и шо праиме сеа ?
На повидок нов режим ?
Излезе некој кандидат да каже како до подобро и независно финансирање на општините без помош од централната власт ? Има некој план како да ги напраи општините понезависни од централната власт ? Апсолутно не. Спроведување на децентрализација, anyone?
И овие и оние си ставија полтрончиња кандидати, баш такви кои директно ќе зависат од премиерот и владата за секој ебан проект кој е ветен.
Чист воздух? Само празни ветувања... небаре од утре сите ќе возат електрични автомобили и ќе живееме во најчиста средина ever witnessed by mankind. немој да ме јебеш бре.
Стоп за урбаната мафија ? Шо, ќе одбијат градоначалнициве гага станови и илјадници евра(може и милиони) од истите тие мафијаши ? Истите тие мафијаши што ќе ја полнат партиската каса за наредни и наредни избори?
Еве, видовме како новите демократизирани носачи на живот во нашава држава водат изборна кампања, наводно фер и демократска? Убиства, закани, инциденти, тепачки, ножеви вадење, уцени, кривични за вмровски градоначалници... и мал милион скандалчиња кои беа маргинализирани од веќе сдсм-изираните медиуми ?
И тука ме правеа ненормален, недораснат, дете што не сум сакал да гласам ?
Демек со кој памет ја не искачам да ги казнам ВМРО за сите злодела напраени?
Па добро бе, до кога ја ќе искачам на избори само да казнувам некого ?
Коа ќе излезам за да стварно со мојот глас допринесам да се подобрат нештата во мојата општина, град, држава?
Секако, постои гнев за убиените соништа и судбини од вмро-вскиот режим, кај многу луѓе. Тоа го разбирам, и сочувствувам со тие луѓе.
Ама овие новиве лицемери "носачи на живот" , само покажуваат и докажуваат дека се поусовршени во занаетот од нивните претходници. Јер нивното лицемерие очигледно нема крај.
Честитам нов, поусовршен и "посуптилен" режим, ви дојде и вам редот да јадете мед додека другите ќе голтаат леб стар 3/4 дена.