Па целата поента на политичката борба од последните 3 години, беше за Вмро после Вмро.

Несфатливо ми е како луѓе упорно одбиваат да го прифатат тоа. Борбата беше за тоа кој ќе ги добива бенефитите од системот, не беше борбата за да се промени системот. Чудно би било да не уживаат во бенефитите на системот, сега кога се во позиција да го прават тоа. Ако газолижачите не си ги добијат своите места, тоа значи дека партијата и партискиот лидер си работат против своите интереси. Зошто би го правеле тоа? Зошто кажаа неколку слогани.
Комедија беше целава работа, Сдсм ќе се бори против системска корупција, а ВМРО ќе се бори за државните интереси.
Се што добивме од новото “подобро“ Вмро после Вмро и од старото Вмро, е што пак по којзнае кој пат ни го киднапираа револтот од 10 години преродбеништво од паторот. Они си продолжија да си фураат по старо, ние со прстот во уста.