапка за персоналниот данок на доход.
http://plusinfo.mk/vest/131454/angjushev-promenata-na-danocite-nema-da-bide-na-shteta-na-gragjanite-i-biznisite
Олигархија го скрои планот а ти народе се има да платиш..