Овој па, целиот е ризница на афоризми. Не мора нацистички мерки, туку да си остане законот вака и да не е селективно. Како што кажа Кемба и кај мене во друштво и колегиве кога ќе излеземе е така, пола на пола идат надвор. Еве и на темава се огласија доста пушачи што имаат осет за другите.
Ама и сериозно како што напоменаа погоре си треба агресивна кампања за намалување со цигарите и алкохолот во земјава. Премногу мои врсници па и млади луѓе од други категории приметувам дека не се без две кутии цигари на ден или па секој ден се со пивата и вината и тоа мора да се прифати како проблем а не како животен стил.
Те афтерворк во четврток, те афтерворк во петок (кој ги донесе овие афтерворк глупости во земјава само), те сабота попладне кафана со фудбалот, те сабота вечер "со екипата"... Друга работа е и глетката кога ќе влезеш во такво зачадено место, сегде чад, прст пред око не се гледа, исто како чајџилниците во Сарај.

Страшни се и бројките на онкологија, од година во година се зголемува бројот на новорегистрирани случаи на канцер. Ајде за уништен црн дроб од алкохол се наоѓа решение какво такво ама за канцер на бели дробови не се наоѓа.