Интересни тези за легитимноста на референдумот даваат разни професионални трол групи во форумов.
Требало да се гласа на цела територија на Шпанија и тогаш ќе било легитимно?
Од тоа произлегува дека мал поробен народ никогаш неможе да добие слобода, да речеме султанот организира референдум за независност на Македонија или Србија на целата територија на османската империја, во тој случај произлегува дека по тој начин никогаш неможеш да се ослободиш, тоа е вечно ропство.
Ослободување и создавање држава на еден народ никогаш не било лесно и нема законски ред за добивање на слобода, окупаторот по секаков начин гледа тоа да не се случи.
Во Каталонија станува интересно, гледаме дека окупаторот со сите средства не дава слобода за каталонците, можно е и војно сценарио за крваво задушување на бунтот. Нема што да се чудите, ЕУ е фашистички режим и се е можно.
Убавото е што Каталонија има делумна независност и свој републички структури особено полиција, нешто слично со распадот на Југославија, ако каталонската власт дејствува брзо и умно за десетина дена може да создадат независна држава, секое бавење е во корист на репресивниот шпански режим.