Имам едно прашање до тие со крштеници. Дали на крштениците пишува националност б'лгарин? Да не би дека не пишува и не се прифаќа како доказ па затоа бараат дополнителен документ. Нели овде имаше еден случај, дедо му служел во бугарска армија а националност југословен па го одбиле. Сепак бугарска администација била овде па и на срби, цигани, власи секакви давале крштеници. Да не треба потврда од кај Лазар да однесете па да е се комплет? Не знам
На овие документи не пишува националност, едниот е од 1944та а другиот од 1930та, издадени се во бугарија, на тие од македонија не знам дали пишува, кажете вие
Прегледај го приврзокот 178303 Прегледај го приврзокот 178304
Крштеницата што ја имам (Ја немам веќе бидејки ми ја земаа на интервју) е со ист формат како таа што ја постираше ти, нормално, само личните податоци се различни, и мојата е многу по оштетена, лепена и прелепувана со салотејп, но сепак е речиси целосно читлива. И да како што реков, на интервју ми земаа и копија и оригиналот, а на самата крштеница не пишува националност, и мислам дека нема крштеница на којашто пишува, барем не издадена од тоа време, во 20, 30, 40-ти години.
Е сега, пред да бараат дополнителни документи од некој како мене (што веќе предал оригинал), прво нека се запрашаат, како може овој да не биде бугарин кога неговото семејство чувало документ скоро еден век и тоа во период кадешто само поради поседување на таков документ би можел да бидеш гонет од тогашните власти? (читај Југославија).
Настрана од сето тоа, на интервју бев во Јули тука во Скопје, а ми рекоа да се јавам за бројчето во Јануари. Не е тоа некако многу? Леле бе луѓе што ќе биде тешко нас, и ние маки тераме.