Мое мнение:
Тие во Бугарија многу добро знаат кои сме и што сме ние. Во овие моменти кога закон се менува, па некои се одбиваат, некои добиваат, веќе луѓево почнаа на се‘ да мислат, уште што не би направиле и секакви документи би извадиле сакајќи да си ја остварат целта. А многу добро се знае како стои работата. За да се спречи незаконското издавање на произходи, мораа да ја затегнат работата, значи сега важи законот од 1999 и јасно пишува во соопштението од 02.10.2017, дека до 02.02.2018 треба да се достави потврден документ за докажување потекло. Понатаму, не знам како ќе биде. Претчувствувам дека ќе тргне на арно
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Парадоксално би било Бугарите да не даваат гражданства на Македонци и мислам дека овие шо се вратени а кои не би доставиле дополнителни документи, ќе ги фати новиот закон па и тие ќе поминат. Нивната државна политика се стреми токму кон „освојување“ на Македонија. Ако тие се откажат од издавање на гражданства на Македонци, тоа ќе значи се откажуваат од нас, а тоа е сосем спротивно на тоа што тие го сакаат. Претпоставувам дека ова е само привремен застој, какви што имало и порано, па сепак наоѓаа начини легално да издаваат гражданства и да бидат чисти пред Европа. Бугарското ВМРО во никој случај нема да дозволи да се одбиваат Македонци. Останува да видиме што ќе се случува во блиска иднина
Освен тоа, можеби одредена улога во одбивањето игра и тоа како апликантот поминал на интервју. Кога бев на интервју, службеничката ме пофали дека сум бил единствен од сабајле којшто знаел каде и за што дошол
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Значи, се‘ се забележува и целокупно се гледа апликантот, начин на кој се претставил и сл... Ај да претпоставиме дека на крај, сепак и за среќа се работи
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Што да речеме друго не знам. Сепак сега за сега најверодостојно е да се приложат оригинални документи како што бараат . Со среќа на сите!!