|И.И|
говно интерашко
- Член од
- 24 јуни 2008
- Мислења
- 5.588
- Поени од реакции
- 6.750
Да не се вика Владо господинот кој ти праеше интервју?Здраво,
дали има некој што живее во Дубаи?
Имам понуда за работа таму, од познат човек кој студирал во Скопје во времето на Југославија. Ми нуди сместување, платена авионска карта, работна виза и транспорт таму (ова точно не знам што значи, пари или кола за превоз до работа) и плата од 5000 дирхами месечно и веќе по нова година 6000 - тоа се некои 1400 евра. Немам семејство. По професија сум архитект и работам архитектонски визуелизации 3D и имам тука работно искуство. Зборувам англиски одлично. Човекот ми кажа дека само со англиски нема да имам никаков проблем. Тука професијата не се цени воопшто, но познавам и луѓе, колеги кои не најдоа таму работа или ја изгубија.
Ме интересира дали со овие пари таму може да се живее нормално? Не сум некој човек што се луксузира - би трошел само за основни работи. Прочитав дека комуналиите (струја и вода) месечно чинат околу 150 евра, интернетот околу 70-80. Какви се отприлика цените на храната, дали има некои други трошоци за разлика од овде и слично.
Читав дека платите на инжинерите одат и над 20000 дирхами па и повеќе, меѓутоа тоа го постигнуваат со неколкугодишно искуство.
Некои искуства совети би ми дошле добро.[DOUBLEPOST=1505496643][/DOUBLEPOST]Забораив да напишам дека и медицинско осигурување ми е платено. Некаде прочитав во темава дека треба некакви медицински прегледи. Тие се прават во Скопје или таму? Исто така сопственикот на фирмата ми спомна дека потребно е дипломата да се преведе и завери во МНР?
1400 евра со сместување е сосема солиден почеток за во Дубаи , обично превозот ти е организиран , не верувам дека ке треба да плакаш вода и струја тоа е обично покриено од работодавачот. За интернет да, ако си си со неколку луге во сместувањето ке биде многу поевтино по 20-30 евра од човек за интернет.
Медицинските прегледи ке ги завршиш во Дубаи и верувам дека ке имаш помош од работодавачот околу тоа, медицинско ти е покриено според закон освен забно. Дипломата можеш да ја преведеш судски од Македонски на Англиски , а за заверка во МНР прв пат слушам.
Мој предлог е да прифатиш и од Дубаи да влечеш контакти и да бараш работа според твојата струка, има многу примери кој успеале а и кој не успеале.
Одлуката е твоја.