Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.320
Поени од реакции
4.107
Е па веднаш да ти кажам дека не била цела Македонија под бугарска окупација. Дел била под италијанско-балистичко-албанска окупација. Е, дедо ми бил во тој дел. Ти пропадна приказната за Бугарија. Сега пробај со друга. А, башка што твојот лидер потврди дека сме едно со Бугарите.
А зошто дето ти времено не удрил катанец на бакалницата и не земал пушка во раце и да излезе во партизани како сите вистински мажи и патриоти? Си терал бизнис и трговија додека други, мажи жени и деца, ја лееле својата крв по планините, гладувале, умирале, биле мачени...? И кога дошла слободата тие што ја лееле својата крв, кои гинеле по планините заедно со нивните деца, требало да имаат пардон према таквите како дедо ти и да ги остават на мира да си тераат трговија и да си ги трошат парите кои ги спечалиле во војната? Оние кои мирно ја прифатиле окупацијата и си го гледале нивниот интерес требало да бидат оставени и после војната тие да бидат газди а тие кои гинеле пак да бидат амали кај нив? Не Ѓорѓи, тоа биле такви времиња а после таквите времиња секогаш има некои кои биле на вистинската страна и излегле како победници и некои кои биле на погрешната страна и излегле посрани. Тие што биле на вистинската страна и со својата крв ја донеле слободата имаат право и да ја организираат и владеат со државата на начин на кој тие сметале дека треба. Другите треба да ќутат и да се срамат од себе, од тоа што биле пи..и и да бидат среќни што поминале само со конфискација оти во такви времиња реално можеле да поминат и многу полошо.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
А зошто дето ти времено не удрил катанец на бакалницата и не земал пушка во раце и да излезе во партизани како сите вистински мажи и патриоти?
Зошто изигравал Рене од Ало Ало само што Ало Ало е снимен 1982 - 1992.
Уствари барем да изигравал Рене, нешто друго изигравал.

Сега он изиграва и така натаму.
Живот...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.747
Поени од реакции
12.207
Е па веднаш да ти кажам дека не била цела Македонија под бугарска окупација. Дел била под италијанско-балистичко-албанска окупација..
интересно. Ондак евреите според тебе сами се тлепортирале и се депортирале од Битола. Мој роднина како партизан бил ранет и затворен од бугарите во Битола. Читај малку за контрачетите и нивните поддржувачи, "богати и видни граѓани" од сегашна Македонија. Извадок од бугарскиот весник Македонија
чиј сопственик беше Стефан Стефанов, а уредник Васил Хаџи Кимов. Речиси на целата прва страница ова фашистичко весниче ја донесе Декларацијата на Бугарскиот централен акционен комитет, во која од збор до збор, меѓу другото, стои и ова:

"Бугари,

Македонија е слободна! Слободна е Македонија за вечни времиња!

Дојде крајот на ропството, под кое Македонија стенкаше само до пред неколку дена. Вековното македонско ропство, грчко, турско и српско, духовно и политичко, а во 20 век и економско и социјално, исчезна за секогаш.

Еден вековен идеал, слободата, за која Македонија водеше вековни борби со беспримерен стоицизам и безбројни саможртви, веќе е стварност.

Напорите на Цар Борис III да го донесе тоа големо дело до среќно реализирање се овенчаа со краен и блескав успех. Водачот на една голема светска револуција, водачот на моќниот германски народ, нареди на своите славни и победоносни војски, и во заедничката борба со својот сојузник - Италија, ја извојуваа слободата на нашата мила Татковина, на нашата голема маченица, на многустрадална Македонија.

Македонија е слободна и веќе е општобугарска национална сопственост...".

Од лево на десно: Антон Козаров , Министерот за внатрешни работи Петар Габровски , Димитар Чкатров, Петар Думев, Димитар Ѓузелов.

Ниту бугарска пропаганда ниту историја ме интересира ниту е овде тема историја и логори. Повели дискутирај за ова со компетентни луѓе на темава
https://forum.kajgana.com/threads/Бугарските-ѕверства-врз-Македонскиот-отпор.20494/
Битно е што денес ќе сторат со криминалците
 
Последно уредено:

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Дете, се заиграло.
Нема дискотека или кафич во кој клошаров не се заканил со инспекции или дека ќе го затвора. Не за влезот во Собрание, за сељачизмов би му дала ќорка. Мора да се отараси или барем да се растерети државава од ваквиве со по 5 сантима.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.805
Поени од реакции
36.834
Ќе има рокада во влада најверојатно веднаш по изборите. Алијанса - out, ДПА - in, што ми делува дека ќе донесе поголема стабилност.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.498
Поени од реакции
37.331
Мое мислење е дека напролет, најдоцна налето ќе има предвремени. Ваквиот однос на силите на терен мора да се преточи во стабилно мнозинство, иако Заев изјави дека не размислува на предвремени, доволно е Беса да откажат поддршка и ќе се смени песната во стилот „мораше да се оди на предвремени, а не дека ние сакавме“, а тие изгорени да одат :)
...браво ! погоди !!!...март- април ќе има предвремени избори ! :) не дека овдешните партии ќе ја сменат песната, туку друга свирка ќе дојде од исток ! :D
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Има, има и те како.

Џабе изигравете жртви.

Сигурно вашите сендвич поколенија исто ќе изиграваат жртви после овој апажлук и предавство на ДРПМНЕ.

Лузерски менталитет.
Лузери не се луѓе кои со своја пот печалеле. Не се пијанчеле, не се курвале, гледале семејство. Би се сложил ли сега државата да ти одземе она што го имате?
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.409
Поени од реакции
7.865
"Narod koji ima ovakvu omladinu, ne treba brinuti za svoju budućnost" - JB Tito

Поради ваквите како тебе мислам дека другарот бил саркастичен.
Види удбаш,

до утре да си стегате лајк меѓусебе нема да ја смени фактичката ситуација, ако зеам сега јас во твој манир како шо ти ги „процени“ Левица на своја рака, во слободен стил, го направам истото за локалните сдсмовски главучи, твоето е ништо,а по тоа шо лично го знам е малку, и веројатно ќе неам зборови да ги опишам, шо ретко се случува.
Може ќе треба да повратам на тастатура, да го сликам тоа и да го ставам тука, и тоа нема да биде доволно, unperson шо вели Орвел, никој од Левица не сум видел да се занимва лично со некој од друга политичка партија како шо некој се занимава со нив.

Сеа лошо е шо се поставија контра квазипатриотската, клептократска власт, па не може таму да ги плуката, да ги етикетирате па одите лично, затоа велам удбашки тертипи.

Друго, батето шо го цитираш го продадоа баш тие околу него, и се удбаши, кои како заколнати комунисти работеле за западни служби, шо се покажа многу брзо, први станаа најголемите капиталисти, од тој шинел се да речиме Ѕинго и Стојменов, удбашите биле добри за малтретирање чесни работници, шо ќе посочеле дека директорот кради и сл пиздарии, или критика за локални партиски опортунисти, сигурно јас не ја распаднав СФРЈ.

Затоа ти велам удбаш, сеа го цитираш Тито, а вчера во пежоративна конотација го употребуваше комунисти.

Прозирен си, ги испогани Левица биле фејк, а немало друга левица кај нас, дај испогани ја и таа другата, шо е исто фејк, м?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.498
Поени од реакции
37.331
Бараа референдум за мигрантите. Бараат референдум за договор со Бугарија. Што фино им текна да го прашаат народот
... цитирам ,, На денешната прес-конференција, Трајче Димков од ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе достави до Собранието предлог за организирање референдум за граѓаните да се изјаснат за Договорот за пријателство и добрососедство кој новата влада предводена од СДСМ го склучи со Бугарија..,,се повеќе се чудам на замената на терминологијата на македонски народ со граѓани? многу сум изненадена да и двете македонски партии (посебно ВМРО) да во својата предизборна кампања не го спомнуваат македонскиот народ туку само граѓани, дали тоа значи дека веќе се направи таен договор меѓу најголемите македонски партии да го „заебе „ народот и веќе решиле да се брише“ македонскиот народ со што Македонија ќе добие ново име Граѓанија во која ќе живеат граѓани? :( о мај гад !
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
... цитирам ,, На денешната прес-конференција, Трајче Димков од ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе достави до Собранието предлог за организирање референдум за граѓаните да се изјаснат за Договорот за пријателство и добрососедство кој новата влада предводена од СДСМ го склучи со Бугарија..,,се повеќе се чудам на замената на терминологијата на македонски народ со граѓани? многу сум изненадена да и двете македонски партии (посебно ВМРО) да во својата предизборна кампања не го спомнуваат македонскиот народ туку само граѓани, дали тоа значи дека веќе се направи таен договор меѓунајголемите македонски партии да го „заебе „ народот и веќе решиле да се брише“ македонскиот народ со што Македонија ќе добие ново име Граѓанија во која живеат граѓани? :( о мај гад !
зато шо на референдум излегуваат сите граѓани на државата а не само еден нејзин народ.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.498
Поени од реакции
37.331
зато шо на референдум излегуваат сите граѓани на државата а не само еден нејзин народ.
...дали така секогаш било? :eek: грешката е што се дозволи да се користат терминологија на србин, албанец, турчин и македонец кои живеат во Македонија, што апсолутно не е точно, во Македонија има македонци и националности, македонец од албанско потекло, македонец од турско потекло, македонец од српско потекло и сите тие имаат државјанство МАКЕДОНСКО, а ваму кога одговара е македонец (претежно кога се иде во странство) , а кога е во Македонија веднаш станува албанец, србин...итн
и тогаш референдумот е на народот и тоа македонски, Македонец од албанско потекло, Македонец од српско потекло, Македонец од турско потекло ! Албанец има во Албанија, Турчин во Турција и Србин во Србија!....итн (y)
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom