Рулет

  • Креатор на темата Креатор на темата Демијан
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа дали имам потреба да давам мислења можеш на ќерка ти, жена ти, син ти, сестра ти да кажеш овде можеш да кажеш дал ти е глупо мислењето и по некоја навреда да убациш и тука ти завршува славата.

Тоа беше совет и тоа многу корисен. Наместо да се палиш како млад мајмун размисли малку за тоа што ти го кажав. Со вакво тресење глупости само ќе се избламираш некаде во друштво. Нема потреба да изнесуваш мислења за работи кои не ги познаваш.

Ме интересира, си влегол(ла) некогаш во казино, или само си кажа (односно имаше мислење :icon_lol:) како ти го замислуваш рулетот?
 
А си влегол(ла) некогаш во казино, или само си кажа (односно имаше мислење :icon_lol:) како ти го замислуваш рулетот?
Не е тоа релевантно за да се формира мислење. Инаку да имам влезено али не ме привлекуваат такви игрици.
 
@Ставрогин зошто мислиш дека рулетот не е наместен? (Зборам за овие Астра,Адмирал,Сенатор, не за тие у Гевгелија). Или си вработен во некое од овие казина, или се мајтапиш :D Имам заприметено чудни движења на топчето, како и од изигран цел сектор (освен една бројка) баш у таа се закопува. Да не зборам ако изиграш нула серија пример ( у 70% од случаевите паѓа одма до нулата-серија и го имаш она познатото "Ех види го бе до бројка... ". Друго, менувањето на страната од кое излага топчето (со самото тоа и насоката на вртење на топчето, како и различната брзина на исфрлање на истото.
Настаните се зависни меѓу себе и тоа е тоа. Не може цело време да се паѓа иста боја или ист сектор, и у просек после 4-5 повторувања , мења. Имало и случаеви кога по 10-12 пати било црно пример, ама тоа е многу ретко :D Не може на ист рулет, од 6 луѓе , никој ја нема ставено таа бројка (а знаеш и сам како сите си цртаат чипови и на цела маса има попунето бројки, освен таа една, и логично таа се паѓа :D )

Исто ако различни бројки ги имаш на разни влогови, најголеми се шансите ако ти падне бројка, таа да ти ја даде кај шо има најмалку пари на истата :)

Ова ако не е местено не знам што е :)
 
@Ставрогин зошто мислиш дека рулетот не е наместен?

Луѓето не сфаќаат дека нема никаква потреба рулетот да биде наместен. Рулетот има огромна маргина од 2.70 (чисто за споредба ако играш блек џек по базичната стратегија има само 0.45 маргина) што практично значи дека на секој одиграни 100 евра казиното заработило 2.70 евра. Во такви услови сопствениците на казината каде имаа рулети немаат апсолутно никаков интерес да местат рулети. Се што им треба е обрт. На 1000 евра уплатени на рулет заработиле 27 евра, на 10 000 евра заработиле 270 евра, на 100 000 евра заработиле 2700 евра. Најпроста математика од која не може да се побегне.

Тоа се жешките бројки е посебна приказна. Секое следно вртење е независен настан и нема никаква врска со претходниот настан. Ако имаше, сите ќе беа добитни. Ако имало 30 извлекувања на кои се добивало само црно, веројатноста во следното вртење да биде црвено е исто како на почетокот, 50 посто (малку помалку заради нулата).

Сериозно, што не ти е овде јасно? :toe:

Ако ти имаш бизнис кој ти носи сигурни 2.70 % на секој денар кој ќе ти помине низ рацете, зошто би местел и би се занимавал со нелегални активности? Зошто би ризикувал да си ја заколеш кокошката која ти несе златни јајца?
 
Луѓе рулетот не е наместен како што мислите вие. Он е наместен математички да има предност куќата ако има една 0 нивната предност е 2.7% ако е со две ну.ли 5.2% тоа што ќе забележите вакви или такви резултат е чиста случајност или randomness.
@KaWa Ако тебе ти се случило да затечеш такви ситуации прочитај погоре постови каде луѓе од 100 денари прават 12 000, значи ако не искочи кај тебе не значи никаде не искача едноставно таа сесија така било. Али ако земеш милион вртења топката подеднакво со мали девиации ќе заврши кај сите полиња.
 
Ок слаб сум со математика :) Ако имаат ќар 2.7% од сите влогови дента пример, каде се другите 97.3 посто? Што прават со тие пари?
 
Ок слаб сум со математика :) Ако имаат ќар 2.7% од сите влогови дента пример, каде се другите 97.3 посто? Што прават со тие пари?

Тие пари ги земаат играчите. Значи тие пари одат на исплата на добивките.
 
Ако ти имаш бизнис кој ти носи сигурни 2.70 % на секој денар кој ќе ти помине низ рацете, зошто би местел и би се занимавал со нелегални активности? Зошто би ризикувал да си ја заколеш кокошката која ти несе златни јајца?

Зошто си алчен и сакаш кокошката да ти носи по три јајца дневно наместо едно :D
 
Тие пари ги земаат играчите. Значи тие пари одат на исплата на добивките.
Кажи во кое казино работиш, ќе испиеме пиво за муабетов :cuc:
Се кладам дека во некои казина забутани нема вкупно влогови над 10.000 евра на дневно ниво. И ти сакаш да ми кажеш дека само 270 евра заработува тоа казино? Не се заебавај ќе ти се смее некој :D Да беше исплатата на добивките 97.3 проценти, немаше толку луѓе да се самоубиваат и да продаваат се што имаат за да сврзат крај со крај од долгови :) Ете еден жими џек пот шо ќе падне од 500.000, тој е откако казиното сигурно ќе направи 2 до 3 пати повеќе :D Еве конкретно за рулет само збориме. Ако се пикнати во него 10.000 евра тој ден, само 270 му е чисти ќар? Смешен.
 
Јас ти објаснив како сето функционира, ти како сакаш. Тие само 270 евра на ден се 8100 евра месечно. Колку мислиш дека се заработува со "мали забутани" казина?

Тоа е математиката од рулетот, на слотовите има поголеми маргини.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom