Русија - смена во надворешната политика?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување
Русија купува ли купува американски обврзници.

http://lokalno.mk/neverojaten-fakt-...lijardi-dolari-a-kina-so-1-2-trilioni-dolari/
Русија во август 2017 година ги зголеми своите инвестиции во американските државни обврзници за 2,3 милијарди долари. Вкупниот износ достигна 105,4 милијарди долари, покажуваат податоците на Министерството за финансии на САД, цитирани од Лента.ру.

Во споредба со август 2016 година, портфолиото на американски обврзници во сопственост на Руската Федерација се зголеми за 18 милијарди долари.

Русија моментално е на 14 место меѓу сопствениците на американските обврзници.

На листата во последните 10 години лидери се Кина и Јапонија, на кои САД им должат соодветно 1,2 и 1,1 трилиони долари. Кина направи голем удар во јуни оваа година, кога за 44,3 милијарди американски долари купи американските државни обврзници.

Ова беше најголемо купување во изминатите шест години, па така Кина ја надмина Јапонија на топ кредитори на САД.

Покрај овие земји на листата на најголемите кредитори на САД се Ирска, Бразил, Кајманските Острови, Швајцарија, Велика Британија, Луксембург, Хонг Конг и Тајван.
 
Слаба е Русија....

Портпаролката на Алијансата без коментар на тврдењата
Шпигел: Таен извештај на НАТО - Не би можеле да се одбраниме од евентуален напад на Русија

НАТО не би бил во состојба да одговори на евентуалниот напад на Русија, се наведува во тајниот извештај на Алијансата во кој германското списание Шпигел имал увид.

mkd-345558.jpg

Во документот насловен како „Извештај за напредокот по прашањето за зајакнување на капацитетот на одвраќање и одбрана на Алијансата“, се наведуваат значајни недостатоци во структурата на НАТО.

Командната структура на НАТО, што „атрофираше“ од падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година, е еден од клучните фактори што ги поткопува одбранбените капацитети на Алијансата, се вели во соопштението.

Дури и проширувањето на НАТО силите за брза реакција, се вели во извештајот, не успеаа да обезбедат брзо дејствување и ако биде потребно - одржливо.

Портпаролката на НАТО Оана Лунеску одби да ги коментира наводите на Шпигел, но рече дека силите на Алијансата сега се поподготвени и поспособни од било кога во текот на последните децении.

https://www.mkd.mk/svet/vesti/shpig...ozhele-da-se-odbranime-od-eventualen-napad-na

...рече некој нов Маккарти и скокна низа прозор!
 
Објасни Путин некои работи сега во Сочи на расправата на Клубот Валдаи. Исто како во Минхен 2007. година, можеби два политичко најзначајни негови говори ( Минхен 2007. година беше пресвртница во Новиот Светски Поредок ) .
 
Слаба е Русија....



...рече некој нов Маккарти и скокна низа прозор!
Еднаш Русија била многу јака ништо не и можеле.
Другпат “запад“ бил многу лош, припремал трета светска војна против Русија.
:pos:
 
Слаба е Русија....



...рече некој нов Маккарти и скокна низа прозор!

Русите се криви за сВе, еве сега и Британците ќе бараат истрага за референдумот за излегување на Велика Британија од ЕУ кој се одржа на 23 јуни 2016, за сВе се криви клетите Руси.

Suspecting Russian Meddling in ‘Brexit’ Vote, Lawmaker Seeks Inquiry

UK lawmaker calls for probe into suspicions of Russian role in Brexit campaign

Повеќе од јасно станува дека западот сака нова студена војна, едноставно не можат самостојно да вршат агресија врз земји кои ништо не им можат, а не можат сите држави да ги напаѓаат под оправдание дека се засолништа на терористички групи како Авганистан или дека располагаат со оружје за масовно уништување како Ирак, едноставно потребна е дежурна бабарога за да послужи како плашило, а се разбира Русија секогаш е одличен кандидат за да биде такво плашило.
 
На САД и нивните НАТО вазали постојано им требаат страшила како изговор за нови инвестиции во оружје. Да се плаши народот, и да не се буни. Пошто лентите во фабриките на Воено Индустрискиот Комплекс не смеат да застанат со работа.

A Маккарти може бурек да јаде и вода да им носи на неговите денешни наследници.

20170704_media.png
 
Со Русија ситуацијата е иста како со џгановите кај нас, кога ги тепа полицијата плачки по бел свет како се угнетени и малтертитани, кога они тепат фалби колку се јаки и никој ништо не им може.
Така и со Русија: кога Русија е пасивна, кој Русија гола вода па една Турција ќе ја победи во војна, кога Русија тепа лелекања путин убиец итн, тој муабет се врти со години низ форумов.
 
Како дојде до ова? Нели САД беа тие што се мешаа во внатрешните работи на туѓи земји?

Јас не дојдов до таквата претпоставка, за тоа ќе го прашаш лабуристот Бен Бредшо од каде му дошла таквата претпоставка.

А кога сме кај мешањето на САД во внатрешните работи на туѓи земји, дури и Доналд Трамп го потврди тоа кога за време на изборната кампања во 2016 година вети дека доколку биде избран за претседател на САД на редовните претседателски избори кои се одржаа на 8 ноември 2016, неговата влада нема да си го пика носот во внатрешните работи на туѓи земји.
 
Јас не дојдов до таквата претпоставка, за тоа ќе го прашаш лабуристот Бен Бредшо од каде му дошла таквата претпоставка.

А кога сме кај мешањето на САД во внатрешните работи на туѓи земји, дури и Доналд Трамп го потврди тоа кога за време на изборната кампања во 2016 година вети дека доколку биде избран за претседател на САД на редовните претседателски избори кои се одржаа на 8 ноември 2016, неговата влада нема да си го пика носот во внатрешните работи на туѓи земји.
Една Бугарија се меша во внатрешни работи на Македонија и Албанија а тек Сад и Русија...на кој му се може прави...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom