Закон за забрана на пушење

  • Креатор на темата Креатор на темата teneke
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го поддржувате законот за забрана на пушење?

  • Не, треба да се укине забраната

    Гласови: 13 7,0%
  • Треба да се модифицира за да имаат угостителите поголема слобода

    Гласови: 25 13,5%
  • Да, супер е во ваква форма

    Гласови: 37 20,0%
  • Треба да биде уште поригорозен

    Гласови: 110 59,5%

  • Вкупно гласачи
    185
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.578
Поени од реакции
18.611
Со оглед дека ќе се менува законот би сакал да направам една анкета што мислите.
 
Какво укинување, има луѓе кои неможат да поднесат цигари, има луѓе кои имаат проблеми со дишните патишта, јас лично кога сум настинат треба само два дима да земе некој пред мене да почнам да се давам како магаре.. На што личи одиш во ресторан на вечера и јадеш во смрдливиот чад, или 8 саати на работа да мора да се труеш пошто некој нема осет и мава 2 кутии за тој период. Топ си е законот, само треба да се стегне на одредени места кај што важи само на хартија.
 
Место да го скинат тоа со алкохолот после 7/9, тие ова најдоа... Не ми смета цигари по отворени места ама запази ситуација, јадеш во ресторан и некој ти дува во тебе, плус глетка цигари чадат од секаде по маси како во чајџилница некоја. Збориме за Албанците ама исти сме во тој поглед. Значи стварно сме народ што не може да се стрпи ни саат без порок, арно некој рече по форумов, само за Фројд сме.
 
Стварта е што таму каде што се служи храна ќе остане законот. Него кафулињата што се за кафе само имаат опција „да си изберат“ самите дали ќе ја ПЛАТАТ лиценцата за да може да се пуши внатре или ќе си останат како досега. Со еден збор - премногу Грујовистичка ќе биде промената, нешто налик данокот во Кладилница, ќе си го голтнат сите и ќе си ја платат лиценцата (логично за да имаат повеќе промет со тоа) и со тоа повеќе пари во буџетот... Лошо како и да е.
 
И кога бев страствен пушач ужасно ми сметаше кога некој ќе чадеше на маса со јадење. Со една рака ќебапите, со друга цигарите и пепељарата во средина. Бљак, кулнура 0.
 
По глуп закон од тој нити имало нити ке има. Колку побрзо толку подобро, зима иди.
 
Какво укинување, има луѓе кои неможат да поднесат цигари, има луѓе кои имаат проблеми со дишните патишта, јас лично кога сум настинат треба само два дима да земе некој пред мене да почнам да се давам како магаре.. На што личи одиш во ресторан на вечера и јадеш во смрдливиот чад, или 8 саати на работа да мора да се труеш пошто некој нема осет и мава 2 кутии за тој период. Топ си е законот, само треба да се стегне на одредени места кај што важи само на хартија.
Место да го скинат тоа со алкохолот после 7/9, тие ова најдоа... Не ми смета цигари по отворени места ама запази ситуација, јадеш во ресторан и некој ти дува во тебе, плус глетка цигари чадат од секаде по маси како во чајџилница некоја. Збориме за Албанците ама исти сме во тој поглед. Значи стварно сме народ што не може да се стрпи ни саат без порок, арно некој рече по форумов, само за Фројд сме.
А барем да ги прочитавте предлог промените пред да давате мислење?
http://24vesti.com.mk/vladata-podgotvuva-nov-zakon-za-zashtita-od-pushenje

'Пушењето ќе се дозволи секаде, освен во локалите каде се служи храна. Сепак, дали ќе се пуши во кафулињата ќе одлучат самите угостители.'

Ова нема никаква врска со ресторани или работни канцеларии.
 
Ова како и се кај нас ќе направи хаос во толкувањето. Се беше во ред и досега со постоечкиот закон
 
А што ако не е се во ред со постоечкиот закон? Немам ни бројки, ни статистики, ни анекдотални докази, ама читам и слушам дека многу кафулиња се жалат на далеку намален промет заради законов, посебно во зимно време каде што одозгора имаат поголеми трошоци за струја и греење. Се ставаат газди во ситуација каде што или ке го прекршат законов или ќе го затворат бизнисот.
Вакви прохибитивни закони не само што се бескорисни туку и контра-продуктивни. Сите примери низ историја каде се обиделе да се забрани користење на цигари и алкохол биле тотални утки, исто како што и законов е тотална утка. Нути се намалил бројот на пушачи, ниту се намалило загадувањето, ниту се намалиле болните од рак ис рцеви заболувања. А тек темата на здравствените ризици од краткотрајно изложување од пасивно пушење е ептен дискатабилна тема.
 
А барем да ги прочитавте предлог промените пред да давате мислење?
http://24vesti.com.mk/vladata-podgotvuva-nov-zakon-za-zashtita-od-pushenje

'Пушењето ќе се дозволи секаде, освен во локалите каде се служи храна. Сепак, дали ќе се пуши во кафулињата ќе одлучат самите угостители.'

Ова нема никаква врска со ресторани или работни канцеларии.

„Секаде“. Под секаде се подразбира СЕКАДЕ. Испаѓат дека ќе се пушит секаде освен кај шо се служит храна така? То значит и во болниците освен во паузата за ручек на пациентите?
 
Законов опфаќа угостителни објекти, а не болници, работни канцеларии и слично.
 
Цитирам:
„Владата прави комплетно нов закон за пушење. Пушењето ќе се дозволи секаде, освен во локалите каде се служи храна.“

Не гледам дека опфаќа само угостителски објекти.
 
А што ако не е се во ред со постоечкиот закон? Немам ни бројки, ни статистики, ни анекдотални докази, ама читам и слушам дека многу кафулиња се жалат на далеку намален промет заради законов, посебно во зимно време каде што одозгора имаат поголеми трошоци за струја и греење. Се ставаат газди во ситуација каде што или ке го прекршат законов или ќе го затворат бизнисот.
Вакви прохибитивни закони не само што се бескорисни туку и контра-продуктивни. Сите примери низ историја каде се обиделе да се забрани користење на цигари и алкохол биле тотални утки, исто како што и законов е тотална утка. Нути се намалил бројот на пушачи, ниту се намалило загадувањето, ниту се намалиле болните од рак ис рцеви заболувања. А тек темата на здравствените ризици од краткотрајно изложување од пасивно пушење е ептен дискатабилна тема.

Нема прохибиција секој може да пуши само не каде што сака, затоа што правото на некого не значи и скратување на живот на друг.

Инаку и јас сум против било каква прохибиција, затоа што тоа носи само криминал и корпуција. Реално владава поарно да се зафати да ја легализира марихуаната отколку да се занимава со ова.
 
Не треба да се укине,треба уште построго,не треба никаде да се пуши,тоа е штетно треба само на отворени места
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom