Отворен кров

  • Креатор на темата Креатор на темата k1k0sK
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 декември 2013
Мислења
212
Поени од реакции
110
Дали е возможно да се направи нешто вакво наместо кров без појавување на влага после врнежи ?
58415a9e34f6093632ab50c5_the_driver_venue_hire_kings_cross_events_roor_terrace_1.jpg
 
Возможно е.
Исто како што е возможно и вакво нешто :

Bernard-Khoury-penthouse.jpg
 
А кога врне??Ме интересира како ги прават за да не пропушти низ плочата ...
 
ова и сигурно не е за кај нас, тоа е за некаде кај што врне само 10 дена во годината и температурите не варираат премногу во текот на годината
 
ова и сигурно не е за кај нас, тоа е за некаде кај што врне само 10 дена во годината и температурите не варираат премногу во текот на годината

И кај нас прават вакви кровови. Прошетај се на Панорама (Водно) и разгледај ги новите куќи што се таму направени.
 
И кај нас прават вакви кровови. Прошетај се на Панорама (Водно) и разгледај ги новите куќи што се таму направени.
не е проблем да се направи, само зимно време на таа влага и тој мраз незнам колку ќе издржи дрвото. сигурно зимно време се покрива сетоа тоа.
 
Може да, голем број на индивидуални и колективни објекти во Скопје функционираат со кровни градини ... да не барам сега набрзина еве ти нешто прочитај :
http://balconygardenweb.com/roof-garden-construction-step-by-step-details/
карши соборна има ваква зграда, мислам банка нешто како да има таму, нова е зградата, кровот се гледа дека е отворен нешто како тераса и има зелена површина, нели во Европа и во светов сега ги тераат т.н. зелени кровови да имаат :) интересно изгледа :)
 
Муабетот е le corbusier од пред 50 години со визија за тоа како треба да изгледа секој објект во една модерна урбана заедница. Зеленило + дом за живеење = позитива + начин да се добијат повеќе зелени површини + почист воздух ... етц.
Само еден сегмен од неговото творештво но секако влијателно за сите идни генерации архитекти како насока за правилен начин на размислување ( во кој не спаѓа она денес што го гледаме во скопје )
http://ocs.editorial.upv.es/index.php/LC2015/LC2015/paper/viewFile/960/488
 
Од ова подобро здравје. После долг работен ден, да излезеш на ваков балкон, е нешто предобро. Мислам дека лесно би средил таков проблем со дождот. Доволно е да имаш добра изолација, и дрвото да го одржаваш почесто. За да немаш проблеми со вода да се задржува, би требало да имаш барем мал пад кој ќе ја тера водата кон одредена точка, и да не биде затворено буквално од сите страни.
 
Имам слушнато за една боја што се користи за базенти наместо плочки што доаѓа многу поефтино водоотпорна е.
Сега размислувам дали би било тоа добра идеја на плочата да се премачка со таква боја па под и добар тек за водата кога врне
 
Дали е возможно да се направи нешто вакво наместо кров без појавување на влага после врнежи ?
58415a9e34f6093632ab50c5_the_driver_venue_hire_kings_cross_events_roor_terrace_1.jpg
Секако дека може. Најпрво на бетонската плоча се поставува изолација на основа на битумен, како и премази за водонепропусност, хидромал, но некаде се користат дури и материјали со основа од полистирен.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom