Загаденоста нималку не беше иста по затворањето на Југохром.
Нема шанси да биде отворен без филтри, особено сега откако видовме која е разликата во загадувањето без Југохром.
Aко одиш по оваа логика, испаѓа дека и загаденоста после чистењево на депонијата е иста, односно не било до депонијата.
Не знам веќе кој освен македонските SJW верува на приказната дека Тетово било загадувано од Југохром.
Лани Југохром не работеше, кога времето беше облачно и магловито, загаденоста пак беше преку милион. Еве го иде ноември, ќе дојде маглата, ќе видиме како ќе биде загаденоста. Ниту префрлањето на депонијата нема да ги намали многу ПМ честичките, или ќе ги намали само во градот, пошто сеа ѓубрето го фрлаат у диви депонии низ селата, ко кучињата порано.
Ај тоа Јохан што го кажал не ме чуди до толку. Човекот ги палел тоа сељачиштата таму со вакви изјави. Плус дека работат по таков принцип одамна ни е јасно уште од разговорите.
Мене најсмешен ми е начинот на постапување на Дпмне од кога ќе пукне тиквата со ваква работа.
Абе еднаш не најдоа за сходно да го осудат, да речат, да таа изјава не во ред и не оправдуваме поделба на граѓаните врз основа на партија. Знам дека нема да го мислат ама барем еднаш да речеа такво нешо да издигнат над тоа партиското војување.
Затоа од трите подолгото на избориве ќе го повлечат.
Ова од Тарчуловски ти е типичен говор на кандидат у 70% од случаите. Сите на тие лице в лице средби идат со такви ветувања, вие шо ќе гласате ќе добиете први. Не знам само како дозволиле овие индијанец да им упадне и да ги снима, ова беше незамисливо за ДПМНЕ...