да оставиме на страна мислење стил курир и република. Законот што вели.
Еве што вели чл.10 од Законот за минерални суровини
Член 10
Концесија за детални геолошки истражувања
(1) Право за вршење на детални геолошки истражувања се стекнува со добивање на концесија за детални геолошки истражувања.
Службен весник на РМ, бр. 132 од 25.9.2013 година
(2) Концесија за детални геолошки истражувања на минерални суровини доделува Владата (во натамошниот текст: концедент).
(3) Право за добивање на концесија за детални геолошки истражувања има секое правно лице, вклучувајќи ги и странските правни лица со подружница запишана во Централниот регистар на Република Македонија, а кои ги исполнуваат условите пропишани со овој и друг закон.
(4) Концесија за детални геолошки истражувања на минерални суровини не може да
добие за период од пет години кога на правното лице, вклучувајќи ги и странските правни
лица со подружница запишана во Централниот регистар на Република Македонија
претходно му била одземена концесија за детални геолошки истражувања или
експлоатација на минерални суровини, како и правно лице кое е поврзано со тоа правно
лице. Како поврзани се сметаат случаите кога правните лице се во меѓусебни блиски
врски, и си остваруваат меѓусебна контрола на начин и под услови утврдени со Законот за
банки.
(5) Концесија за детални геолошки истражувања се доделува врз основа на јавен повик со електронска аукција под услови и на начин утврден со овој закон и Законот за концесии и јавно приватно партнерство.
(6) Во случај кога барањето за добивање на концесија за детални геолошки истражувања го поднесуваат јавните претпријатија, јавните установи, трговските друштва основани од Република Македонија и друштвата врз кои државата има директно или индиректно влијание преку сопственоста над нив, односно ако поседува поголем дел од капиталот на друштвото, има мнозинство гласови на акционерите/содружниците и доколку именува повеќе од половина од членовите на управниот или надзорниот одбор, односно органите на управување на друштвото, другите правни лица кои вршат јавни овластувања во делот на вршењето на јавните овластувања, концесијата за детални геолошки истражувања им се доделува врз основа на барање, без спроведување на постапка за доделување на концесија по пат на јавен повик.
(7) За минералните суровини од член 4 став (2) алинеа 1 од овој закон, Владата дава претходна согласност по однос на поднесената иницијатива за детални геолошки истражувања.
Еве што вели и чл.25 од истиот закон:
Член 25
Дозвола за детални геолошки истражувања
(1) Заради доистражување на минералните суровини за потребите на проширување на концесијата за експлоатација на определен простор кој се граничи со просторот на кој е доделена концесијата за експлоатација на минерални суровини и е во функција на рационална и одржлива експлоатација на минералните суровини се издава дозвола за детални геолошки истражувања.
(2) Дозволата од став (1) на овој член се издава за период од:
- четири години за енергетски минерални суровини;
- четири години за металични минерални суровини;
- две години за техногени минерални суровини;
- две години за неметалични минерални суровини;
- две години за архитектонско-украсниот камен, и
- две години за минерални, термоминерални, термални води и минерални води и гас
CO2.
(3) Дозволата за вршење на детални геолошки истражувања од ставот (1) на овој член ја издава органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини.
(4) Дозволата од ставот (1) на овој член се издава за ист вид на минерални суровини за кои и е доделена концесијата за експлоатација.
(5) Просторот на кој се издава дозволата од ставот (1) на овој член не може да биде
поголем од една третина од просторот на постојната концесија за експлоатација на
минерални суровини, освен за експлоатацијата на минералните суровини од членот 4 став
(2) алинеи 1 и 2 од овој закон каде што просторот за доистражување не може да биде поголем за површината на просторот на постојната концесија.
18 од 90
Службен весник на РМ, бр. 132 од 25.9.2013 година
(6) Дозволата од став (1) на овој член може да се издава повеќекратно, имајќи го во предвид просторот на кој е доделена постојната концесија за експлоатација, се до исполнување на големината на просторот од членот 38 став (2) од овој закон.
(7) Дозволата од ставот (1) на овој член се издава само на лицата кои имаат веќе доделена концесија за експлоатација, и им е издадена дозвола за експлоатација на минерални суровини.
(8) Доистражување на минералните суровини не се врши на песок и чакал кои не се
наоѓаат на коритата и бреговите на површинските водни тела
акумулации) и собирниот кварц.
Член 26
Постапка за издавање на дозвола за вршење на
детални геолошки истражувања
(водотеци, езера и
(1) Барањето за издавање дозвола за вршење на детални геолошки истражувања се поднесува до органот на државната управа надлежен за работите од областа на минералните суровини.
(2) Кон барањето за добивање на дозвола за вршење на детални геолошки истражувања се приложува:
- студија за оправданоста на барањето за издавање на дозволата за детални геолошки истражувања;
- топографска карта во размер 1:25.000 или 1:50.000 на која се нанесени координатите на граничните точки на локацијата за која се бара вршење на детални геолошки истражувања и
- елаборат од извршените детални геолошки истражувања за состојбата со резервите на минералните суровини заедно со извршена стручна оцена (ревизија) на просторот на кој е доделена постојната концесија за експлоатација.
(3) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на минералните суровини во рок од осум дена сметано од денот на приемот на барањето од ставот (1) на овој член со решение ќе го одбие истото, ако:
- барателот не ја приложи документацијата од ставот (2) на овој член и
- на просторот за кој е поднесено барањето за издавање на дозвола за детални геолошки истражувања е веќе доделена дозвола за детални геолошки истражувања или концесија за детални геолошки истражувања или експлоатација на минерални суровини.
(4) Против решението од ставот (3) на овој член во рок од 15 дена може да се поднесе жалба до Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
(5) Доколку органот на државната управа надлежен за работите од областа на минералните суровини не го одбие барањето за издавање на дозвола за вршење на детални геолошки истражувања, во рок од осум дена е должен да изврши увид на локалитетот за која е поднесено барањето за издавање на дозвола за вршење на детални геолошки истражувања, за што се составува записник.
(6) На увидот присуствува и овластен претставник на подносителот на барањето за издавање на дозвола за вршење на детални геолошки истражувања проширување на концесијата, кој и го потпишува записникот од став (5) на овој член.
(7) По извршениот увид, во рок од 15 дена органот на државната управа надлежен за
работите од областа на минералните суровини по службена должност бара мислење од
органите на државната управа надлежни за вршење на работите од областа на животната
средина и просторното планирање, заштитата на културното наследство, транспортот и
19 од 90
Службен весник на РМ, бр. 132 од 25.9.2013 година
врските, шумарството и водостопанството, земјоделството, како и од другите органи на државната управа надлежни за работите од соодветната област.
(8) Покрај органите на државната управа од став (7) на овој член, органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини во рок од 15 дена по службена должност бара мислење од единицата односно единиците на локалната самоуправа на чија територија е поднесено барањето за издавање на дозвола за вршење на детални геолошки истражувања.
(9) Органите од ставовите (7) и (8) на овој член се должни своето мислење да го дадат
во рок од 15 дена, сметано од денот на приемот на барањето, во спротивно ќе се смета
дека е дадено позитивно мислење по предметното барање за проширување на концесијата.
(10) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на
работите од областа на минералните суровини во рок од 15 дена, сметано по истекот на
рокот во кој органите од ставовите (7) и (8) на овој член биле должни да дадат соодветно
мислење, е должен да ја издаде дозволата за вршење на детални геолошки истражувања.
(11) Доколку органите на државната управа дадат негативно мислење по однос на барањето за издавање на дозвола за вршење на детални геолошки истражувања, министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на минералните суровини во рок од 15 дена донесува решение за одбивање на барањето за издавање на дозвола за вршење на детални геолошки истражувања.
(12) Против решението од став (11) на овој член во рок од 15 дена може да се поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
Еве ти ко и чл.36 од Законот кј се однесува на тоа кој издава концесија за рудник:
КОНЦЕСИЈА ЗА ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА
МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ
Член 36
Концесија за експлоатација на минерални
суровини
(1) Право за вршење на експлоатација на минерални суровини се стекнува со добивање на концесија за експлоатација на минерални суровини.
(2) Концесија за експлоатација на минерални суровини доделува Владата на Република Македонија (во натамошниот текст: концедент).
(3) Право за добивање на концесија за експлоатација има секое правно лице,
вклучувајќи ги и странските правни лица со подружница запишана во Централниот
регистар на Република Македонија, а кои ги исполнуваат условите пропишани со овој или
со друг закон.
(4) Концесија за експлоатација на минерални суровини не може да добие ниту пак може да му биде пренесена во период од пет години во случај кога на правното лице, вклучувајќи ги и странските правни лица со подружница запишана во Централниот регистар на Република Македонија на кое претходно му била одземена концесија за вршење на детални геолошки истражувања или експлоатација на минерални суровини, како и правно лице кое е поврзано со тоа правно лице. Како поврзано се сметаат случаите кога правните лица се во меѓусебни блиски врски, и си остваруваат меѓусебна контрола на начин и по услови утврдени со Законот за банки.
Постапката за издавање дозвола за експлоатација на минерални суровини е иста како и за издавање дозвола за геолошки истражувања....
Значи се е во рацете на владата односно министерствата. Општините немаат ама баш никакви ингеренции околу рудниците.
Погледни го целиот закон за минерални суровини, пречистен текст од 2013 година. Џабе градоначалниците се перчат ке стореле ова или она, само владата односно министерството има право да одлучува околу рудниците.