Е Заев Заев, кога ја рушеа власта му се приклучија овие од беса и села во протестите ... А за овие од ДУИ велеше дека се соучесници со ДПМНЕ, сега замисли во прв круг се подржуваат меѓусебно.
Знае ли Заев дека Албанците повеќе од Македонците избраа промени ... 65% од албанците гласаа против ДУИ, како смее Заев да им го продолжи животот ?
Лицемерие, ајде го разбиравме кога беше принуден да состави влада со ДУИ , пошто без нив не можеше, ама зошто сега на локални зазема страна ? И тоа на страна на довчерашните соучесници на дпмне.
И најстрашното што ме разочара е тоа што еден член на едно семејство полно со криминалци ми се пофали дека имаат одлични односи со челници од СДСМ.
Судбина ни била изгледа, ако досега имавме само една политичка дружина криминалци, сега почнаа да се охрабрат и уличните криминалци кои се зближија со сегашната власт.
Ајде се надевам дека ова е само привремено додека се спуштат малце.
На криминалците местото им е по затвори, тие што одлежале а сакаат да се зближат со СДСМ, треба да се опоменат дека нема да бидат поштедени ако згрешат.