Сега се враќам од кај берберот, дури се стрижев влезе кандидатот за градоначалник на Битола. Фина онака, насмеана, делеше материјали и демак прашува дали имаме некакви предлози. Јас допола истрижен, и предложив да го укинат данокот на добивка во кладилниците.
Знам дека законот нема врска со локални избори, ама морав да се пожалам.
Се најде некако во небрано, не ни знаеше закаков данок зборувам. После кажа неколку фрази и си замина. Ќе мора да се бараат врски на повисоко ниво да се укине законот. А глупи се, со укинивање на тој закон би добиле голем број на гласови.