Независност на Каталонија

  • Креатор на темата Креатор на темата gjoko-mkd
  • Време на започнување Време на започнување
Ние на Каталонците можеме само вода само да им носиме, гледано во економски аспект !
Никој од Мадрид не им забранува право на употреба на својот регионален јазик Каталонски секако заедно со стандардниот Шпански јазик, никој од Мадрид не им ја укинува автономијата, наместо да си живеат мирно и во благодет тие сакаат (молат) да бидат масакрирани !
Па што тогаш запна Шпанија да ги држи во заедница кога практично ете биле независни. Нека си пуштат рака и нека си живеат мирно како две посебни независни и високоразвиени демократски држави, а не вака детски муабети, ќе ги блокираме. ќе ги ова , ќе ги она.
 
Нема сега. Ама со големи чекори одиме кон тоа или тебе не ти личи така работата? Два државотворни народи, промена на уставот во кој Македонија не е држава само на Македонскиот народ или како точно беше ми е мака сега да барам, па двојазичноста според уставот итн итн. Кога ке земиш ние сме унитарни само на хартија , прашање на време кога и реално би станале федерација или поделени на автономни области. Тогаш ќе можиме да се споредиме со Шпанија пошто како што тргна кај да е тука е работата.
Не ми личи, сосема е различна ситуацијата со Шпанија, па и историски. Инаку, и Шпанија е унитарна држава, само со автономни области. Патем, во нашиот устав во преамбулата се признаваат и други народи освен македонскиот (т.е. се признаваат малцинства).
 
Што и да прават Каталонците и Каталонија ќе завршат како и Баскијците и Баскија ... ќе си останат во границите на Шпанија !

Spain-Regions.jpg
 
Европската унија е ставена во тесно. Помеѓу чекан и наковална. А Путинчо и другите диктаторчиња тријат раце. То е то.
Од една страна ЕУ не смее на излезе не демократска и против народот, значи против Каталонскиот народ не смее да биде.

Од друга страна не смее да дозволи држави во неа да се распаѓаат. Нели треба да важи за гаранција и стабилност. Ако застане на страната на сепаратистите, самите држави би ја напуштиле. Би поттикнало и други.

Решение би било и волкот сит и овците на број - поголема автономија во Европски рамки..
 
Не ми личи, сосема е различна ситуацијата со Шпанија, па и историски. Инаку, и Шпанија е унитарна држава, само со автономни области. Патем, во нашиот устав во преамбулата се признаваат и други народи освен македонскиот (т.е. се признаваат малцинства).
Да де само малце ја променија преамбулата. Ја нашминкаја што би рекле. Незнам и јас што им требаше тоа кога немаше потреба од такво нешто.
Инаку што убаво вака си запишуваш во уставот дека нема делење и завршена работа. Како бе никој не се сети на тоа во далечната 1945 година па наместо пеестина држави сега да има 200. Кај сте бе да им кажите вакви работи на другите . Нека менуваат устав посовреме оти маф им е планот.
Туку што пиши во нашиот устав, смеат да се делат или забрането им е. Оти ако е забрането да им кажиме да не си гаат лажни надежи оти ке го прекршат уставот , а ако го прекршат се знае што следува. Ептен ќе им се наљутиме дека не го почитувале уставот ;)
 
Не ми е јасно па со кој ум ќе прогласуваат независност. По сите статистики излезноста не е ни блиску до 50%. Живи смешки.
 
Не ми е јасно па со кој ум ќе прогласуваат независност. По сите статистики излезноста не е ни блиску до 50%. Живи смешки.
Слабо ти оди тебе со статистиките после Брегзит ама ете мораме да ти признаеме упорен си.
Додуша да им излезеше и цела војска можи излезеноста би била и помала. Кој да ги знае.
 
Не ми е јасно па со кој ум ќе прогласуваат независност. По сите статистики излезноста не е ни блиску до 50%. Живи смешки.
По социјалистички :P.Гледам независност слават , пеат нешто антикапиталисти.
Во меѓувреме во Мадрид и останатите шпански градови се мобилизираат Фалангистите.
 
Слабо ти оди тебе со статистиките после Брегзит ама ете мораме да ти признаеме упорен си.
Додуша да им излезеше и цела војска можи излезеноста би била и помала. Кој да ги знае.

Каква врска има брегзитот кога таму разликата помеѓу едната и другата страна пред гласање беше само 3% што е маргина на грешка.

Додуша оти и нивни си ги бројат гласовите може ќе биде излезноста 112,3%.
 
Па има пошто пред тоа како беше сигурен дека нема да успее, море статистики курци палци и оп цврц на крајот.
 
Ау не грешка сум бил.

This referendum was first called for in June 2017 and was approved by the Catalan parliament in a session on 6 September 2017 along with a law which states that independence would be binding with a simple majority, without requiring a minimum turnout.

Референдум кај што независност може да се прогласи со просто мнозинство без бројка за минимум излезност.
Потенцијално и со 30% излезност ќе прогласат независност. :pos:
 
Европската унија е ставена во тесно. Помеѓу чекан и наковална. А Путинчо и другите диктаторчиња тријат раце. То е то.
..

Аха многу му е лесно на Путинчо да, трие раце викаш !
Руската Федерација во таа џиновска територија од 17 милиони км2 има околу 150 различни етнички групи ... Руската Федерација е составена од неколку десетици покраини/области и во голем дел од тие покраини/области/краеви Русите се малцинство !
Во Русија повеќе од 20% од населението се Муслимани кои имаат демографски прираст неколку-кратно поголем од етничките и православни Руси !
Русија до 2050 година ќе биде доминантно Муслиманска држава во која православните Руси ќе бидат помалку од 50% од вкупното население па сега види колку тоа Путин се смее на други и трие раце од среќа !
 
Ау не грешка сум бил.

This referendum was first called for in June 2017 and was approved by the Catalan parliament in a session on 6 September 2017 along with a law which states that independence would be binding with a simple majority, without requiring a minimum turnout.

Референдум кај што независност може да се прогласи со просто мнозинство без бројка за минимум излезност.
Потенцијално и со 30% излезност ќе прогласат независност. :pos:
И така да е тие што се против ке си излезат и ке си гласаат против и пак џабе ке им беше. Не дека нешто унионистите се зафатени во недела па како неможиме да излезиме на референдумот. Како за едните така и за другите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom