Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Каде има добар дерматолог во Скопје за дерматоскопија и испитување и преглед на бемки ? сакам да идам пошо ми се појавија доста периодов на телото ...
Д-р Агрон Старова, Дермапраксис, во Мавровка.

Инаку ако не ти пречат и ако не растат не знам што има да ги чепкаш.
 
Каде има добар дерматолог во Скопје за дерматоскопија и испитување и преглед на бемки ? сакам да идам пошо ми се појавија доста периодов на телото ...
,,,,nema potreba da gi zakachash bemkite,,,vo princip si se mirni ama ako pochnesh da gi chachkash i gi otstranuvash znaat da bidat duri i zakana po zhivotot,,,
,,,malanomi se toa,,,taka da ostavi gi na mir,,,
,,,najdobronameren sovet,,,pozzz,,,
,,,se povikuva tuka neposakuvanata,,,amaaaa,,,najznajnata i najubavata @bijons da dade poopstojna analiza,,
 
Последно уредено:
Дали белиот оцет го има истото/слично дејство како црвениот во однос на намалување на телесна температура?
 
ДА !!! го има...

ОЦЕТ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОКАЧЕНА ТЕЛЕСНА ТЕМПЕРАТУРА

64bb181fd0334e67e378962a979119f9.jpg

...дури и јаболков оцет го има истиот ефект, оти го применуваме надворешно натопувајќи ги чорапите !

Vinegar-300x400.jpg
18b90394b6d20c3a735d4da03e573811.jpg

...кога имаме покачена телесна температура, тоа значи дека нашиот одбранбен систем (имунолошки) е силен и поради некоја инфекција се активирал за да ја уништи таа бактеријата која на некој начин веќе влегла во нас и не нападна, тогаш нашето тело го активира неговото оружје т.е. „покачена телесна температура“ да ја докрајчи бактеријата која не може да „живее“ во такви услови!!!... и затоа не треба веднаш да регираме на покачена телесна температура, треба да се лежи и да се остави ТАА ПОКАЧЕНА ТЕЛЕСНА ТЕМПЕРАТУРА, да си ја врши својата работа на уништување на бактеријата т.е. инфекцијата, но доколку таа покачена телесна температура е многу висока стварајќи незгодна моментална состојба на телото што иде во друг правец, тогаш прво нешто што ќе ни паѓа на памет е масирање на целото тело ( задолжително облози на челото, за да се „олади главата“) со алкохол или со оцет и намокрување на чорапите и облекување на истите се додека не се оладат нозете,

c73f767605ce0491233e46d243e2b6ed--health-remedies-herbal-remedies.jpg

често пати се прави грешка ( кај децата) да се втрива чист оцет што е погреешно, треба на пола кило ладна вода да се става 2,3 лажици оцет да се измеша и со тој раствор да се масира, а не директно со оцет (или алкохол) со што се повредува нежната кожа на детето! инаку оцетот ( и алкохолот ) го стимулира протокот на крв на местото каде се втрива и има ефект на намалување на треската...
 
Последно уредено:
Чисто информативно прашање, дали туберкулозата е пренослива болест ? Пример ако со болниот си во иста соба или пиете од иста чаша и слично ?
 
Ако кашла, кива, плука, може да ја пренесе преку воздухот. Затоа носат марамчиња.
 
Здраво, имам голем проблем кој ми се повторува секој месец кога добивам, во иста форма. Чувствувам многу големи болки во стомакот и ме тера да одам во тоалет на секој половина час (буквално). Стомакот ми шушти и кркори внатре како да врие нешто и дур сум во вц се задржувам уште 20 минути, во големи болки. Не е баш дијареа, но не е и нормален изметот. После 2-3 пати одење нема што да се исфрли и само ми се мачи стомакот во болка. Ова трае околу 5 часа и константно ми се случува првиот ден кога добивам. Пиам апчиња kafetin menstrual ама не помагаат. Некој да ми каже во што е проблемот и како да се справам со ова?
 
IBS најверојатно. Нане, кумин, анасон и ѓумбир, 3x на ден чај се прави, 1 грам од сите ги поливаш со вода на ~ 80c и оставаш покриено да стои некои 20 мин пред да го испиеш.
 
Здраво, имам голем проблем кој ми се повторува секој месец кога добивам, во иста форма. Чувствувам многу големи болки во стомакот и ме тера да одам во тоалет на секој половина час (буквално). Стомакот ми шушти и кркори внатре како да врие нешто и дур сум во вц се задржувам уште 20 минути, во големи болки. Не е баш дијареа, но не е и нормален изметот. После 2-3 пати одење нема што да се исфрли и само ми се мачи стомакот во болка. Ова трае околу 5 часа и константно ми се случува првиот ден кога добивам. Пиам апчиња kafetin menstrual ама не помагаат. Некој да ми каже во што е проблемот и како да се справам со ова?
Исфрли јаглехидрати од исхрана.
 
Пишував пред некој месец.
Денес направив тест на крвна слика и урина. Имам зголемен ALT ензим и гликемија 6,5. Останатите наоди се уредни. Во урината имам ретки леукоцити и слуз. Пред три месеци наодите беа нормални (гликемија - 5,5). На што може да се должи зголемен ALT(алкохол не пијам и немам вирусна инфекција на Црниот дроб, а сум умерено физички активен)?

Второ прашање. Имам проблеми со тахикардија и тремор. Пиев пропранолол (неселективен бета-блокатор) 3 месеци и по сугестија на лекар-специјалист го прекинав нагло. Направив ЕКГ-холтер и наодот излезе уреден (единствено просечниот пулс ми е малку зголемен, но тоа може да се должи на наглото прекинување на лекот). Препишан ми е друг бета-блокатор (кардио-селективен). Сега без пропранолол се чувствувам многу подобро, немам главоболки и вртоглавици, брадикардија, тешко дишење и кошмари. Бидејќи не ми се поминува пак преку тие несакани ефекти и ми е страв дека ке се повратат од новиот лек, дали би ми било паметно да барам второ мислење?
 
Имам прблеми со притисокот.Малиот ми е висок и ми се качува понекогаш до 110.
Некогаш кога го мерам ми е 120 со 100 па ми варира по цел ден.Некогаш ми е нормален 120 со 80 ама во глобала ми е едно 70% од денот нестабилен.Чаре природно или доктор сериозен.???
 
Пишував пред некој месец.
Денес направив тест на крвна слика и урина. Имам зголемен ALT ензим и гликемија 6,5. Останатите наоди се уредни. Во урината имам ретки леукоцити и слуз. Пред три месеци наодите беа нормални (гликемија - 5,5). На што може да се должи зголемен ALT(алкохол не пијам и немам вирусна инфекција на Црниот дроб, а сум умерено физички активен)?

Второ прашање. Имам проблеми со тахикардија и тремор. Пиев пропранолол (неселективен бета-блокатор) 3 месеци и по сугестија на лекар-специјалист го прекинав нагло. Направив ЕКГ-холтер и наодот излезе уреден (единствено просечниот пулс ми е малку зголемен, но тоа може да се должи на наглото прекинување на лекот). Препишан ми е друг бета-блокатор (кардио-селективен). Сега без пропранолол се чувствувам многу подобро, немам главоболки и вртоглавици, брадикардија, тешко дишење и кошмари. Бидејќи не ми се поминува пак преку тие несакани ефекти и ми е страв дека ке се повратат од новиот лек, дали би ми било паметно да барам второ мислење?

ALT може да се зголеми и поради лекови, али само некои што се штетни за црниот дроб. И зависи колку е зголемен, ако е неколку пати зголемен е лошо, ако е за неколку единици не е страшно, црниот дроб цело време сам се обновува. Шеќер од 6,5 е ок вредност... Можда вечерта претходно си јадел, а треба некои 8 саати да бидеш гладен за да тестираш ензими и шеќер.

Било кој бета блокатор треба полека да се воведува и полека да се исфрла од терапија. Покачен пулс може да се појави ради моментална вознемиреност, низок притисок исто предизвикува покачен пулс итн. Секој апарат за притисок го мери и пулсот, али тоа и не е баш некоја мерка за тоа како работи срцето, повеќе потпирај се на ЕКГ прегледите од интернистот. Не ги читај несаканите дејства од упатството. Ако се сомневаш дали треба да го земаш лекот, оди на второ мислење.
 
Пишував пред некој месец.
Денес направив тест на крвна слика и урина. Имам зголемен ALT ензим и гликемија 6,5. Останатите наоди се уредни. Во урината имам ретки леукоцити и слуз. Пред три месеци наодите беа нормални (гликемија - 5,5). На што може да се должи зголемен ALT(алкохол не пијам и немам вирусна инфекција на Црниот дроб, а сум умерено физички активен)?

Второ прашање. Имам проблеми со тахикардија и тремор. Пиев пропранолол (неселективен бета-блокатор) 3 месеци и по сугестија на лекар-специјалист го прекинав нагло. Направив ЕКГ-холтер и наодот излезе уреден (единствено просечниот пулс ми е малку зголемен, но тоа може да се должи на наглото прекинување на лекот). Препишан ми е друг бета-блокатор (кардио-селективен). Сега без пропранолол се чувствувам многу подобро, немам главоболки и вртоглавици, брадикардија, тешко дишење и кошмари. Бидејќи не ми се поминува пак преку тие несакани ефекти и ми е страв дека ке се повратат од новиот лек, дали би ми било паметно да барам второ мислење?

Како се раниш, како ти е диетата, дали спортуваш, колку си тежок итн?

Иначе резултатите укажуваат на предиабет - метаболички синдром. Исфрли леб, се што е благо (од овошје само цитруси и бобинки, кисели јаболки) животинска храна сведи на минимум, или исфрли скроз. Риба може, (сардина) зеленчук еден тон, јатки и семиња еден тон, витамин ц 3x1 грам на ден, турмерик, црно семе, рузмарин (ако немаш висок притисок)

За аритмиите, магнезиум, таурин и аргинин - целосна елиминација на проблемот, сем ако истиот не е предизвикан од герд, мада и тогаш треба да немаш проблем.

П.С. Сите овие работи, НЕ СЕ мешаат со медикаменти, поготово не зачините! чекаш 2h пред или после медикаментите за да ги земеш.

П.П.С. Зголемен пулс може исто така да биде показател на метаболички синдром, сем ако не си анксиозен, имаш герд, или пак си анемичен.
 
Имам прашање/совет од некој што може го имал истиот проблем. Март месец почна да ми се јавуваат проблеми со стомак, желудник, гасови, ми се отсекуваа нозете, пфепотување, ми се јавуваше арктмија, прескоци, ждригање некогаш киселини. Со упат во Гостивар кај Бенелу специјалист за што и да е тоа снимав желудник со камера преку уста ми најде хеликпбактер со 4 плуса и каскаден желудник. месец и пол и повеќе пиев Нолпаза, Лебел, Оспазмокс, Магултра, Мтилекс во две фази. Имаше подобрување ама пошто не смеело да се пијат подолго ги прекинаа. Нецел месец после тоа пак ми се повторија симптомите, а сега и на моменти чуствувам и печење или некоја непринатност во горен дел на гради и жештина во стомак и се препотувам, а чувствувам и замор последниве 2 недели од мн мала активност, а физички активен сум редовно на точак и пешачење. Се ова во стоење или седнат, кога лежам се смирува. Исто постојано гасови во стомакот и непријатност. Носев холтер пред некој ден, докторов ми вика се е во рамки на нормала, појди на специјалист ќе ти каже повеќе.
Некој да ме упати кај е најдобро да се оди и дали гасови и проблеми со желудник и стомак може да го предизвикуваат.

@bijons Извини што не тагнувам ама видов претходно дека имаш познавање од слични проблеми, ако можеш да ме упатиш
Фала ти
fe7805816b9a496964ae94f5b2113e33.jpg

487c546a2c22329fc6c9aaca5042213d.jpg

b256f9370390dc45abff8e3f01c1d7a6.jpg
 
Последно уредено од модератор:
Да дополнам на моменти ми се здрвува дел или цела фаца, стевање во заден дел на глава и врат, печење,/внатрешна жештина низ раце, врат и гради. И се ова 10-20 секунди, ако променам положба се губи.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom